Број 3332  среда, 14 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Џими Џамп казнет со 210 евра

Многу светски спортски случувања во последно време не можат да минат без Џими Џамп, 36 годишниот Каталонец, најпознатиот егзибиционист на планетата. Неговото вистинско име е Жауме Маркет Кот. Во неделата втрча во терен на „Сокер сити“ стадионот во Јоханесбург, непосредно пред излегувањето на тревник на фудбалерите на Шпанија и Холандија во големото финале на Светското првенство. Трчаше низ теренот кон пехарот наменет за светскиот првак. Имаше јасно видлива намера, на „главата на трофејот“ сакаше да стави каталонска беретка, но во последен момент беше спречен од лицата за обезбедување кои со скок врз него го соборија на тревата.

Џими Џамп заврши во притвор, но неговата мисија донекаде е исполнета. Успеа да влезе на терен во финале на СП иако не успеа да ја стави каталонската беретка каде што сакаше. За чинот ќе мора да плати казна од 210 евра, како што кажа еден од неговите блиски пријатели.


#
Статијата е прочитана 394 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Шпанија ги дочека прваците на светот
Македонскиот тенис плаче за ремонт
Кројф
Тивкиот „убиец“ на голмани
Квотите за СП 2014 -наредната година
Африканска шлаканица за предрасудите
Убедлив триумф над Црна Гора и Вујошевиќ
Алонсо
Металург домаќин на група на патот до ЛШ