Број 3424  петок, 05 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Весна Бендевска

Aко сакаш да го живееш сонот, не смееш да спиеш

Пратеничката Весна Бендевска без ракавици зборува за политиката, за своите деца и за шармот на битолскиот Широк сокак

Валентина Тодоровска

„Кога мислам на политиката, првата асоцијација ми се убавите работи, можноста нештата да се сменат на подобро“, вака започна нашиот „женски муабет“ со пратеничката Весна Бендевска. Темата и не е многу женствена, ама таа и' измами насмевка на нашата соговорничка.

Бендевска најчесто е сериозна, патем, Јарец е во хороскоп, а тие астролошки се опишуваат како „стегнати“ рационалисти што ги држат чувствата под контрола. Така велат ѕвездите, ама Бендевска ни откри дека нејзиниот подзнак е Рак, еден од најчувствителните и најромантичните знаци во Зодијакот. Освен тоа, никој не е толку врзан за семејството колку нејзината раковска природа. Но, се' уште сме на темата политика, двигателот на нејзината енергија, па Бендевска ни раскажа за своите почетоци и „базата“ во Битола.

„Пред да станам ’видлива‘ во политиката, бев многу активна во мојот роден град. Бев советник во Општина Битола, а доколку се следат „знаците“, не за џабе во детството ме викале Калимеро - секогаш се борев за правда, не можев да поднесам нечесни игри. Така ми се случија два мандата во Клубот на пионерските раководители и други активности додека бев средношколка. Освен тоа, играв кошарка за ’Пелистер‘, можам да се пофалам со титулата - републички прваци, а спортот многу ми помогна во животот. Ме оформи целосно, ме оспособи за снаоѓање и функционирање во колектив...“

Инаку, Бендевска има диплома на психолог, а ниту ден искуство во професијата. За тоа и' е многу жал, но животот може и знае да подготви разновидни изненадувања. Едното од нив беше и нејзиниот избор на факултет. Бидејќи е ќерка на познатата професорка по математика и физика во Битола (Горица, нов.заб.), згора на тоа и „вуковец“, многумина мислеа дека ќе ја продолжи семејната традиција. Арно ама, на идејата дојде во возот Битола - Скопје, додека истражуваше низ сопствените мисли што би сакала навистина да студира.

„Се работеше за мојата прва самостојна одлука, што особено ме инспирираше“, се сеќава Бендевска. „Така, наместо математика, одбрав психологија, дипломирав со висок просек, ама се вратив во својот роден град и не успеав да се вработам во струката. За тоа ми е жал, ама не и за изборот и денес, кога ме прашуваат им велам - да, би го повторила истото тоа. Еден период работев во банка, на отсекот за меѓународни плаќања, што ми е, исто така, драгоцено искуство“.

Бендевска ги правеше сите работи во животот според некои непишани правила - факултет, мажење, деца, работа... Се омажила на 25 години, а изборот на нејзиното срце е Златко Бендевски, инаку спортист, со кого е цел живот, од својата 16. година. Убавите жени не ги кријат годините, па така и Весна - родена е во 1963 година и вели дека по толку години заеднички живот со Златко, го има чувството на припаѓање и многу заеднички нишки што ги врзуваат. Сепак, останавме без одговор на она - како реагира Балканец кога има позната жена, зашто Весна рече дека тоа е прашање за нејзиниот сопруг. Сепак, се пошегува велејќи дека секоја жена треба да има бенифициран брачен стаж.

Седум години, додека децата и' беа сосема мали, додека проодуваа и прозборуваа, беше „единствено“ мајка, целосно посветена на родителството. Плодовите ги гледа денеска кога Огнен и Бисера се оформени личности. Вели, кога во делот од окото ќе им ги впие силуетите, а срцето ќе и' се наполни до врвот, не може а да не помисли колку е среќна. И сеедно што е тоа мислата на сите мајки, тие и' се најголемиот животен успех. Мисли дека не е посесивна мајка, на децата им остава слободен избор, особено кога е во прашање љубовта. Синот Огнен има 19 години, бруцош е на Електротехнички факултет и е нејзина копија. Бисера е пред крај на студиите по општа и компаративна книжевност и нејзин најстрог критичар, погодувате, на тема - литературен јазик.

„Ќерка ми најчесто ми забележува поради дијалектот“, се смее Бендевска. „Бидејќи со Бисера сме слични по физиономија, често разменуваме гардероба, најчесто и' земам џемпери зашто сакам да ги облекувам кога не сум на работа. А знае да ми прискокне напомош кога се во прашање свечени тоалети. Кај нас во Битола се знае што се носи преку ден, што се носи попладне, а што се носи навечер. На свадбите, на пример, се задолжителни вистински свечени фустани... Зошто не се појавувам во јавноста со децата? Политиката навистина ми го смени начинот на живеење и јас од желба да ги заштитам најблиските, не сум гледала потреба заеднички да се експонираме“.

Децата на Бендевска студираат во Скопје, далеку од дома, ама си ги задржале домашните навики. Не јадат брза храна, бидејќи се навикнати на готвени јадења. Весна ни раскажа дека мајка и' често ја опоменувала дека недоволно ги храни, затоа што никогаш не ги присилувала да јадат, трчајќи по нив со лажица. Затоа денеска немаат никакви проблеми, ниту со исхраната, ниту со тежината.

Кога нешто се работи со полн капацитет, тогаш тоа, дефинитивно, и те зема под свое, а на нашата соговорничка најмногу и' пре��и тоа што денес е препознатлива и изложена на погледите. Тоа е цената што ја плаќа поради својата работа. „Многу често посакувам да се врати времето кога со друштвото седевме во кафеана, уживајќи на наш начин, со добра музика, шеги... Тоа што ме препознаваат, всушност, ја намали спонтаноста во дружењето и затоа сега тие седенки се префрлуваат на домашниот терен. Веќе 30 години имам исти пријатели, драги луѓе со кои не пропуштаме ниту една Василица, со кои имаме куп спомени и куп заеднички фотографии. Со нив не зборувам за политиката зашто се аполитични. Рака на срце, има симпатизери и на власта, ама знам дека и покрај различните ставови - ми држат страна“.

Музиката е важен дел од животот на Бендевска, растеше со рокот и песните на „Биело дугме“, „Парни валјак“, ЕКВ... и многу често ја потенцира „помината километража“ со констатација - во нашето време беше поубаво. Навистина! Всушност, техното и може некако да го проголта, ама турбофолкот е забранет за слушање кај нив дома. Ја сака и староградската песна, особено затоа што доаѓа од најопеаниот град во државата.

И така постепено дојдовме до нејзината голема гордост - Битола, ама тоа е случај со сите битолчани, ја коментираше Весна нашата забелешка за локалпатриотизмот.

„Битола мириса поинаку, на дома. Има автентична микроатмосфера на Широк сокак, кој сигурно бил инспирација за улицата ’Македонија‘. Или улицата ’Македонија‘ е фалсификат на нашата битолска... Во што е предноста на мојот роден град? Битола е доволно мала за да имаш познајници, а доволно голема за да не те препознаваат на секое ќоше“.

И најмногу поради таа безусловна љубов Бендевска често вози секој ден до Битола и назад, патува сама и ги слуша омилените „Биело дугме“ и Тоше Проески. Ја сака Калиопи и Каролина и песни на кои може да запее понесена од текстот.

Според интерна определба е хедонист. Во зависностите ги набројува кафињата шербетосани и цигарите, зачинетата храна и лутото.

„Цигарите никогаш и не сум се обидела да ги оставам, страстен пушач сум. И како и сите пушачи, може да немам се', ама цигарите во резерва секогаш ми се во близина“.

Весна верува во алтернативен начин на лекување, во силна волја и можноста самите да влијаеме на нештата. Токму затоа попрво би испила чај отколку антибиотик. Сака да чита, книгите и' се можност за полнење батерии, а последното ментално патување и' се случи со романите на Орхан Памук .

„Прашањата за среќата ги врзувам за тоа колку сум задоволна со себе си. Значи, да, среќна сум и ги сакам луѓето. Нив ги препознавам по зрачењето што го имаат, по personality. Доколку сакаш да го живееш сонот, не смееш да спиеш. Не сакам и не употребувам напудрени дијалози и не се карам со колегите. Единствено можам и знам да се дистанцирам кога ќе се премине црвената линија“.

Разговорот го завршивме како што го почнавме - со политиката. Бендевска особено ја бендисува Елеонор Рузвелт и тоа поради вонредниот сензибилитет и односот спрема важните политички прашања што ги решаваше. Знаете како? На типично женски начин. Мудро.

Што треба да се направи до 40-тата

n „Прво и најважно е да созрееш како личност, да се сакаш и прифатиш себе си, и да разбереш дека ќе си среќен онолку колку што ќе си дозволиш. До 40-тата е убаво да станеш родител“.


#
Статијата е прочитана 4360 пати.

Испрати коментар

Од: v.lence
Датум: 05.11.2010 12:32:40
vesna posakivam da prodol\i[ da raboti[ vo parlamentot kako i dosega , mislam deka si mnogu konstruktivna i doka\uva[ deka makedonskata \ena mo\e da bide uspe[na na pove'e poliwa istovremeno.
Од: nina
Датум: 05.11.2010 19:20:41
Весна,само напред......
Од: natasha
Датум: 06.11.2010 04:31:55
Mnogu detali za privatniot zivot ama nisto ne kazavte za nejzinite vrednosti i zaslugi kako pratenicka za da i nie vo stranstvo poveruvame deka vo Prlamentot sedat navistina kompletni i angazirani licnosti koi utre ke donesat promeni vo zemjtata... Pozdrav
Од: Jone Avstralija
Датум: 06.11.2010 05:08:51
Citajki go tekstov da vikazam pravo uzivav posto sum e slusal na mnogu debati kako debatira so silna energija i golema samodoverba ovaa ke bese nasata Orleanka dokolku ne e zgresese partijata Zal mi e vakov tip na zena da se gadi od antikvizacijata i da se doblizuva se poblisku do grckata strategija vo slucajot so naseto ime .Tokmu ova Vesna cel zivot ke si go nosi kako valkanica vrz nejzinoto Ime
Од: Dalibor Stankovski
Датум: 06.11.2010 07:32:00
Sekoja cest za iskazanite zborovi posebno delot za semejstvoto i muzikata.

Најди! во Утрински
Насловна
Втора германска државна награда за Билјана Гарванлиева
„Ваќе више не мое“
Македонско-бугарски историски контроверзии (23)
Тиквешански
Кај мене нема место за Груевски и за Црвенковски
Последната крава за премиерот
Брисел не' фали со половина уста
„Златно славејче“ прославува 40 години постоење
Скопски средношколци избодени со нож
Тадиќ и Јосиповиќ положија венци на Овчара
Од воз - на лекар
Адеми
Во Норвешка најубаво се живее
Метла за лажните патриоти
Динамо Загреб се прошета низ Белгија
Тројца загинати во стравичен судир
Авион падна во Куба - 68 мртви
Стил






Commission to give green light to Montenegro's EU candidacy
Albania criticised by EU for lack of political dialogue
EU enlargement reports reveal mixed progress for Balkan states