Број 2883  сабота, 10 јануари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Годинава тешко до кредит, а ќе се топат и минусните салда

Банките на стартот на 2009 веќе почнаа да ги кројат своите нови деловни политики

Соња Маџовска

Годинава поради кризата ќе биде многу тешко да се добие кредит од банка. Дали уште повеќе ќе ни се стопат и минусите на тековните сметки? Одговорот е се' поизвесно потврден. Нема веќе да има ни гледање низ прсти на клиентите. Дури банкарите велат дека ќе се води политика за секој клиент одделно.

Граѓаните уште при крајот на минатата година го почувствуваа затегнувањето на условите при одобрување кредит. Дел од нив се пожалија и дека банките им ги намалија дозволените пречекорувања на тековните сметки, односно на дебитните картички преку кои ја примаат својата плата.

Банкарите сега повторно најавуваат нови заострувања на условите при одобрување кредити, а можно е да дојде и до зголемување на каматите.

Во полн ек се новите пресметки што ги прават банките во почетокот на годинава, особено откако Народна банка на Македонија значително ја заостри монетарната политика. Советот на НБМ не отиде со зголемување на каматите на благајничките записи, но затоа донесе мерки со кои драстично го ограничи кредитирањето. Ако лимитот за кредитниот раст беше 40 отсто, сега тој е симнат на 11,3 отсто на годишна основа за кредити за население. Тоа значи дека ако банките го надминат овој месечен лимит, ќе треба да издвојуваат задолжителен депозит кај НБМ.

Коментарите на банкарите се дека оваа мерка сама по себе се' кажува, па не треба многу да се анализира. Затегната монетарна политика на централната банка води или кон зголемување на каматите или кон големо заострување на условите за одобрување кредит. Нема друго решение, коментираат банкарите. Засега официјално банките ништо не откриваат. Оттаму велат дека поради празниците, се' уште не се утврдени деталните пресметки и поединечните политики на секоја банка. Во земјава се и некои од странските инвеститори кај дел од банките со странски газди, со кои заеднички се кројат новите политики.

Објаснувањето на гувернерот зошто ја затегна монетарната политика е дека на банките им е отежнат пристапот до свежи пари и дека во услови на светска криза, загрижува и високиот кредитен раст кој лан�� отиде над 40 отсто. На крајот од лани почна да паѓа и штедењето, а дел од депозитите и се повлекуваа. Во октомври граѓаните и фирмите од банките и штедилниците повлекоа 40 милиони евра, а во ноември 80 милиони евра. Дел од овие средства повторно се вратија во банките, но банакрите и од НБМ порачуваат дека без штедење нема ниту кредитирање.

Според банкарите, годинава ќе биде тешка, во која и банкарскиот сектор и населението и стопанството ќе мора да се приспособуваат на новонастанатите состојби. Тие на крајот од минатата година најавија дека финансиската криза и влошената економска слика ќе ги принуди да ја сменат кредитната политика за годинава.


Статијата е прочитана 944 пати.

Испрати коментар

Од: saso
Датум: 10.01.2009 00:21:46
aj da i veruvame na vladata deka kaj nas nema kriza
Од: don kihot
Датум: 10.01.2009 11:36:59
Se sozdava pak nepotrebna panika kaj naselenieto so vakvi izjavi, i ova deluva deprimiracki za ekonomijata vo Makedonija,Gosev premnogu izletuva so nedovetni izjavi koi ne se vo polza na Drzavata., a so toa vnesuva nedoverba i kaj stedacite vo Makedonskite Banki.Koga ke gi poglednete godisnite presmetki na Bankite vo MK ke dojdete do zaklucok deka sosema dobro stojata so kapital, sto znaci dosta dobro "rabotele"vo izminataiot period so nivnite "odlicni " kamatni stapki, i sega odednas sakaat uste i da gi zgolemat kamatite i da se skrzavat za krediti.Sramna politika na nasite banki. vo klucni ekonomski momenti.
Од: Aleksandar Resen
Датум: 10.01.2009 15:03:46
Bankive kaj nas MKD imaat najvisoki kamati za kredit od cel balkan ako ne i cela evropa,,i uste da gi pokacele.?..Gosev da ne se plasi od nova recesija sto ke pocne od MKD? pa ke go trese svetot..!....Ne sme nie USA dosta ni e od konzervativci , napredni luge ni trebaat , reformi, posledni sme vo sve na balkanov imame trpenie ogromno ama nemame vreme veke . Ne moze da go branime denarot na smetka na razvojot neka padne malku , pak li ke pocneme da tonime koga pomislivme deka eve trgna rabotata...cel svet se razviva so krediti zaso Makedoncite da ne mozat da zemat kredit? Poostra od segasnava politika na Gosev i bankite nema, sledno e bezbankarski sistem.............ne brkaat od zemjava!
Од: Vodovod Skopje
Датум: 10.01.2009 21:26:38
Kaj nas go skratija minusnoto saldo pa taka ni smetkite ne znaeme kako ke se platat(ne ostavija bez pari)od Komercijalna banka kako ponatamu da se prezivee???

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Колку губи државниот буџет од се' поевтината нафта?
„Руен“ испрати 127 работници на принуден одмор
Ограничена и продажбата на енергетските пијалаци
Пратениците го „аминуваа“ зголемувањето плати во МАНУ
Берзата во пораст
Пазарите сигурно нема да се фискализираат
Словенија со краткорочни вињети
Обама предупредува> Ако не сториме ништо, рецесијата ќе трае