Број 2883  сабота, 10 јануари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

„Руен“ испрати 127 работници на принуден одмор

Додека трае одморот вработените ќе земаат 70 отсто од просечната плата

Иван Бојаџиски

ШТИП - Светската економска криза пристигна и во Кочани. На удар се најде индустријата за автомобилски делови „Руен интернешенел“, најголемата фабрика во рамките на локалното стопанство. Раководството на фабриката додели решенија на 127 работници со кои се испраќаат на привремен платен одмор во траење од три месеци. За тоа време овие лица ќе примаат по 70 отсто од просечната плата што е во согласност со Колективниот договор потпишан меѓу менаџерите и синдикалното раководство.

Ова значи дека кризата во „Руен интернешенел“ за почеток зафати една четвртина од околу 500 вработени. Вчера никој од раководството не беше во фабриката. Всушност, производството во „Руен интернешенел“ е запрено лани, на 27 декември, а планирано е да продолжи на 15 овој месец.

Поради проблемите со пласманот на ламелите и квачилата, а со цел да се намалат трошоците на работење, двата производа кои фабриката во Кочани ги произведува за светската автомобилска индустрија, празниците беа споени.

„Точно е дека светската финансиска и економска криза не' погоди и нас. Ова беше очекувано затоа што кризата најмногу ја погоди автомобилската индустрија за која и ние работиме. Иако раководството има право да отпушта работници без да објаснува зошто го прави тоа, а се' во рамките на новиот Закон за работни односи, кај нас не се случи такво нешто. Раководството го почитуваше Колективниот договор и обезбеди егзистенција за оние работници кои во наредните три месеци нема да доаѓаат на работа. Од тој аспект, ние како синдикат сме задоволни. Посакуваме кризата да трае што покусо и сите работници да се вратат на работните места“, вели Делчо Трајчев, претседател на фабричкиот синдикат.

Во најубавите години од постоењето „Руен“ имаше 1.400 работници. Во најголем дел работеше за фабриката за автомобили „Застава“ од Крагуевац. Со пропаѓањетото на фабриката почна и падот на кочанскиот колектив.

Во текот на 2003 година, кога во фабриката се' уште имаше 1.040 работници, „Руен“ е ликвидиран. На јавен меѓународен тендер, за 1,2 милиони евра, фабриката ја купи компанија од Лихтенштајн за подоцна да се утврди дека зад неа стои француски капитал. „Руен“ ги извезува производите најмногу на пазарите во Јужноафриканската Република, потоа во Турција, Мароко, Алжир, а едно време извезуваше и во Иран.

„Руен“ на времето, заедно со „Атом“ и ЗИК „Кочанско Поле“ беа стратегиски капацитети на кочанското стопанство од кое живееше градот. Но, во годините на македонската транзиција сите тие пропаднаа. Некои од нив се поделија и останаа да се вегетираат во домашниот стопански сектор.


Статијата е прочитана 348 пати.

Испрати коментар

Од: saso
Датум: 10.01.2009 00:16:04
a dali slusnavte deka nevrabotenosta e namalena? ako ne mi veruvate prasajte ja vladata,ako ne pak prasajte gi rabotnicite od bucim,feni,ruen,makstil i dr
Од: kotorec
Датум: 10.01.2009 14:17:18
Pa sto pravi ovoj SDSM ,ja zatvori fabrikata .----- koga se zatvarat fabriki krivi se a koga treba da se otvorat se znae vo bela kosula koj se slika ,potomcite na Aleksandar .
Од: milko
Датум: 10.01.2009 16:25:15
i saso i kotorecot izgleda se samo komentatori bez pokritie, ubavo e objasneto vo tekstoy zosto se otpusteni i kako.
Од: do milko
Датум: 11.01.2009 11:13:05
A sto mislis bre Milko dosega tie sto bea otpustani bea za inat otpustani ???? Samo sega koga tvojata partija e na vlast barate pricina i opravduvanje a koga ste vo opozicija laete.E neka netrosi Gruevski milioni za glupavi reklami neka gi dade tie pari na stopanstvoto i ako ima pr.1000 otpusteni na 200 ke im go resi problemot no taka vi cini za sve naogjate racki i drug vie kriv a lupate milioni evra za glupi kampanji za perenje na mozoci,no mislam deka netreba vasite se i taka isprani a mojot mozok nema da dozvolam da mi go pere ni VMRO ni SDSM

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Колку губи државниот буџет од се' поевтината нафта?
Годинава тешко до кредит, а ќе се топат и минусните салда
Ограничена и продажбата на енергетските пијалаци
Пратениците го „аминуваа“ зголемувањето плати во МАНУ
Берзата во пораст
Пазарите сиг��рно нема да се фискализираат
Словенија со краткорочни вињети
Обама предупредува> Ако не сториме ништо, рецесијата ќе трае