Број 3332  среда, 14 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Квотите за СП 2014 -наредната година

Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА), дури наредната година, ќе одлучува за квалификацискиот формат и распределбата на местата за Светското првенство во 2014 година што ќе се одржи во Бразил.

Деновите голем број светски медиуми пишуваа дека ФИФА планира да и' одземе едно место на Јужна Америка бидејќи Бразил ќе биде домаќин на Мундијалот, но Сеп Блатер засега не сака да го коментира тоа.

„Бразил е домаќин на наредното првенство за кое е слободно 31 место. Тоа е се што можам да кажам во овој момент. Одлуката за распределба на квотите за Светското првенство во 2014 година ќе ја донесеме догодина“, рече првиот човек на ФИФА.

Европа имаше најмногу претставници на Светското првенство во Јужна Африка, 13, потоа следеа Африка со 6, Јужна Америка и Азија по 4 и КОНКАКАФ зоната 3, додека Уругвај и Нов Зеланд се пласираа на завршниот турнир преку дополнителни квалификации.

Според сегашната формула, на Јужна Америка и' припаѓаат четири директни места, додека петтопласираната селекција во тамошните квалификации ќе игра бараж против една од репрезентациите од зоната КОНКАКАФ. Токму на тој начин Уругвајците стигнаа до Јужна Африка, а потоа и до полуфинале на Светското првенство. ФИФА сега, наводно, планира да и' го одземе местото на Јужна Америка за бараж-пресметки, па покрај домаќинот Бразил, уште четири тимови директно да се најдат на Мундијалот. Таквата можност, сосема очекувано, предизвика огорченост кај Јужноамериканците.

„Јужноамериканските квалификации за СП се убедливо најтешки. Имаме најмногу натпревари, играме во сите можни временски услови, на надморски височини поголеми од 2.000 метри, градовите се на огромна оддалеченост, патувањата се напорни и долготрајни. Не е фер да се казни Јужна Америка“, смета најдобриот фудбалер на штотуку завршеното СП, Диего Форлан.

Ждрепката за квалификациите за СП 2014 ќе се одржи во јули во 2011 година. Дотогаш мора да биде позната и конечната одлука за составот на квалификациите.


#
Статијата е прочитана 526 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Шпанија ги дочека прваците на светот
Македонскиот тенис плаче за ремонт
Кројф
Тивкиот „убиец“ на голмани
Африканска шлаканица за предрасудите
Џими Џамп казнет со 210 евра
Убедлив триумф над Црна Гора и Вујошевиќ
Алонсо
Металург домаќин на група на патот до ЛШ