Број 3424  петок, 05 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Поглед

Од воз - на лекар

Сања Наумовска

„Македонски железници - Транспорт“ се подготвува да продава билети за воз преку Интернет. Компанијата фаќа чекор со европските трендови. На своите клиенти ќе им понуди нова услуга што треба да ги привлече што почесто да ги користат возовите как�� превозно средство. Нема потреба од трчање и чекање редици по шалтери. Во иднина, возниот ред, дестинациите и билетите ќе бидат достапни на интернет-страницата на компанијата, па се' ќе може да се заврши и од дома.

Одлична идеја на „МЖ - Транспорт“. Конечно, ред беше и нашите патници да се почувствуваат европски. Со оглед на тоа дека најчести патници во возовите се студентите, потегот на компанијата, веројатно, и ќе си ги даде очекуваните резултати. Но, ако се олесни купувањето карта, не значи и дека ќе се подобри железничкиот превоз. Прастарите возови се нечисти, неудобни, небезбедни, а од друга страна, и пребавни.

Седнување во македонски воз е ризик за секој патник. Зиме смрзнувачка, лете - пекол. Нема ниту парно ниту климатизација. Прозорците заглавени, провев од сите страни. Од Скопје до Битола гарантирано ви изѕемнуваат нозете, а до Гевгелија, пак, се добива запаление на уво. До Белград, којзнае што. За подалеку и не знаеме, бидејќи нашите петдецениски возови се заглавени на Балканот. Во Европа не можат, освен ако не треба да ги изложат во некој историски музеј.

Услугата во железницата е комплексна и бара огромна инвестиција, за која мора да размислува и компанијата, но и Владата. Итно треба да се купат нови патнички вагони и локомотиви и да се обезбеди достоинствен превоз за македонските патници. Ако не, пак, „Македонски железници“ нека почне да размислува заедно со билетот да дели и специјалистички упати.


#
Статијата е прочитана 1354 пати.

Испрати коментар

Од: zapadevrop
Датум: 05.11.2010 14:06:49
sepa malku avtorkata pretaruva nese tolku loso vozovite vo maked i za pofalba e toa sto preku internet ce izvadis karta pa taka i tuka na zapd me raduva faktoto stp preku internet ce zemam karta i nema da trcam na zeleznicka karta da vadam od aerdrom....bravo..a i na zopad ima vozovo tie od 60etitie i 50etite god i se ocaj ama cutat nikoj nese buni tuka drzavta pravi propagdna deka se najdobri i ludjeto navistina mislat se najdobri hahaha.
Од: Професорка
Датум: 05.11.2010 20:41:22
Нашиот последен воз од оваа дупка избега. Џабе картите преку Интернет. Нема за каде.
Од: zoro
Датум: 06.11.2010 00:47:44
samo eden primer...vo Vilnus Litvanija ima direktna linija od aerodrom do avtobuska i obratno na sekoj pola saat,dodeka kaj nas nema ni avtobus.A da ne zborime i kakvi ni se mkd-zeleznicite,a raskrsnica sme na balkanot samo djabe.Prava katastrofa!

Најди! во Утрински
Насловна
Втора германска државна награда за Билјана Гарванлиева
„Ваќе више не мое“
Македонско-бугарски историски контроверзии (23)
Тиквешански
Кај мене нема место за Груевски и за Црвенковски
Последната крава за премиерот
Брисел не' фали со половина уста
„Златно славејче“ прославува 40 години постоење
Скопски средношколци избодени со нож
Тадиќ и Јосиповиќ положија венци на Овчара
Aко сакаш да го живееш сонот, не смееш да спиеш
Адеми
Во Норвешка најубаво се живее
Метла за лажните патриоти
Динамо Загреб се прошета низ Белгија
Тројца загинати во стравичен судир
Авион падна во Куба - 68 мртви
Стил






Commission to give green light to Montenegro's EU candidacy
Albania criticised by EU for lack of political dialogue
EU enlargement reports reveal mixed progress for Balkan states