Број 2883  сабота, 10 јануари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Пратениците го „аминуваа“ зголемувањето плати во МАНУ

Вработените во највисока научна институција во државата - МАНУ првпат по 15 години ќе добијат зголемување на платата. Ова се утврдува со вчера усвоениот Закон за изменување и дополнување на Законот за Македонската академија на науките и уметностите, кој доби „зелено светло“ од пратениците. Покрај оваа законска измена, на вчерашната собраниска седница помина и Законот за задолжување на Македонија со заем кај ЕБОР по Договорот за заем по Проектот за подобрување на постојната регионална и општинска патна мрежа.

Пратениците го донесоа и Законот за изменување и дополнување на Законот за основање Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со кој, покрај хармонизација со европската легислатива се предвидува и јасно дефинирање на надлежностите на Агенцијата. Таа сама ќе ги врши контролите на терен за спроведување на Националната програма и на средствата утврдени со ИПАРД- програмата.

Пратениците дадоа и поддршка на Предлог- законот за инвестициски фондови кој, според министерот за финансии, Трајко Славески, се донесува поради потребата од следење на динамичниот развој на пазарот на капитал. (МИА)


Статијата е прочитана 308 пати.

Испрати коментар

Од: VMK
Датум: 10.01.2009 01:08:40
Добро ги подмитиле да продолжат да ќутат...
Од: мене
Датум: 10.01.2009 10:39:33
Срамота. Мој предлог е МАНУ да се затвори, а парите да се пренаменат за високото образование, зошто половината од вкупниот буџет за наука во државата оди во МАНУ, во еден тотално летаргичен и нефункционален клуб на безработници. Што сработе МАНУ за сите години од своето постоење? Нека се позавртат малку во околинава, не подалеку, па да видат какви национални стратегии имаат направено академиите на соседните земји.
Од: bate
Датум: 10.01.2009 11:14:24
МАНУ е за жал банда бескичмењаци, ќутуроци што само вегетираат, луѓе без став за Фундаментите на државата, реално на такви дибеци не треба да им се покачи платата туку да им се преполови... Срамота што во овие пресудни моменти кога се уриваат темелите на државата тие работат по она: ЌУТЕЊЕТО Е ЗЛАТО...
Од: vraboten goltar
Датум: 10.01.2009 11:26:15
sramota.15 god. ne im se pokacile platite.ako nie pomladite koj rabotime so vss so meseci ne zemame plata ,a gospodata gerijatrija duri i pokacuvanje.more za niv samo ,,metla,, neka sedat doma i neka ne filozofiraat,aram da im se parite od pokacuvanjeto. cel zivot se teski lebari.
Од: realno
Датум: 10.01.2009 15:56:10
tamu vo manu nema makedonci,tie se site so jugoslovenstvoto itrasnati a za zal i tamu ostarea ,tie nemat dosega nisto zaednicko so makedonija,ednna vakva institucija da nema nikakva strategija za makedonija,zalno e i ova vlada sto stoi zad takvi kako sto se vo manu a ne napravija reformi za mladi kadri koi se makedonski nastroeni i za makedonija da rabotat,,,e zalno
Од: metyo
Датум: 10.01.2009 16:11:22
Авторот на текстот барем да напишал колку плата има еден академик или категорија академици.Вака не знаеме као да плачеме за нивните плати
Од: Европска Македонија АД
Датум: 10.01.2009 16:50:05
Незнам зошто има толку малку коментари за оваа статија, но се согласувам со првите 4 објавени.Ова е награда од владата за молчењето на МАНУ за пропаста во која не води оваа влада поради форсирањето на антиката.Ако наскоро не излезат со свој став во јавноста предлагам МАНУ да се затвори а не да им се зголемува платата.
Од: zelezara
Датум: 10.01.2009 19:45:20
More i toa sto go primaat e mnogu,u stvar jas bi gi raspustil bidejki nisto ne rabotat samo dzabe primaat plata.Abe eden da iskocese da kaze nesto isto kako da ne postojat

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Колку губи државниот буџет од се' поевтината нафта?
Годинава тешко до кредит, а ќе се топат и минусните салда
„Руен“ испрати 127 работници на принуден одмор
Ограничена и продажбата на енергетските пијалаци
Берзата во пораст
Пазарите сигурно нема да се фискализираат
Словенија со краткорочни вињети
Обама предупредува> Ако не сториме ништо, рецесијата ќе трае