Број 3280  среда, 12 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Антикорупциска ги стресе институциите

Борците против корупцијата се на вистинскиот пат, сметаат поранешни антикорупционери

Катица Чангова

Првата посериозна истрага на Антикорупциската комисија, која на нишан за отстрел ја стави Управата за спречување перење пари, бидејќи без согласност од Министерството за финансии вработила 29 лица, предизвика земјотрес во јавноста. Поранешни антикорупционери сметаат дека институцијата што треба да се бори против криминалот и корупцијата, конечно, профункционирала и дека е на вистинскиот пат.

Овој случај, за кој одговорноста е на првиот човек на Управата, Ване Цветанов, не е непознат ако се има предвид фактот дека и за Владо Димов, поранешен министер за здравство, беше поведена иста постапка. Цветанов се огласи во јавноста, велејќи дека мафијашки структури сакале да го сменат од функцијата за да не бидат обелоденети скандалите на кои работеле, а кои во предмети тежеле 130 милиони евра. На индиректен начин во тој кош на мафијата ги стави и антикорупционерите.

Во вчерашната изјава за „Утрински весник“, Ване Цветанов, се поправи и објасни дека антикорупционерите не биле мафијаши, туку дека биле под влијание на моќни и влијателни луѓе на кои не им било проблем со сомнително стекнато богатство да влијаат на кој било начин и во која било постапка.

„Не е проблем на нивна страна да придобијат обичен државен службеник со плата од 25.000 денари“, изјави Цветанов, веројатно, мислејќи на шефот на ДКСК, Илми Селами. Тој рече дека „бил свесен оти случајот што се плете околу него е монтажа“.

„Тие структури посегнаа по интегритет на институцијата и системот што макотрпно го градиме, но и по мојот интегритет. Не е важно дали ќе си одам одовде, поважен е мојот образ и образот на моето семејство“, додаде Цветанов. Тој не сакаше да коментира дали организираните криминални структури, како што ги нарече имаат врска со власта, но потенцира дека нивните финансиски анализи се резултат на неселективност, во интерес на законот и на државата.

„Организираните криминални структури не се луѓе со дебели вратови и со синџири, туку луѓе во костуми и вратоврски. Моќни луѓе што водат сериозни бизниси, или така се претставуваат. Луѓе што имаат значително влијание во општеството, а се прикриваат под превезот на одредени политички партии без исклучок. Точно знам за што зборувам. До неодамна не' перцепираа како неважна и немоќна институција од која не може да произлезе некој посериозен удар. Со големо внимание и голема сериозност откако излегоа некои случаи, како ‘Миладинови‘, не' следат и внимаваат на секој наш чекор“, вели Ване Цветанов.

Околу забелешките на Антикорупциската комисија за незаконски вработувања тој нагласи дека Управата за спречување перење пари има одобренија, кои, наводно, не биле земени предвид ниту од Антикорупциска комисија ниту од ДЗР.

„За сите 29 вработувања имаме согласност од министерот за финансии, Трајко Славески, и носат датум од април и мај 2008 година, значи многу пред ревизијата која работеше во септември 2009 година. Документите ги дадовме на увид во Државниот завод за ревизија, но тие велат не им биле доставени. Нашите луѓе од Управата тврдат дека ги дале. Значи, некои од службениците, дали кај нас, дали во ревизија не ги доставиле. За ова не излеговме во јавност оти шефот на ревизијата кажа да не бидеме загрижени оти биле ситни забелешки. А ние затрупани во работа си рековме, не е страшно“, нагласува Цветанов и вели дека и од Ревизија биле изненадени што со ваков извештај за Управата се подигнала ваква хајка.

Конечен став за случајот со разрешувањето на Ване Цветанов, Антикорупциска комисија најави за наредната недела откако ќе направи уште една консултација со Државниот завод за ревизија.

„Зад добриот коњ се крева голема прашина“, изјави претседателот на ДКСК, Илми Селами. Тој истакна дека не знае за какви мафијашки структури зборува директорот на Управата. „Добро е да излезе во јавност и да каже што мисли со тоа. Ване Цветанов не го знам, не сум комуницирал со него и немам никакви побуди за да монтирам случај. Иницијативата се темели на ревизорски извештај. Ако мисли дека јас сум дел на мафијашки структури, тогаш и директорката на ДЗР, Тања Таневска, треба да е дел од мафијашки структури“, коментира Селами.

Првиот антикорупционер е загрижен што инсајдерски информации, односно детали од записници на ДКСК од одржани седници биле изнесени во јавност, мислејќи на изјавата на Ване Цветанов, кој пренесе што се случувало за изјаснувањето на предметот.

Драган Малиновски, поранешен член и претседател на Антикорупциска комисија, дава целосна поддршка во работата на оваа институција, која, конечно, профункционирала на вистински начин. „На ДКСК треба да и' се даде поддршка. Нормално е тоа што сега на себе ќе навлечат реакции. Тоа што имало протекување информации, зборува дека некој сака кај антикорупционерите да инсталира црвче. Сите таму треба да расчистат што се случува, оти тоа лошо зборува за институцијата“, смета Малиновски. Тој смета дека не случајно првиот човек на Управата, Ване Цветанов излегол со тврдења за тежок криминал.

„Тој не е од невладина организација. Неговата изјава во јавност по дефиниција, кажува дека сите сијалички на институциите треба да се запалат и дека треба да се огласат Јавното обвинителство и МВР“, истакна Малиновски.

Во извештајот на ДЗР за работата на Управата за спречување перење пари во 2008 година стои дека има отстапување од Законот за државни службеници, односно институцијата не доставила барање за добивање согласност за вработување.

„Ангажирани се 29 лица преку Агенцијата за привремени вработувања и се направени расходи во износ од 6,3 милиони денари, кои се поголеми од расходите направени за исплата на плати на редовно вработените“, пишува ДЗР во извештајот, констатирајќи дека е изиграна постапката, која предвидува јавен оглас, стручен испит, рангирање на кандидатите според успешноста.


#
Статијата е прочитана 2555 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 12.05.2010 00:12:52
Sto e sega problemot, 29te vraboteni ili 130te milioni evra kriminalni zdelki. Mislat da rascistuvaat so kriminalot vistinski, ili ke ni prireduvaat predstavi od tipot na rekla-kazala. Nevredat i da se komentiraat poveke, i onaka do utre se ke se zaboravi i ke si prodolzat po staro i po starata sema.
Од: Многу се исплашија!
Датум: 12.05.2010 08:40:51
ДА, им се стресоа гаќите! Кога ќе дојдат извештаите на Собрание, мнозинството (вмро) нема да види никаков криминал. И, како што вели „борецот“ против криминалните-мафијашки структури и сите слични ќе бидат оправдани.
Од: Трпе
Датум: 12.05.2010 08:47:24
Дали ова е шминка или во Македонија, секој ден е маскенбал.
Од: јас
Датум: 12.05.2010 10:07:23
Што ќе каже сега Среќко за овие 29 новоработени , кога од уста не го вадеше Владо Димов ??Барем да се само тие 29 вработени без одобрение ! Ги има парем толку илјади во администрацијава и се ’ се тоа со портокалови книшки...
Од: olivera
Датум: 12.05.2010 10:11:28
"Drzete go kradecot" e najdobriot nacin da se zatskrie vistinskiot kriminal. Zatoa ne zamajuvaat so nekakvi 29 vrabotuvanja od agencijata za vremeni vrabotuvanja, a vistinskiot kriminal vo iznosi od milionski sumi vo evra, ostanuvaat i prodolzuvaat da ja unistuvaat Makedonija. I taka so godini: onoj koj ke go otkrie kriminalot ke mu montiraat vina i taka kriminalcite ke si prodolzat da si "rabotat". Za zal na site nas smrtnicite!!!!!!!!!!
Од: роб
Датум: 12.05.2010 10:47:50
Мачкање на очи на јавноста ,ке најдат само еден виновник!!!ке го оцрнат,бидејки ако ги има повеке ќе пукне тиква. ЗА дечки што се борат секоја чесст, али требало 4 години да се активират
Од: pocna
Датум: 12.05.2010 13:03:27
Ova e samo pocetok.Antikorupciska treba seriozno da "poraboti" na nenamenskoto trosenje na parite od Vladata i ministerstvata, osobeno ona za nadvoresni raboti i pravda. Sekako i Mizo treba da dojde na dneven red. No...... cisto se somnevam zosto Islami ke bide prisilen "dobrovolno" da se povlece od komisijata. 24/7. Kade e Svrgovski. Verovatno i toj e "premoren" od 24/7
Од: Ацко
Датум: 12.05.2010 14:45:19
Изгледа ќе треба да се формира Управа за спречување “сушење“ пари ... Оти, овие што ќе фатат, се сушат!
Од: pero
Датум: 12.05.2010 15:43:03
Интересно е што никаде Ване Цветанов не демантира дека тие 29 луѓе се вработени вон процедура. Инаку тезата дека некој со неговата смена ќе скрие мафијашки зделки е жива глупост. УСППиФТ не се состои од еден човек. Ако има отворена истрага Управата ќе си ја тера, сеедно кој е главата. Со ваквата изјава тој и прави лоша услуга на ВМРО ДПМНЕ затоа што ако потенцијално новиот директор на Управата (кој го именува власта) ја прекине истрагата за случајот со „мафијата“, значи таа мафија е дел од ВМРО ДПМНЕ, која, нели, го назначи и него..

Најди! во Утрински
Насловна
Богати мајки
Зденко
Старите возила носат нови главоболки
Авантуристички старт на Канскиот фестивал
Никогаш повеќе нема да се мажи
Изложба на белите слики на Петар Мазев
Верскиот самит помина, пропустите останаа
Македонија ја презеде палката во Стразбур
Светот се дружи со Македонија преку Си-Ен-Ен
Грчки „Титан“ и општествената одговорност
Во НАТО и во ЕУ – безусловно сега
Весниците го имаат главниот збор во Јапонија
Чекањето во банка ги излудува граѓаните
Ѓоко Танески замина за Осло
Ситуацијата во Британија се заплеткува
Гостиварец спаси дете – давеник во Вардар