Берзата во пораст
На вчерашниот берзански ден, конечно, се оствари и поголем промет, а и индексот МБИ 10 отиде во зелено. Беше остварен промет од 9,4 милиони денари, кој се оствари од 58 трансакции. И вредноста на индексот МБИ 10 забележа пораст од 1,33 отсто.
Најинтересни на официјалниот пазар беа акциите на Комерцијална банка. Се истргуваа вкупно 614 акции по цена од 2.809 денари, односно забележа пораст на својата вредност од 2,17 проценти, а се оствари промет од 1,7 милион денари. На редовниот пазар, први по обем на тргување беа акциите на „ КА-шпедиција“, со нив се истргуваа 29.988 акции по цена од 170 денари. Вкупниот промет кај нив изнесуваше 5 милиони . (С.М.) |