Број 3424  петок, 05 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

„Ваќе више не мое“

Сашко Ѓ. Димовски

„Ваќе више не мое. Свака недеља мењаам пенџери“, изјави тетовец по нередите во средата во Тетово по завршување на фудбалскиот натпревар меѓу Тетекс и Шкендија. Целта ни е автентично, на дијалект, да ја искористиме неговата изјава како најдобра илустрација за континуираниот проблем кога се игра фудбал под Шара.

Македонските љубители на фудбалот, оние најстрасните, најискрените и неутралните, се заложници на натпревари со висок ризик во нашата ни прва лига. Посебно кога колото носи меч меѓу, условно речено, македонски и албански клубови. Веројатно, за жал, така ќе биде уште некое време поради општествени маргиналци кои во системот фигурираат како навивачки групи, структура на луѓе која лесно потпаѓа под манипулации во обид за исполнување нечии лични или дневнополитички цели на одредени структури. Нивното одвратно однесување стана практика во последните години кај нас, а правната држава и институциите никако да проработат за таквите на кои спортот им е најмалку во интерес. Па, затоа прават и ги повторуваат дејствата што им обезбедуваат, повторно за жал, место во ударните термини во информативните изданија на ТВ-куќите и насловните страници во печатените медиуми. Во последните неколку години сме сведоци на многу недолични однесувања на т.н. навивачи и потоа секој нивни испад се прашуваме до кога така, но воедно се надеваме дека тој е последниот. Да се потсетиме на вандализмот на вардаровите навивачи врз клупскиот автобус на Стража, нередите во скопско Нерези, неодамнешните настани на стадионот во Кичево кога беше симнато македонското знаме од јарболот.

Најсвежиот пример дојде од Тетово во средата меѓу „војводи“ (навивачи на Тетекс) и „балисти“ (навивачи на Шкендија), кои и покрај силното полициско обезбедување, сепак, успеаја да направат неред низ улиците под Шара. Затоа крајно време е надлежните институции да почнат да се занимаваат со оваа проблематика и случаите да се процесуираат, без оглед кои се сторителите и какви ќе бидат последиците за нив. Работите мора да се поместат од мртва точка околу тоа прашање и да се следи примерот на Србија, која експресно направи законски измени по дивеењето на нејзините хулигани во Џенова минатиот месец и казната што ја доби од УЕФА фудбалскиот сојуз на нашиот северен сосед. Нередите што тие ги предизвикаа на „Луиџи Ферарис“ ја прелија чашата откако претходно забележаа неколку смртни случаи во инциденти од 2002 година. За среќа, нашиот црн биланс се' уште е на нула. Но, не треба повеќе да се прогледува низ прсти да не дојде до најлошото, оти се' додека државата седи со скрстени раце нашите фудбалски мегдани и просторот околу нив ќе личат небаре мечевите се играат во Бејрут, Багдад, Кабул и постојано ќе висат инциденти, не дај боже, со смртни последици.

Во целата будалштина на уличните хулигани, свесно или не, се навлекуваат и некои медиуми кои со предимензионирање на некои појави влегуваат во шемата на идеолозите на ваквите сценарија. Таквиот пристап на третирање на менталниот склоп на нецивилизираните силеџии може да биде многу опасен и контрапродуктивен. Ѓаволот, во такви ситуации, лесно може да дојде по своето, по ударни наслови без буква текст, препишани од ѕидови, Интернет-портали, пијани кафеански забави, извикувања налудничави орди на навивачи, во функција на сеење меѓуетничка омраза. Затоа, не смее да се заборави на се' и сите припадници на една етничка групација да се стават во ист кош и да се етикетираат дека сите се такви и го мислат тоа како тие 100-200 лица што скандираат погрдни слогани.


#
Статијата е прочитана 2149 пати.

Испрати коментар

Од: Tetovo
Датум: 05.11.2010 15:11:40
Кај ли видовте само Војводи како прават нереди? Кога нешто ќе се пише нека биде потврдено со некој (��аков таков доказ). Нереди имаше од балисти кои се судрија и со полицијата покрај тоа што искршија половина град! Ако сакате доказ ќе ви пратам линк каде се судруваат со полицијата и фрлаат со камења по автомобили, куќи и се што се крши. Барем овој пат, Војводи не направија баш ништо освен што навиваја.
Од: Реган
Датум: 05.11.2010 15:38:20
По случувањата на и по тетовскиот фудбалски натпревар би било добро сега да се јави со коментар Мерсал Билали или Теута Арифи и да ги прокоментираат навредите врз мртов човек.Какви навивачи се тие кои го псујат најсветото име на полето на музиката на Балканот?Каде ќе им оди душата,ако ја имаат?
Од: Tulko Drdeski,Tetovo
Датум: 05.11.2010 15:57:59
Tetovo odamna e "od onaa strana na Grupcin".Tetovci toa dobro go znaat i katadnevno go osekjaat.Se nadevaa deka "najpatriotskata vlada" ke im donese malku sigurnost,no se povekje svakjaat deka se zaboraveni "od drugata strana na Grupcin,gospod neka ni pomogne.

Најди! во Утрински
Насловна
Втора германска државна награда за Билјана Гарванлиева
Македонско-бугарски историски контроверзии (23)
Тиквешански
Кај мене нема место за Груевски и за Црвенковски
Последната крава за премиерот
Брисел не' фали со половина уста
„Златно славејче“ прославува 40 години постоење
Скопски средношколци избодени со нож
Тадиќ и Јосиповиќ положија венци на Овчара
Aко сакаш да го живееш сонот, не смееш да спиеш
Од воз - на лекар
Адеми
Во Норвешка најубаво се живее
Метла за лажните патриоти
Динамо Загреб се прошета низ Белгија
Тројца загинати во стравичен судир
Авион падна во Куба - 68 мртви
Стил






Commission to give green light to Montenegro's EU candidacy
Albania criticised by EU for lack of political dialogue
EU enlargement reports reveal mixed progress for Balkan states