Број 2883  сабота, 10 јануари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Пазарите сигурно нема да се фискализираат

Фискализацијата на трговците на мало на пазарите да се пролонгира до влезот на Македонија во Европската унија, се предвидува во Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за трговија, што вчера го прифати собраниската Комисија за економски прашања и препорача негово второ читање.

Заменик-министерот за економија, Методи Хаџи Васков, во образложението на законот појасни дека од обврската за издавање фискални сметки се изземаат сите трговци на мало на пазарите, освен трговските друштва кои имаат продажни места на пазарите.

Марјанчо Стојанов од опозицискиот СДСМ се изјасни против предложените измени на Законот за трговија, кои ги оцени како реакција на власта по притисокот од пазарџиите и неспособност за одбрана и примена на концепти.

„За да добијат тезга на пазарите, тезгаџиите мора да имаат регистрирано фирма и да купат фискален апарат, што покажува дека проблемот не е решен“, рече Стојанов.

Пратеникот Бесим Догани од опозициската ДПА побара прецизирање на законот и побара од Владата, во услови на светска економска криза, да не ги оптоварува трговците со недоволно дефинирани закони и дополнителни давачки. (А.С.)


Статијата е прочитана 191 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Колку губи државниот буџет од се' поевтината нафта?
Годинава тешко до кредит, а ќе се топат и минусните салда
„Руен“ испрати 127 работници на принуден одмор
Ограничена и продажбата на енергетските пијалаци
Пратениците го „аминуваа“ зголемувањето плати во МАНУ
Берзата во пораст
Словенија со краткорочни вињети
Обама предупредува> Ако не сториме ништо, рецесијата ќе трае