Број 3424  петок, 05 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Брисел не' фали со половина уста

Во извештајот за Македонија што ќе се обелодени идната недела стои дека земјата исполнила „некои“ од политичките критериуми

Европската унија и' даде едвај преодна оцена на Македонија за политичкиот дијалог во земјата, во извештајот што ќе биде презентиран идната недела од Европската комисија. Според она што се дознава, во документот стои дека земјата „продолжува да исполнува некои политички критериуми, но треба да постигне поголем прогрес во политичкиот дијалог меѓу политичките актери, во судството и околу реформата на јавната администрација. Според генералната оцена, земјата, исто така, треба да ја засили борбата против корупцијата, да ја засили слободата на изразување и да ја подобри бизнис-климата, со што практично годинава листата на критични области место да се намалува, се проширува за две нови.

Ваквата ценка сепак не ја фрла во сенка изјавата на претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо дека Македонија идната недела ќе добие позитивна оценка, бидејќи во документот категорично стои дека Комисијата се држи и натаму до позицијата од октомври минатата година - да му препорача на Европскиот совет да донесе одлука за започнување преговори за членство. Подобрувањето на односите со соседите и регионалната соработка се посочени како клучен услов, при што еден по еден се именуваат сите отворени прашања, од нашето со Грција, преку спорот на Белград со Приштина за статусот на Косово до управувањето со Босна.

„Отворените билатерални прашања треба да бидат решени од засегнатите страни во духот на добрососедството и земајќи ги предвид интересите на ЕУ. Тие прашања не треба да бидат ставани на масата на преговори за прием“, стои во извештајот на ЕК. Посебно внимание Брисел и' посветува на заканата врз слободата на изразување, за која оценува дека е присутна во Македонија и регионално. Притоа, ги осудува изрекувањата диспропорционално високи казни за новинарите, политичкото мешање во независноста на уредувачките политики, контролата на јавниот сервис и политичките и економски притисоци, барајќи на овој проблем да му се пријде како на ургентен.

Годинава ЕК ќе објави заеднички извештај за стратегијата на проширувањето и поединечни за сите земји, а очекувањата се дека Црна Гора ќе биде најголем добитник, бидејќи ќе добие препорака за кандидатски статус (иако не и преговори), Албанија повторно ќе остане со куси ракави и со најдолго разгледувана апликација, а Србија ќе добие најава за прогрес спакувана во одредени услови. Македонија ќе добие политичка и дипломатска реприза, освен ако до самитот во декември не успее да го реши спорот за името со Грција. (С.Ј.)


#
Статијата е прочитана 1418 пати.

Испрати коментар

Од: Akademik, MANU
Датум: 05.11.2010 12:04:13
Ili Republika Makedonija ke odi na Megunarodniot sud za procenka na legalitet na referencata i razgovorite/pregovorite, koi se ochogledno nelegalni, ili Makedonija ke ja snema. So razgovori za imeto NEMA da postoime!
Од: b
Датум: 05.11.2010 12:55:37
Ако навистина во извештајот на ЕК за работата на оваа влада изминатава година има и позитивни н��тки, тогаш навистина ЕУ е една обична вукојебина.
Од: eu
Датум: 05.11.2010 14:11:48
napredok seka ima cesto doadjam vo mak toa e rerzultat na pluralizmot sekoja nova vkada mora da napravi nesto no ima i minusi kako parno nema dovolno vo bolnici i specijalni institucii,nevrabotenost no tuka e eu gruje so prs da mrdne da dozvolit ptidavka i mak ce stane eldorado.
Од: Професорка
Датум: 05.11.2010 20:18:04
Не смеат да даваат лажни извештаи. Ние гледаме во која дупка живееме. И зошто тоа го прават кога за името Грујо нема намера да преговара? Рејтингот меѓу неговите усијани глави само на тоа се држи, а он си купува време за разни, дебели “проекти“. После ќе го снема, но што имаме ние од тоа корист.

Најди! во Утрински
Насловна
Втора германска државна награда за Билјана Гарванлиева
„Ваќе више не мое“
Македонско-бугарски историски контроверзии (23)
Тиквешански
Кај мене нема место за Груевски и за Црвенковски
Последната крава за премиерот
„Златно славејче“ прославува 40 години постоење
Скопски средношколци избодени со нож
Тадиќ и Јосиповиќ положија венци на Овчара
Aко сакаш да го живееш сонот, не смееш да спиеш
Од воз - на лекар
Адеми
Во Норвешка најубаво се живее
Метла за лажните патриоти
Динамо Загреб се прошета низ Белгија
Тројца загинати во стравичен судир
Авион падна во Куба - 68 мртви
Стил






Albana is refused EU candidate status
Macedonia considers €400m IMF crisis loan
Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia