Број 3280  среда, 12 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Ѓоко Танески замина за Осло

„Единствен фаворит ми е Македонија“, ни изјави нашиот евровизиски претставник Ѓоко Танески непосредно пред заминувањето со автомобил за Осло, Норвешка, каде што од 25 до 29 мај ќе се одржи најновото издание на Евровизија. Танески вчера го испратија повеќе фанови кои се собраа пред Факултетот за туризам и менаџмент за да му ја искажат својата поддршка пред настапот на 25 мај во арената „Теленор“ во Осло. Откако се поздрави со обожавателите и дел од колегите од домашната естрада, Ѓоко Танески заедно со својот рапер Били Ѕвер и ПР-асистентката Ема Темелковска, во полициска придружба и поддржувачи на велосипеди замина низ улиците на Скопје, преку центарот на градот, па се' до неговиот излез. Од неговото патување е предвидено да се снима и документарен филм.

Танески во Осло ќе настапи како 15. во првата полуфинална вечер со песната „Јас ја имам силата“. На 17 мај го очекува првиот прес и техничка проба, а како што ни изјави, убеден е дека ќе се пласира во финалето и дека ќе ја израдува Македонија. Да му посакаме среќа и поуспешен пласман!


#
Статијата е прочитана 1701 пати.

Испрати коментар

Од: film
Датум: 12.05.2010 07:37:44
Jas slusam pesnata I ne mozam da se iznacudam. Abe vie luge normalni li ste sto@pravite be. Abe obicna pesna tralalajka vie ja napravivte ko sanki nekoja rok opera da e. Da ne pravam muabet za Gjoko. Abe ko sanki Bono da e. Luge vie ne ste normalni cim prakate takva pesna na evrovizija. Abe, abe kako ste odbrale takva pesna beeeee. Abe sega I vizi nemate videte ste se slusa po evropa I socijalizirajte se malku I pustete pesna kakva sto evropejcite sakaat da slusnat. Ova e beter od tie XXL koga bea. Tie 4 izgledaa dobro. Abe citam to popovi go peat, tu tu tu, lele lele Gjoko neka e ziv I zdrav, neka ja pretstavi makedonija najdobro sto moze, pesnata e za nigde pa zatoa ke mora da dade se od sebe, makar I zaba da rodi.
Од: Danica
Датум: 12.05.2010 09:11:58
Gjoko e eden od nashite najdobri vokali, pazatoa mislam deka dostojno ke ne pretstavuva. So sreka
Од: t pecavles
Датум: 12.05.2010 09:20:53
stvarno na site nam ni posakuvam srekja..posto so OVAJ vistinski i ke ni treba.
Од: црно,ама бело
Датум: 12.05.2010 09:21:03
До film: Ако дознаеш какви „професионалци“ останаа у МТВ и која екипа стои зад гракањата, помалку ќе си ги кинеш живците-мислат дека се најдобри на светот! А „Ако замислиш живот у ритму музике...“, нема веќе да се нервираш за глупости!
Од: viktor
Датум: 12.05.2010 11:20:08
Gjoko e car, najdobar maski vokal !!!! Site sto zborat protiv nego, mozat voda da mu nosat

Најди! во Утрински
Насловна
Богати мајки
Зденко
Старите возила носат нови главоболки
Авантуристички старт на Канскиот фестивал
Антикорупциска ги стресе институциите
Никогаш повеќе нема да се мажи
Изложба на белите слики на Петар Мазев
Верскиот самит помина, пропустите останаа
Македонија ја презеде палката во Стразбур
Светот се дружи со Ма��едонија преку Си-Ен-Ен
Грчки „Титан“ и општествената одговорност
Во НАТО и во ЕУ – безусловно сега
Весниците го имаат главниот збор во Јапонија
Чекањето во банка ги излудува граѓаните
Ситуацијата во Британија се заплеткува
Гостиварец спаси дете – давеник во Вардар