Ограничена и продажбата на енергетските пијалаци
Да се забрани продажбата на енергетските пијалаци за лица под 18 години, се предвидува во Предлог-законот за измени на Законот за трговија, што вчера доби зелено светло од собраниската Комисија за економски прашања.
Енергетските пијалаци станаа втора жртва на одлуките на власта, која следува по ограничувањето на продажбата на алкохолот на малолетни лица. Покрај тоа што е забрането алкохолот да се продава на лица под 18 години, забранета е и негова продажба без лиценца на трговецот и по 19 часот, што предизвика пад на трговијата со алкохол.
Заменик-министерот за економија, Методи Хаџи Васков, вели дека со забраната за продажба алкохол на малолетници се проширува и за енергетски пијалаци и одлуката е од превентивни причини за заштита на здравјето на младите. (А.С.) |