Број 3280  среда, 12 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Мислења

Грчки „Титан“ и општествената одговорност

Ден Дончев

Грчката компанија „Титан“ би можела да му врати нешто значајно на македонското општество со одвојување во фонд од најмалку 50 милиони евра

Грчката компанија „Титан“ знае дека со купувањето на 94,84 отсто од акциите на „Усје“ ја има направено зделката на милениумот. Раководството на „Титан“ нема јавно да го признае ова, но длабоко во себе е свесно за оваа вистина. Впрочем, бројките го потврдуваат ова. Вкупниот износ на исплатените дивиденди во последните десет години од „Усје“ кон „Титан“ изнесува 136 милиони евра. Сегашната вредност на „Усје“ е најмалку 200 милиони евра, имајќи ја предвид моменталната годишна профитабилност од околу 25 милиони евра (која може да се проектира како константна во наредните десет години) и правото на неограничено користење на македонски природни ресурси за производство на цемент.Вкупната вредност од најмалку 343 милиони евра со која „Титан“ се има стекнато претставува „подарок“ од македонското општество кон нив, споредено со вкупниот износ од само 27 милиони евра кои ги плати во 1998 година за акциите на „Усје“.

Ова е проблем на македонското општество, кое кога-тогаш ќе мора да се соочи со вистината за последиците од процесот на приватизација која беше спроведена од страна на разни влади во последните дваесет години, посебно оние што настанаа пред 1998 година. Затоа минатата недела констатирав дека вината на компанијата „Титан“ ја гледам во неподготвеноста ни со најмал прст да се обиде да му врати нешто значајно на македонското општество, кое општество на таа грчка компанија и овозможило услови да прави профити и стапки на поврат на инвестицијата кои се вистинска научна фантазија.

Пред неколку години, анализирајќи ја приватизацијата на „Усје“, во „Фокус“, констатирав дека „Титан“ е должен да спроведе соодветна и совесна политика на „корпоративна општествена одговорност“, преку која ќе му врати нешто значајно на македонското општество. Денес „Усје“ има таква политика, која на сопствената Интернет веб-страница ја дава следнава дефиниција: „Ние го разбираме поимот општествена одговорност дека се однесува на цел опсег активности, програми и услуги за нашите акционери (внатрешни и надворешни) кои сме ги организирале на доброволна основа и кои ги спроведуваат активностите над она што бара законот од нас“.

Кратко и јасно, „Усје“ ја гледа општествената одговорност исклучиво за сопствените акционери! Поимот „општество“ за „Усје“ се неговите акционери, од кои грчки „Титан“ е најголемиот. Значи, се' што прави „Усје“, прави за доброто на „Титан“! За каква корпоративна општествена одговорност тогаш станува збор? На сопствената веб-страница, „Усје“ презентира некаков графикон во кој го прикажува „придонесот за општеството“ преку распределба на придонеси и средства на компанијата во последните десет години. Првиот придо��ес кон „општеството“ било исплаќањето дивиденди кон акционерите од 143 милиони евра. Па, да, дами и господа од „Усје“, 136 милиони евра од овој износ неповратно ја напуштија Република Македонија и „легнаа“ на сметката на „Титан“ во Грција. На кој начин е ова придонес за македонското општество? Дополнително, споредено со вкупната нето-добивка на „Усје“, од околу 220 милиони евра во последните десет години, исплатата на 143 милиони евра како дивиденда, претставува коефициент од 65 отсто. Меѓународниот финансиски термин кој го дефинира овој однос на исплатена дивиденда спрема нето-добивката се вика dividend payout ratio. Затоа го повикувам раководството на „Титан“ да наброи колку компании во Грција имаа ваков коефициент на исплатена дивиденда кон нивните акционери во последните десет години? Инаку, во развиените западни земји, компаниите кои исплаќаат над 33 отсто од својата добивка како дивиденда, се многу ретки. Оваа е од едноставна причина дека значаен дел од добивката се реинвестира во нови капацитети и капитални објекти, кои придонесуваат кон идниот развој на компанијата, а преку тоа и општеството.

Вториот придонес на „Усје“ кон „општеството“ бил за нови инвестиции во опрема и инсталации од 45 милиони евра. Оваа претставува стапка на инвестирање од само 20 отсто, споредено со вкупната нето-добивка во последните десет години. Зошто „Усје“ не инвестираше се' што е потребно и неопходно за да се сведе испуштањето на јаглероден диоксид и други гасови и штетни материи на апсолутен минимум? Жителите на Кисела Вода и Припор најдобро знаат што значи да се живее во близина на „Усје” во моменти кога се испуштат овие штетни гасови во атмосферата. А државата цело време молчи!

Третиот придонес на „Усје“ кон „општеството“ бил преку надоместоци кон државни и локални институции од 20 милиони евра. Значи, државата и' ги дава на „Усје“ неопходните природни ресурси на неограничено користење, за да добие даноци и придонеси од едвај 10 отсто од добивката на компанијата. Последните два придонеса на „Усје“ кон „општеството“ биле исплатата кон локалните доставувачи од 25 милиони евра и исплатите на вработените за плати, надоместоци за пензии, социјално од 83 милиони евра. Локалните доставувачи и вработените се во функција на остварување приходи за компанијата. За каква општествена одговорност станува збор ако „Усје“ ангажира вработени и доставувачи кои се неопходни за остварувањето на сопствените цели и потреби? Конечно, „Усје“ наведува некакви програми за обука, донации и стипендии кои претежно се наменети за вработените и нивните семејства и го смета како „општествена одговорност“.

Вистинската корпоративна општествена одговорност, за компанија како „Усје“ значи дека таа не одговара само пред сопствените акционери, туку е одговорна и за придонесувањето кон економскиот и општествениот развој на Македонија. Всушност, ова е и универзално прифатената дефиниција на поимот „корпоративна општествена одговорност.“ Но, имајќи ги предвид специфичностите со „Усје“, одвојување на фонд од најмалку 50 милиони евра во наредните десет години, стриктно наменети за поддршка и развој на македонското општество преку изградба или реновирање школи, медицинска инфраструктура, стипендии за студенти од сиромашни фамилии итн. би бил единствениот начин оваа компанија да му врати нешто значајно на македонското општество. Општествените потреби на Македонија се големи, така што самата компанија може да си избере кои проекти ќе ги поддржува. Единствен предуслов би бил целосна транспарентност на начинот на кој „Усје“ ги троши овие средства. Ова би бил единствениот начин на кој и компанијата „Усје“ може доброволно да придонесе кон македонското општество, а тоа да биде задоволно дека, сепак, некои грешки од минатото, колку-толку, може да се исправат за доброто на сите.

Но, ова почитувани читатели, веројатно е утопија. Тешко дека „Усје“ ќе почувствува грижа на совеста за абнормалните профити што ги црпи од македонското општество, благодарение на незнаењето, алчноста и корумпираноста на некои македонски менаџери и политичари кога компанијата била продадена на „Титан“ . Затоа, постои начин на кој државата на легитимен начин може да создаде рамнотежа меѓу легитимните аспирации на „Усје“ за максимизирање на добивката, и фактот што „Усје“ користи природни ресурси што му припаѓаат на целото македонско општество. Токму на таа тема ќе биде посветена следната колумна.

(Авторот е економски аналитичар)


#
Статијата е прочитана 1504 пати.

Испрати коментар

Од: Vladimir Simonovski, Orlando, Florida
Датум: 12.05.2010 05:49:30
Odlicna analiza na Den Doncev. Veruvam deka pocesti osvrti od ovoj vid I za drugi opstveno-ekonomski problemi ke gi izraduvaat citatelite. E sega sto se odnesuva do samiot slucaj na Usje i Titan, toa e problem na dogovorot spored koj e privatizirana dotogasnata opstestvena organizacija. Ne moze da se ocekuva sovest od korporacija dokolku ne postoi zakonska regulative za obvrski na istata i iznesuvanje na kapitalot von drzavata, makar I vo oblik na dividenda. Recisi e nevozmozno da se najde korporacija vo sovremeniot kapitalizam koja ke pokaze sovest. Korporaciite ne se luge, iako Vrhovniot Sud na SAD neodamna gi proglasi za luge so toa sto im dade ednakvo pravo kako i na sekoj graganin da ucestvuvaat vo finansiranjeto na izbornite kampanji, opravduvajki ja odlukata so zastituvanjeto na pravoto na slobodno izrazuvanje. Dokolku Titan napravese vakva zdelka vo Venecuela, drugarot Chavez odamna ke im go najdese krajot, taka sto ke gi promenese pravilata na igra.
Од: Ljubotan
Датум: 12.05.2010 05:57:25
Pa ova go prodadoa nasi lugje na Titan-Grcija.i sega ni kazuvas. kako Grcite ni se krivi!. Pa zarem ne znaes koj bese togas vo USJE.
Од: Afion
Датум: 12.05.2010 06:26:18
Avtorot rastel pod avstralisko vlijanie a pisuva komunisticki raboti?Pridonesot kon opstestvoto odi preku porezot sto Usje go plakja na drzavata.Toj porez vo Avstralija se vika corporate tax.Kazi mi ime na avstraliska firma koja osven toj porez ima drugi "opstestveni obvrski" ?Ima ama ako dobrovolno dava na humanitarni organizacii? Titan i Usje napravile kupoprodazen dogovor. Verojatno da bil drug menadzment vo toa vreme dogovorot bi bil razlicen od segasniot.Toa se finesi.Ne gledam nacin kako bi se promenilo bilo sto bez soglasnot na Titan.Moze ama kje ima posledici po imidzot na Makedonija a zdusno sakame investicii.Grcite mi se odbojni kako nacija ama dogovorot e dogovor.Vo tekstot gledam posredna poraka na avtorot deka toj bi napravil podobar dil.Dali kako toj so Telekom?Zosto ne vmetnavte vo toj dogor "opstestvena" obvrska na novite telekomski gazdi da dadat neogranicen broj na impulsi vo mestoto na ziveenje i na gragjanite i na firmite za fixna mesecna pretplata-biznis stimul.
Од: Petar Trajkov
Датум: 12.05.2010 06:55:27
Г-н Денчев, би било убаво кога и за Македонски телекомуникации би напишале една ваква статија, бидејки во таа продажба (или распродажба) и вие лично учествувавте и колку знам и се залагавте да се продаде. Ги имате сите податоци и граѓаните ќе може да ги видат од прва рака што всушност се случуваше при таа продажба.
Од: mkm
Датум: 12.05.2010 08:51:22
Другар Дончев, системов во кој што живееме е КАПИТАЛИЗАМ, систем кој за кој што се бориме изминативе 20-тин години. Изгледа дека во текот на вашиот живот во Австралија се ги пропуштиле придобивките на социјализмот, па некако као да ви недостасуваат. Мислам дека не треба да си го трошите времето на вакви теми.
Од: Nato-Jato
Датум: 12.05.2010 09:37:28
Kade e tvojata opstestvena odgovornost sto go sitna telekom . Odgovornosta e na toj sto prodal , a ne na toj sto kupil! Tekstov ti e cisto licemerie i teska demagogija!!!
Од: Do Petar Trajkov
Датум: 12.05.2010 09:39:58
Poentata na ovaa kolumna e profitabilnosta na Usje i isplatenite dividendi sporedeno so cenata koja Titan ja Plati. Telekom isto taka e profitabilno pretprijatie i isto taka plaka dividendi, no MATAV plati 360 milioni evra ne Drzavata za 51%. Procitaj ja prethodnata kolumna da se potsetis kolku Drzavata dobi od prodazbata na Usje
Од: Nikola
Датум: 12.05.2010 10:45:18
Nikoj ne gi spomnuva otpustanjata na vrabotenite minata godina, tie luge sega ja tuzat kompanijata .Da vidime sudstvoto nase dali ke dozvoli grkot da vmesa prsti tamu??? Sramota ..ostanaa na ulica .... Drazavata so prst ne mrdnuva kade se iznesuva profitot
Од: pogled
Датум: 12.05.2010 10:55:03
Уште кои други продадени фирми на странски инвеститори треба на Македонија да и дадат по најмалку 50 милиони евра годишно врз основа на предложениот принцип на “корпоративна општествена одговорност“?
Од: magdalena
Датум: 12.05.2010 10:58:21
Tragicno e da se procita eden vakov populisticki komentar, od licnost sto se potpisuva kako ekonomski analiticar. Vie gospodine Doncev, pravite edna populisticka zabluda. Zarem investitoriter se krivi, sto kupile nesto sto se prodavalo i investirale vo toa sto go kupile. Vie za zal ste vo komunisticki film i pisuvate tezi sproitivni na osnovnite postulati na pazarnata ekonomija. Zasto vakov plan za fond od 50 milioni evra za opstestvena odgovornost ne mu predlozite na Makedonski telekom, vo cija privatizacija ucestvuvavte? I dali ovaa kompanija isto taka gi ispumpuva profitite nadvor? Napravete edna analiza. Samo tesko na Makedonija so vakvi analiticari so politicki ambicii. Ve molam ostanete si analiticar i taka hartija se trpi
Од: realist
Датум: 12.05.2010 11:04:05
Koga ke odgovaraat predavnicite na makedonskiot narod ??? Site tie sto go prodavaa nacionalnoto bogatstvo bez da pomislat na interesite na narodot, treba da odgovaraat i da bidat kazneti !!! Vreme e da se oformi stolb na sramot na koj ke bidat istaknati iminjata na sekoj politicar, bozemen patriot, koj za odreden procent dozvoli milionski sumi da se odlevaat od Makedonija !!! Ke prestane li nekogas taa praksa ???
Од: јас
Датум: 12.05.2010 11:12:18
ЌУТИ !! Барем ТИ не збораувај за неправедно продаденакомпанија !!! Зарем толку бргу ја заборави продажбата на Телеком ( или во меѓувреме ги потроши паричките од провизијата од продажбата )?? Да те п��тсетам !!! За овие десет години од кога Телеком е продаден секоја година читаме за големата дивиденда која е поделена .За парите кои Унгарците ги префрлија на свои сметки во Унгарија ( и за матните зделки притоа )..А за тоа време македонскиот граѓанин плаќа најскапи услуги во регионов ..Затоа , не ми се прави тука многу паметен !!
Од: Лаброски_М
Датум: 12.05.2010 11:13:49
Не знам зошто воопшто сте го зеле УСЈЕ за обсервација. Многу поинтересен е Жито лукс. Таму на пример нема никаква добивка никогаш до сега. Како недоволно капитализирана фирма добивката најверојатно се прелева во преку соработка со фирмите во Грција сопственост на владеачкиот капитал од Грција. За каква општествена одговорност може овде да стане збор освен некакви мали плати за вработените. Но за волја на вистината соодносот кој овде го анализирате чиста добивка / вкупен приход е сличен и во Телеком. Intel на пример во 2008 година остварил 37 милијарди $ а 9,5 милијарди $ чиста добивка. Но многу поитересно за анализа е однесувањето на менаџерските тимови во недоволно капитализираните компании во Македонија, за кои многу поатрактивно е работењето зад грбот на акционерите одколку остварување на чисти добивки на АД, а за општествена одговорност не станува ни збор. Поздрав.

Најди! во Утрински
Насловна
Богати мајки
Зденко
Старите возила носат нови главоболки
Авантуристички старт на Канскиот фестивал
Антикорупциска ги стресе институциите
Никогаш повеќе нема да се мажи
Изложба на белите слики на Петар Мазев
Верскиот самит помина, пропустите останаа
Македонија ја презеде палката во Стразбур
Светот се дружи со Македонија преку Си-Ен-Ен
Во НАТО и во ЕУ – безусловно сега
Весниците го имаат главниот збор во Јапонија
Чекањето во банка ги излудува граѓаните
Ѓоко Танески замина за Осло
Ситуацијата во Британија се заплеткува
Гостиварец спаси дете – давеник во Вардар