Број 3424  петок, 05 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Мислења

Метла за лажните патриоти

Гордан Георгиев

Дојде време за „ребаланс“ на проектот „Скопје 2014“

ОЧИ ШИРУМ ОТВОРЕНИ

Да, време е веќе да си одат. Кој во својата резервна татковина, кој на Бали, а богами некој и на клупа в суд. Лажните патриоти веќе пет години не' „мавтаат“ дека биле најголеми Македонци и оти се' правеле за да ги одбранат Македонија и македонскиот идентитет од варварскиот налет на нашиот јужен сосед и неговите колаборационисти од Европската унија, на чело со предавникот Фуере. Во почетокот мислевме дека се само политички адолесценти што не знаат да водат сериозна надворешна политика и немаат капацитет да се борат за македонскиот идентитет. Потоа се сомневавме дека на таквиот патриотизам (како и на секоја друга тема исполнета со патос и емоции) се налепиле разни ситни и покрупни профитери. Но, сега веќе е јасно. Патриотизмот стана невидена пералница на пари што добива галактички димензии.

Исто така, во почетокот не' убедуваа дека целиот проект ќе чини 80 милиони евра. СДСМ направи груба процена и наивно помисливме дека целиот проект ќе достигне сума од фантастични 200 милиона евра. Ах, наивни граѓани, наивна опозиција. Ете, дојде време и за „ребаланс“ на проектот „Скопје 2014“. Само досега, според достапните податоци и документи, проектот „Скопје 2014“ ја чини власта 250 милиони евра. Најголемиот број градби ја надминаа предвидената сума, а не се ни до половина изградени. Затоа, големо извинување до јавноста за заблудите што им ги нанесовме на граѓаните. Проектот „Скопје 2014“ ќе ја чини државата цели 500 милиони евра. Или, ако милувате поинаку, половина милијарда евра.

И тоа не е крај, се плашам дека е само почеток. Деновиве јавноста е шокирана од операцијата „Патриотска метла“, во која доаѓаме до сознанија дека пред три месеци, или поточно во почетокот на август, се констатира дека под мистериозни околности е исчезнат поголем дел од тендерската документација поврзана со проектот „Скопје 2014“. До овој момент располагаме со информации дека недостасува тендерска документација за најмалку 14 проекти, но сосема е можно обемот на исчезнатите документи да е многу поголем.

До овој момент нема одговор од надлежните институции. Како по обичај, само нови напади што немаат врска со темата. Можно ли е некој во Министерството за култура свесно да ја уништил или украл тендерската документација со цел да скрие евентуална голема злоупотреба на буџетските пари? Ако не е така, зошто три месеци Министерството молчело за ова и дали некој понел одговорност за ваквиот скандал? Зошто некој морал со „метла“ да ги чисти документите за да го скрие својот голем патриотизам? Нели оваа Влада, кога е патриотизмот во прашање, е најтранспарентна и секогаш подготвена за борба во одбрана на националните интереси.

Во ова време-невреме, нашите граѓани со право се прашуваат што и' требаше на власта така шизофренички и ударнички да го спроведува овој проект? Секако, секој од нас дома си ги прави калкулациите за тоа на што се' можеа да бидат потрошени овие наши, народни пари. Но, таа дебата веќе станува беспредметна, парите се потрошени. Единствена дебата што ќе ни остане за во иднина е одговорот на две прашања: кој е идејниот автор на овој проект и зошто авторот толку доследно го турка проектот, наспроти сите критики и анкети што покажуваат дека мнозинството граѓани се против таквото расипничко трошење пари? Па, дури и секојдневно го надградува и го проширува. Јас мислам дека идејниот автор на проектот е Никола Груевски, лично и персонално. Исто така, мислам дека Груевски со таква жар и страст го турка проектот исклучиво од негови лични, месијански причини. Но, за оваа негова побуда ќе просудува историјата, не иднината.

„Ние барем градиме нешто“ - е познатата реченица што нашиве преродбеници упорно ја повторуваат. Тоа во теоријата на авторитарните режими се вика некритична конзервирачка конструктивност. Некритична, бидејќи во поривот за градење отсуствуваат какви било елементарни основи за тоа кои се приоритетите на граѓаните (вазалите) и каде треба навистина да се трошат нивните пари. Конзервирачка, бидејќи авторот (тиранинот) сака по секоја цена да го „скамени“ времето во кое тој владеел и да го овековечи за вјек и вјеков. И конструктивност, демек градат, создаваат, а не уриваат. Демек, не се револуционери, туку се конзервативци. Хм, можеби ова е тешко сфатливо, ама ни се случува пред очи секој ден. Тежината на „Скопје 2014“, во финансиска и во симболична вредност, опасно се заканува да ја деконструира севкупната македонска реалност пред и потоа. Да избрише се' што постоело претходно како културна вредност, а да оневозможи секаков изблик на креативност во иднина. Да стои како монструозен споменик на едно невреме чија тежина и тегобност ќе не' задушува сите.

Шчо напраифме знаеме, прашањето е шчо да се прави?

Се прашувам, ќе излезе ли некој од ДПМНЕ да каже јавно чија беше идејата за „Скопје 2014“? Кого и да го прашате, сите се истренирани да ве вртат во круг и да не ја кажуваат вистината. Има ли мажи (или жени) во врвот на партијата што храбро ќе кажат: ова не е наша идеја и ние не ја поддржуваме, лидерот ја даде идејата, а ние моравме да кимаме со главите. Па, белким трошењето на 500 милиони евра во екот на светската економска криза, како и голем меѓународен и домашен потсмев на државата, заслужува да излеземе од теснопартискиот шинел и храбро да му се спротивставиме на тоа.

За крај, ќе ви раскажам една вистинита приказна за ексцентричниот крал Лудвиг Втори, кој владеел со Баварија од 1864 година. Опседнат со себе и со својата големина, една од неговите најпознати реченици била: „Би сакал да останам вечна енигма за самиот себе, но и за сите останати“. Познат по својата љубов кон уметноста и архитектурата, за време на своето владеење кралот Лудвиг почнал со градење на десетици екстравагантни замоци, скулптури и други градби. Потрошил големи пари и се задолжил со, за тоа време неверојатни, 14 милиони марки. И покрај задолжувањето, тој продолжувал да троши на непродуктивните градби, додека народот гладувал. Неговите министри постојано го советувале да ги намали трошоците и продуктивно да ги троши парите. Но, Лудвиг не отстапувал, напротив, сковал план за да ги смени министрите и да донесе нови и свежи луѓе што нема да се спротивставуваат на неговите планови. За среќа, министрите биле побрзи и похрабри од него и со координиран заговор го симнале Лудвиг од престолот. Ликот на Лудвиг набрзо потоа потонал во заборав, исмеан и потценет од сите.

На поупорните читатели, и во име на политичката пристојност, ќе им оставам сами да проверат кој бил прекарот на Лудвиг, неславниот крал на Баварија.

(Авторот е потпретседател на СДСМ)


#
Статијата е прочитана 1897 пати.

Испрати коментар

Од: v.l
Датум: 05.11.2010 12:19:35
zakasnivme
Од: Горан
Датум: 05.11.2010 12:36:16
велите вака: ``За среќа, министрите биле побрзи и похрабри од него и со координиран заговор го симнале Лудвиг од престолот``. Се додека, вие во вашата партија не бидете похрабри и со координиран заговор не го симнете БЦ од облаците, како сакате министрите на вмро да се дигнат против својот шеф како што тоа го направија со Љубчо?!? Они имаа храброст тоа и во лице да му го кажат, А вие самите се лажете и чекате он сам да се повлече бидејќи никој нема храброст да му се спротистави.. Оние што тоа го направија знаеме како завршија (случал Спасов и Демос...). Навистина Вие сте една свежа личност во мак.политиката и како таков сте со своја иднина која кога тогаш ке дојде, но не сте свесни колку губите со вашиот претпоставен!
Од: ilinka
Датум: 05.11.2010 13:06:28
nemam poubavi zborovi od zborot bravo. Se napi[ano vistina no kako 'e go izdr\ime i do koga razbesnetoto vladeewe na dpmne
Од: prikaskata mi go razubavi denot
Датум: 05.11.2010 14:05:08
a be se sto ke kazat sdsm se e ispravno,duri i koga se raspravaat doma so zenite,zenite se krivi
Од: Da, ce si odat, no koga vie ce odite od SDSM
Датум: 05.11.2010 14:14:38
Da, ce si odat no koga narodot toa ce go kaze. No, so vakov SDSM kakov sto e sega i so vas koj ve instaliraa od niodkade, bez nikakvo partiski staz, VMRO DPMNE uste mnogu godini ce bide na vlast. Zatoa ako sakate VMRODPMNE da si odi, otete si vie od SDSM zaedno sa vasiuot mentor Crvenkovski koj vece nikoj ne go esapi za ozbilno vo ovaa nasa Makedonbija.
Од: Марко
Датум: 05.11.2010 14:29:00
До Горановци: Дали само напаѓањето други за се и сешто ви е еднинствената одбрана и одговор на прашања што не сакате да ги видите ? Заради такви како вас со главите во песокот и со испрани мозоци никогаш нема ни да дознаеме колку голема штета направил Груевски со Фамилијата. Дури и со апла очигледни докази, вие нема да барате одговори, туку само ќе напаѓате сосема надвор од темата. Изгледа сите одите во исто школо каде нападот е најдобра одбрана.
Од: subkultura
Датум: 05.11.2010 14:33:35
"Mad King Ludwig"
Од: edip
Датум: 05.11.2010 15:12:58
a kako im bilo na graganite posle nego ne e tajna plakale danok troduplo za da mu gi pokrijat dolgovite bidejki spomenici i skulpturi ne se za jadenje...
Од: vlatko
Датум: 05.11.2010 19:50:44
Vo VMRO ime potreba odvreme navreme da zaigra metla i toa se slucuva, ama problemot vo SDSM e sto ni VARDAR NE GI PERE
Од: Професорка
Датум: 05.11.2010 20:38:20
СДСМ ќе го гласам ако цврсто вети дека ниту една глупост во вид на барок, антика, триумфална арка, Аце, лавови и останат кич нема да остане во Скопје. Си го сакам Скопје поскромно, но погордо и поубаво. А потоа да го градат познати, не дворски архитекти, на меѓународни конкурси.
Од: До Горан
Датум: 06.11.2010 11:01:12
Очигледно коментарот ти го дале да го препратиш пред да излезе текстот!Ти да не го менуваш Феликс,нешто го снема,да не е пак на специјализација?

Најди! во Утрински
Насловна
Втора германска државна награда за Билјана Гарванлиева
„Ваќе више не мое“
Македонско-бугарски историски контроверзии (23)
Тиквешански
Кај мене нема место за Груевски и за Црвенковски
Последната крава за премиерот
Брисел не' фали со половина уста
„Златно славејче“ прославува 40 години постоење
Скопски средношколци избодени со нож
Тадиќ и Јосиповиќ положија венци на Овчара
Aко сакаш да го живееш сонот, не смееш да спиеш
Од воз - на лекар
Адеми
Во Норвешка најубаво се живее
Динамо Загреб се прошета низ Белгија
Тројца загинати во стравичен судир
Авион падна во Куба - 68 мртви
Стил






Commission to give green light to Montenegro's EU candidacy
Albania criticised by EU for lack of political dialogue
EU enlargement reports reveal mixed progress for Balkan states