Словенија со краткорочни вињети
Љубљана – Словенија, сепак, попушта и предлогот за воведување краткотрајни вињети во февруари ќе го претстави пред Европската комисија, јавуваат медиумите. Работната група на словенечката влада до крајот на јануари мора да го заврши својот предлог, но се' уште не е познато дали ќе бидат седумдневни или десетдневни вињети. ЕК изминатите месеци вршеше притисок на Словенија да воведе краткотрајни вињети, тврдејќи дека на тој начин се дискриминираат странците кои само транзитираат низ земјата. (Макфакс) |