Број 3424  петок, 05 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Фељтон

Македонско-бугарски историски контроверзии (23)

Македонци меѓу највлијателните Бугари

На ранглистата од 100 Бугари кои го свртиле текот на историјата се наоѓаат и дваесетина познати луѓе родени во Македонија

Виктор Цветаноски


Во книгата на стоте највлијателни личности во бугарската историја што излезе од печат пред десетина години се најдоа и дваесетина родени на македонските простори. Раководејќи се од познатата бугарска теза „се' што е македонско е и бугарско“, историчарите Андреј Пантев и Борислав Гаврилов, меѓу своите великани сместија и такви македонски имиња што по силата на околностите на еден или на друг начин имале врска со Бугарија. Некои со право се нашле на елитниот список на големите Бугари, зашто се бореле за бугарската кауза, но меѓу нив се ставени и имиња на кои трајна определба им била Македонија и нејзиното ослободување.

Според нивните критериуми, на високото 16. место се најдоа македонските преродбеници, браќата Миладиновци. Прогласувајќи ги нашите стружани за Бугари, тие сметаат дека животот и дејноста на Миладиновци треба да бидат оценети како една од „најсилните лични пројави на бугарската волја за ново народно битие и да се поставуваат во низата големи дела од бугарската преродба“.

„Сме свикнале да ги прифаќаме заедно зашто низ целиот живот водат борба рамо до рамо за утврдување на бугарската народност и на бугарскиот јазик“, пишуваат Пантев и Гаврилов, нагласувајќи дека заслугата на Миладиновци е во нивната апостолска дејност среде застрашената Македонија од бранот на елинизмот. Со Зборникот на народни песни што ги собирале браќата во македонските предели - Струшко, Охридско, Битолско, Прилепско, Дебарско, Струмичко, Кукушко, Воденско, Костурско... започнале нова етапа во истражувањето на бугарската народна култура. „Трагичната судбина на браќата Миладиновци ги наредува среде страдалниците на бугарштината во Македонија. Тие се едни од првите што масовно и основано се зафаќаат со заштита на бугарската кауза во Македонија и стануваат нејзини први маченици“, заклучуваат Пантиев и Гаврилов.

Цар Самоил се наоѓа на 14. место, две места повисоко од нив. За него велат дека бил најважната алка во врската на југозападните реони со средновековната бугарска држава. „Со тоа тој има заслуги и влијание не само во зачувување на бугарската државност, но и за нејзиното докажување во еден регион, кој во поново време е објект на крупни историски фалсификати и посегнувања“, пишуваат тие.

На трето место, по Кан Аспарух и Кнез Борис Први, се најдоа браќата Кирил и Методиј. Според прифатената логика се' што е родено на македонска почва е и бугарско, и тие биле Бугари. „Долгиот спор за потеклото на двајцата браќа, веројатно, никогаш нема да заврши. Но, еден суштествен аргумент за нивните славјански корени е одличното познавање на славјанскиот јазик и анализата на тоа што го создале, што покажува дека е напишано на дијалектот што го говореле Славените во реонот на Солун“, подвлекуваат Пантев и Гаврилов.

Климент Охридски се наоѓа на 10. место, кој по браќата Кирил и Методиј, најмногу придонел за развојот на словенската писменост, иако самите во п��говорот признаваат дека не можат да тврдат дека тој е роден од мајка Бугарка и дали во неговите вени течела бугарска крв. Но, без разлика на тоа, тој, според нив, се борел за бугарската кауза. Климент дејствувал и работел во краиштата околу Охридското и Преспанското Езеро и голем дел од Јужна Албанија и бил избр��н за прв епископ што проповедал на бугарски јазик.

Од македонските ревоуционери Гоце Делчев е рангиран највисоко, на 24. место, меѓу Цар Борис Трети и Георги Димитров. За авторите нема никакви дилеми дека тој е Бугарин и „најзначајното име од националноослободителното движење на Бугарите во Македонија и Одринско“. „Со своите огромни заслуги за бугарската кауза тој праведно влегува на едно од водечките места меѓу стоте... Не се најмуваме да баеме каква ќе беше судбината на ослободителното движење ако Гоце Делчев не загинеше во 1903 година. Но, можеме определено да кажеме дека трагедијата на братоубиственото спротивставување сигурно ќе беше избегната, а и судбината на Бугарите во Македонија сигурно ќе беше поинаква“, оценуваат бугарските историчари.

За познавачите на македонското револуционерно движење, големо изненадување претставува фактот што меѓу стоте највлијателни Бугари се најде и Јане Сандански зашто тој никогаш не се борел за бугарската кауза. Пантев и Гаврилов велат дека кога ја правеле ранг-листата, се воделе од три критериуми, колку личностите го промениле одот на бугарската историја или животот на обичните луѓе, колку целосно и долго било нивното влијание и дали истите настани ќе се случеле и без нив. „Тоа не е класифицирање според заслугите. Влијанието на секој е оценето според размерот, а не според тоа дали е поволно или неповолно. Затоа тој, кој направил големо зло, стои понапред од тој, кој направил мала добрина“, објаснуваат тие.

А Јане Сандански, бил ставен на списокот токму поради тоа што и направил големо зло на бугарската кауза. Со него сметаат тие започнал македонизмот. „Трагичната историја на македонските Бугари не може да биде раскажана без реално да се оцени влијанието коешто го имаше врз целата судбина на движењето една од колоритните, но и најзлосторничките фигури во него - Јане Сандански“, пишуваат Пантев и Гаврилов, подвлекувајќи дека тој сносел голема одговорност за братоубиствата меѓу Македонците по Илинденското востание.

За своите заслуги за бугарштината меѓу стоте највлијателни Бугари се и Ванчо Михајлов и Тодор Александров. Михајлов го зазема 49. место. Според нив, неговото дело се' уште чекало целосна оцена, но во секој случај, неговата заслуга за бугарштината била огромна. „Ванчо Михајлов останува олицетворение на идејата за независна Македонија, во која да биде призната бугарската народност. Тој, се разбира, не крие, дека таа независност ја сфаќа само како етапа по патот за конечно ослободување на Македонија и нејзино присоединување кон Бугарија“, пишуваат тие.

Тодор Александров е сместен пет места подолу од Михајлов. Тие оценуваат дека тој бил еден од луѓето што биле готови да направат се' за среќата на Бугарија, но и еден од виновниците за двете големи катастрофи што ги доживеала Бугарија војувајќи за Македонија. На долгиот список е ставен и првиот претседател на ВМРО, ресенчанецот д-р Хирсто Татарчев, на 56 и Борис Сарафов на 61. место.

Еден друг ресенчанец, исто така, е рангиран меѓу 100 највлијателни. Станува збор за Андреј Љапчев, кој го зазема 86. место. Љапчев како премиер на Бугарија ја водел државата мошне успешно во исклучително тежок период. Тој го имал неопходното чувство за политички реализам што придонесувало за смирување на состојбите во државата и за нејзино востановување како нормална европска држава. „Нашата историја не изобилува со политичари од негов ранг и со негови заслуги, а тоа ни дава право и основа да го вклучиме во нашата класација“, потенцираат Пантев и Гаврилов.

Покрај Сандански, во тие што и' направиле големо зло на Бугарија, се наоѓа и Наум Туфекчиев, кој е поместен на 83. место, веднаш зад него. „Во бугарската историја од крајот на 19 век и првото десетлетие на 20 век се појавува една темна злосторничка фигура, замешана во неколку заговори за убиства на видни политичари. Наум Туфекчиев е познат трговец на оружје (го продавал на сите заинтересирани страни), милионер и деец на македонското движење“, пишуваат бугарските историчари. Тој е роден во Ресен кон крајот на 60-тите години на 19 век, а за најголем грев му се припишува тоа што бил централната фигура во атентатот на премиерот Стефан Стамболов, кого Бугарите го нарекуваат „бугарски Бизмарк“.

Сликарот Владимир Димитров - Мајстора, чиј родители во Бугарија се преселиле од битолското село Магарево, е рангиран на 88. место, а списокот завршува со познатата пророчица Ванга, родена во Струмичко.  (крај)


#
Статијата е прочитана 2972 пати.

Испрати коментар

Од: Dilma Rusevska
Датум: 05.11.2010 12:09:14
Cudesno e deka sega i vo Makedonija ima spomenici na tija dostojni blgari! Bravo na DPMNE - borci za bugarstinata!
Од: Свилени Ракавици
Датум: 05.11.2010 12:18:51
Бугарите нека си мислат и дека Александар Македонски е Бугар тоа е нивен проблем. Но, ако премине ова во реал политиката тогаш има проблем. Верувајте ако некој проба да им кажува дека моите родители и предци се нешто што не се лошо ќе си помине. Дедо ми е роден во 1913 а прабаба ми беше 1892 и двајцата ги начекав живи и двајцата се сметале за етнички Македонци од секогаш. Ако некој Бугар проба да го тврди спротивното не само што без повод предизвикува омраза туки и си го ризикува животот за глупава државна политика.
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 05.11.2010 12:26:07
Makedonskata nacija e realnost i ne mozhe da se negira, no bugarite nikogash nema da se pomirat so makedoniziranjeto na najgolemite bugarski prerodbenici i nacionalni heroi.So interpretacijata na nashata istorija nasledena od Titova Jugoslavija neprijatelstvata megju MK i BG kje bidat programireni.
Од: pameten
Датум: 05.11.2010 12:34:11
So iskluchok na svetite brakja Kiril i Metodij, koi shto sekako bile lojalni Vizantiski sluzhbenici (a kakva bila nivnata majka e samo mitologija), site drugi ili bile Bugarski sluzhbenici, ili Bugarski prerodbenici ili nekako se izjanile kako Bugari. Bidejki stanuva zbor za lugje koi shto zhivele vo razlichni vreminja e glupo da se barat razlichni teorii da se objasni deka site tie ne bile Bugari, toku Makedonci. Nekoi od niv nikogash ne gi koristile zborovite Makedonija i Makedonci, drugi gi koristile, no kako regionalni pojmi (Bugarski Makedono-Odrinski...) Istovremeno e jasno deka Makedonskata istorija e nemozhna bez niv. Ochigledno kje mora da gi spodeluvame.
Од: Esen
Датум: 05.11.2010 12:53:46
Hahahaa!Ajde kazetemi za koj od gore navedenite licnosti ne se bugari?Site do eden se borele za bugarskata kauza,I gore-dolu site do eden se izjasnuvale kako bugari.Ako deneska vo Makedonija se naoga nekakva konekcija so Aleksandar(sushenje gaki pod isto sonce),pa se do “nasiot princ od Pakistan,pa preku glupostite sto se plasiraat za Dusko Popov (Jems Bond) bil makedonec,pa se do bljuvotinite za 50000 iljadi g. kontinuirano postoenje na makedonskata nacija (Vasil Iljov).Togas sto ne vi e jasno okolu knigata na Pantev I Gavrilov?
Од: do site sto me narekuvaat sovetnik
Датум: 05.11.2010 12:56:25
Јас никого нема да убедувам како да се чувствува, тоа секој сам треба да си го знае. Но вие гледате право како коњите, а треба малку да погледнете на лево и десно. Треба да знаете дека македонската нација е призната само во границите во Македонија, надвор никој не не смета за сериозни. Во светската историографија (руската, германска, британска) не постои македонска нација. Ние го величиме Александар Македонски, а наспроти тоа ЕУ и Германија и дадоа на грците 20 милиони евра за изградба на најголемиот музеј на Александар Македонски, и после тоа, вие сега сакате да ги направите будали во ЕУ дека тоа не е така. Не бидете смешни, гледате дека никој не не признава околу нас, соберете храброст да се соочите со вистината и да сфатите зошто никој и никогаш нема да не признае.
Од: afion
Датум: 05.11.2010 13:04:27
Baba Vangja (a ne Vanga) e od Novo Selo Strumicko.
Од: iskren
Датум: 05.11.2010 13:41:24
mora navistina da priznaeme deka makedonija i bugarija imaat zaednicki istoriski licnosti koi se borele za bugarskata nacija i vo makedonija i vo bugarija a eve gledame i vladata na dpmne ja prifaka taa realnost iako dosta sporo i im pravi spomenici i vosocni figuri na site pogole dejci na bugarskata kauza vo makedonija a vo pogore spomnata kniga na 100 najgolemi bugari vo idnina ke se najde i ljubco georgievski makedonskiot premier so bugarsko samosoznanie
Од: wiki
Датум: 05.11.2010 14:11:37
Георги Димитров е најголемото име со македонски корени во Бугарија. За него знае целиот свет, него го има речиси во секоја светска енциклопедија. Тој бил врвен раководител на Коминтерната, а за него светот слушна за време на монтираниот судски процес во Германија кога со уште двајца комунисти беше обвинет од нацистите дека го запалил Рајхстагот. На судскиот процес го восхити светот со блескавата одбрана и разобличувањето на фашизмот.
Од: Сусам
Датум: 05.11.2010 14:23:33
И што докажува тоа,Афионче? И Кемал Ататурк е од Битола!
Од: Pozdrav od Prilep
Датум: 05.11.2010 14:52:03
Se rodiv vo Makedonija, Makedonec sum i Makedonec ke umram. Taka se izjasnuval pradedo mi, taka vikase dedo mi, taka vika tatko mi, taka vikam i jas i taka ke vikaat i moite deca. Ako veke me narekuvaat Bugarin, daj obajnete mi sto znaci toa. Kakva e taa nacionalnost sto mnogumina tvrdat deka sme bile i sega ja negirame. I site moi predci da se custvuvale Bugari, mene malku mi vazi. Gord sum sto sum Makedonec i imam pravo da se custvuvam kako sto sakam. I makedonskite janicari sto nasilno bea zemeni kako deca vo Turcija, sega se Turci i nisto drugo. Mislam deka i samite Bugari se stramat od toa sto se Bugari. Imam mnogu dobar drugar, Bugarin po nacionalnost, koj sto cesto me sovetuvase koga drugi Bugari se obiduvaa da me navredat. Ednostavno mi vikase: "Make, kazi mu che e B'lgarin i ne go obizdaj povishe" (Prevod: Kazi mu deka e Bugarin i ne go navreduvaj poveke). Makedonija na Makedoncite.
Од: nemir
Датум: 05.11.2010 15:24:55
Едно наградно прашање за благонадежните читатели на зборникот на “Бугарски “ народни песни на браќата Миладиновци. Зошто, ако се песните во зборникот “Бугарски “, на крајот на зборникот има посебно поглавје именувано како Бугарски народни песни??? Се друго и што е најважно ПРЕД тоа поглавје, се песни од разни области на Македонија. Кои биле причините браќата да прифатат ваков компромис ќе кажат историчарите. Ако денес, после шеесетипет години постоење на држава на македонскиот народ, сеуште има негови негатори, можам да замислам како било тогаш. Како и да е, благонадежните се фаќаат за сламка во моментот додека неповратно се “дават” .
Од: mihajlo
Датум: 05.11.2010 15:25:46
Cudna e Istorijata i nejzinite sozdavaci.Cesto pati se lutime koga nekoj ce rece deka blagodarenie na Tito i slicnite na nego makedonecot dobil sansa bez strav da se narekuva onaka kako sto misli i oseca deka e.Dali ste se zaprasale ako po nekoja slucajnost vo 1941 godina KPM se priklucila kon KPB kako sto toa nekoi vo toa vreme go posakuvale.Ne me kritikuvajte vednas tuku samo razmislete sto mozelo da se desi vo kolku Bugarskiot fasisticki okupator ja ostvarel svojata cel.Jas samo pokusav da razmisluvam vo ovoj pravec.Inaku poentata mi bese sosema za druga rabota.Sakav da go prasam avtorot dali mozebi znae na koe mesto na listata e Ljubco Georgiev.Blagodaram.
Од: јас
Датум: 05.11.2010 17:26:58
Бугариве немаат свои видни луѓе со кои би се пофалиле пред светот , па МОРААТ да ги присвојуваат туѓите ....Од списокот се гледа дека на првите места се сите видни луѓе кои се МАКЕДОНЦИ , без оглед како се изразувале тогаш под присила , а сите крвопијци ( Ванчо и комп. ) се последни..
Од: sime
Датум: 05.11.2010 18:56:21
Bugarofilstvotone drzavna politika na soseedite ,se koristi se od minatoto da dokazat deka makedoncite se bugari,ne vodejki smetka za opredeluvanjeto na narodot .Nciite se stvoreni vo ponovo vreme a makedonskata ozvanicena so formiranje na makedonska drzavnost po vtorata vojna.TRoa sto Bugarija go saka e teritorijalni pretenzii i nisto drugo.
Од: ivan nj USA
Датум: 05.11.2010 20:55:48
A kako ne bi go stavile Jane Sandanski koga dobrovolno pristapil ramo do ramo so Bugarskata vojska vo balkanskite vojni, dodeka Todor Aleksandrov ne dozvolil nitu eden od negovite da se borat vo balkanskite vojni, bi ve zaprasal Z A S T O odgovor ke najdete vo tom 3 od Ivan Mihajlov.
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 05.11.2010 21:13:33
Dosega bev vo zabluda a sega svakam deka Makedoncite se posebna nacija i narod i deka Bugarite od sekogas pritiskale za da ja prisvojat makedonskata istorija. Tie ako ja nemaat makedonskata ke nemaat nisto. Ne se projavile recisi so nisto, osven Hristo Botev i hanovite od sreden vek.
Од: nacional-patriot
Датум: 05.11.2010 22:02:18
Bidejki takanarecenite Bugari sakaat da imaat zadovolitelen broj velikani,zemaat tugji velikani od makedonskiot narod.Spomenicite sto se napraveni vo Makedonija se vo cest na velikani i revolucioneri(Delcev,Gruev,uste malku Karev)sto se borele za makedonskata kauza,a ne za "bugarstinata".Poradi toa bile cel na neprijatelskata vrhuska od Sofija.Vo nezavisnite stranski literaturi spomnati se Makedoncite za poseben narod,a vo nekoi stranski univerziteti ima katedra za izucuvanje na makedonskiot jazik,istorijata na Makedoncite,literatura,i dr.Samo vo literaturi sto se podlegnati od sofiskata,atinskata,srpskata propaganda ne se spomnati Makedoncite.Dokolku KPM vlegla vo sojuz so KPB,togas posle vojnata,komunisticka Sofija ke i ja dadela pirinska Makedonija na Makedonija.
Од: Spase
Датум: 05.11.2010 23:52:35
Roden sum vo Pirinska Makedonija od roditeli cii roditeli poteknuvaat od Makedonija. Bugarski sum drzavjanin, no sum Makedoinec. So kradenata makedonska istorija Bugarite ne uspejaa da mi go isperat mozokot kako sto toa go napravile so lesnomozocni izdajnici koi za dva leva i bratot bi si go prodale. Ako Makedonija bila bugarska i denes ke si bila, no Makedonija nikogas ne bila bugarska nitu pak nekogas ke bide! Za zabludenite Bugari i Mesecinata e bugarska!!!
Од: vlatce
Датум: 06.11.2010 00:04:57
ke se povtoram so nekolku komentatori,da se stramis od toa sto si, mnogu tesko paga na dusata,pa zatoa tie gi prisvojuvaat Makedonskite licnosti.Baraat uteha deka se del od Makedoncite.Da se raduvame zosto drugite sakaat da bidat MAKEDONCI.
Од: makedonce
Датум: 06.11.2010 08:26:40
i moite pradedovci bugarite gi smetaa za bugari a srbomanite za bugari , a se deka bea vo vmro organizacija na makedoncite sto se borese za osloboduvanje na makedonija od tursko , bugarsko srpsko i grcko ropstvo..megutoa vistinata e deka odsekogas bile makedonci i taka umrele za makedonija...a ovie bugarive narocito ednas neka svatat deka makedoncite se samo makedonci

Најди! во Утрински
Насловна
Втора германска државна награда за Билјана Гарванлиева
„Ваќе више не мое“
Тиквешански
Кај мене нема место за Груевски и за Црвенковски
Последната крава за премиерот
Брисел не' фали со половина уста
„Златно славејче“ прославува 40 години постоење
Скопски средношколци избодени со нож
Тадиќ и Јосиповиќ положија венци на Овчара
Aко сакаш да го живееш сонот, не смееш да спиеш
Од воз - на лекар
Адеми
Во Норвешка најубаво се живее
Метла за лажните патриоти
Динамо Загреб се прошета низ Белгија
Тројца загинати во стравичен судир
Авион падна во Куба - 68 мртви
Стил






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax