Бугарските возила произведени пред 1994 година не може да се легализираат во земјава
Александрија Стевковска
Бугарските возила никако да се закитат со македонски регистрации. Имено, автомобилите увезени од оваа соседна земја, произведени од 1988 до 1994 година со Еуро 1 стандарди, увозниците не можат да ги легализираат, бидејќи не се компатибилни со условите за увоз содржани во Правилникот за увоз на стари возила.
Така, се доаѓа до ситуација владината одлука да нема позитивен исход за граѓаните кои увезле возила од Бугарија, бидејќи таа беше донесена најмногу токму за таа цел, легализација на бугарските автомобили во земјава.
„Беше објавено дека ќе можат да се царинат и увезуваат сите возила што исполнуваат Еуро 1 стандард, со мала предност на сите возила со бугарски таблички. Меѓутоа, тоа не е вистина. Јас сум сопственик на такво возило, побарав да извадам тив - таканаречен стандард на возилото без кое не може да се царини или увезе во нашата држава. Од германска страна добив образложение дека тоа не можат да го издадат, бидејќи колата имала Еуро 1 стандард. Таа е произведена пред 1995 година, а македонската Влада не дозволува да може да се увезат, односно царинат такви возила. Што да прават сега македонските граѓани, сопственици на бугарски возила? Да ги фрлат и запалат или да ги вратат во Бугарија и да ги продадат таму речиси за без пари“, револтиран е еден сопственик на возило, кој по и-мејл се пожали во нашата редакција.
Ова го потврдуваат и увозниците на половни возила. „Најголем дел од бугарските возила се со датум на производство пред 1994 и поседуваат стандарди кои не им дозволуваат легализација во земјава, иако Владата најави дека ќе направи промени во Правилникот, кои ќе овозможат токму овие возила да се регистрираат со македонски таблички. Сепак, со строгите правила за увоз сме ставени во ситуација бугарските возила да продолжат да се возат со бугарски таблички. Освен проблемот за неможност да се пререгистрираат бугарските возила, давачките за увоз на стари возила речиси не се променети, што влијае на тоа крајните продажни цени сега да се исти, па купувачите не се воодушевени од она што треба да го платат за да се ’подноват‘ со стари возила и често се откажуваат од таа своја намера“, вели Љупчо Трајковски, увозник на половни возила.
Од Министерството за економија, кое е доносител на одлуката за либерализирање на правилата за увоз на стари возила, засега не најавуваат дополнително олабавување на условите за увоз. „Возилата кои не ги исполнуваат условите за увоз наведени во Правилникот не можат да се легализираат тука. Засега нема можност за дополнително олабавување на критериумите за увоз, бидејќи тоа не е побарано од нас. Процедурата за менување на некои одлуки подразбира свикување на состанок и разгледување на иницијативата за промена на условите за увоз на половни возила. Досега немало таква иницијатива“, вели Селвет Барути од Министерството за економија.
Автомобили��е постари од 1995, кои не можат да ги исполнат техничките критериуми, имаат рок за пререгистрирање до септември, бидејќи потоа ќе стапат во сила законските мерки предвидени со царинскиот закон, односно ќе биде дозволен престој на возила во земјава со странски таблички од само шест месеци во годината. Доколку до септември сопственици на овие возила не ги пререгистрираат, ќе плаќаат и казни. Согласно со измените на Правилникот за увоз на стари возила, до средината на август 2010 се овозможува увоз на патнички возила со Еуро1 стандард, односно, зависно од моделот, на возила со старост и до 18 години. Во следните шест години е овозможен увоз на возила кои исполнуваат Еуро2 стандард.
Инаку, намалените давачки кон државата по основа на царина и акциза за увоз на стари возила, наместо да го оштетат државното кесе, тие дополнително го полнат. „Царините за увоз на возила се намалени, но зголемен е увозот на автомобили, што дава позитивен финансиски ефект за буџетот. Така доколку за цела година лани се увезле 2.900 половни возила, сега, од 13 март до 10 мај се увезени 13.658 возила, од кои се оцаринети 13.165 возила. Од нив само околу 1.000 се нови возила. Зголемувањето на масата за царинење ги зголемува и приливите од давачките за државата“, вели првиот човек на македонската Царина, Ванчо Каргов. Што се однесува до незабележителната промена во крајната цена на возилата, како резултат на намалените царини, Каргов го објаснува тоа со малиот процент на намалување на царините за европските автомобили, од 2 на 1 процент. (А.С.)
za da se isprazni drzavata od bg avtomobili treba vladata da svede zakon za site drzavjani na RM so bg pasos voedno i bg avtomobili da im dade moznost besplatno da si gi prefrlat avtomobilite na mk tablici - so toa sto drzavata ke ima koris tuka ke se registriraat tie vozila a ne vo bg
toa e moeto mislenje
Од: Dime
Датум: 12.05.2010 00:59:32
Kolku sto se sekavam pred da se namalat akcizite vladata potncirase deka starosnata granica na vozilata da bide najmnogu do 13 god.
Од: kiro USA
Датум: 12.05.2010 02:59:49
Vo drzava so standard za "Magarinja" bez industrija za avtomobili , ne gi ispolnuvaat tehnickite potrebi so BG tablici postari od 95 ta god. Koga prasav za informacii za da uvezam kola od SAD mi velaat deka ne e sigurno deka ke gi ispolni tehnickite uslovi . Zboruvam za 2005 god kola!!. Pa kakvi tehnicki uslovi vi treba gospodo??Eve 0.5ks ekoloski 100%, koristi treva, so zastiten filter od izmeti , koj ke moze da se koristi za gubrenje na pocvata , i ima nekolku namenski koristenja: vozenje , rabota po niva, a moze i za drugi potrebi zavisi od zelbite na vozacot.Kolku e akcizata za vakvoto vozilo so MK standard???Smesni ste .
Од: usa
Датум: 12.05.2010 04:08:47
Sto se desavat so usa kolite ke mozat da se registriraat ili ke cuvame kokoski vo niv
Од: stavre gevgelija
Датум: 12.05.2010 05:06:55
Za ovie so BG tablicki neka drzavata vovede vinjeti po 50 denari na den pa neka vozat kolku sakaat.
Од: Borkata
Датум: 12.05.2010 07:21:16
Pa naravno ke treba da gi vratat vo Bg za prodazba. Tie zedoja Bugarska kola, gi polnea kasite na bugarskiot bujet za da vozat pouba, no "poeftina kola". Sakaa da plakaat i "poeftina" registracija, poeftin zelen karton, voedno pravejki gi site tie sto vozat so Mk tablici kako da sme budali. I sega sakate i "profit" da napravite na kolite sto ste gi donele od Bg. Cekaj malce shefe, a sto za ilijadnicite nas sto plativme normalni davacki za koli od Germanija? Znam da nasata drzava e vicot na balkanot so carinite besmisleni i da celata drzava e za nigde, no ne e resenie da vozis stranska kola kaj nas, i da mozish da ja legalizirash bes trosoci i bes problemi poradi faktot da sekoja petta kola e bugarska!! Vasa odluka da ja kupite kolata od Bg, vas problem da ja reshite. Retko se slozuvam so vladata (ustvari ova e prv pat), no zemete to dobroto so losoto, i kako sto rece: frli ja, ili prodaj ja Bugarija.
Од: Dusko
Датум: 12.05.2010 08:57:54
Imam vozilo na BG-tablici,i sakam da se vklucam vo diskusijata za legaliziranje na ovoj tip na vozila.
Na kratko samo, imam pezo 306 1.9tdi,godina na proizvodstvo 1996(07.10.1996g.),ima aerbeg,elektrika na retrovizori,prozori,centralna brava i red drugi raboti,no na TIF od Minhen ne pomina ova vozilo, iako megu prvite se obidov da go legaliziram.Od spediterite razbrav deka za da pomine sigurno polovno vozilo od uvoz, radi uslovite sto gi bara ministerstvoto za ekonomija preku homologacija, vozilo pod 1998god. mnogu tesko moze da pomine TIF.
Toa sto rekoa od 1992g. toa bese od politicarite najverojatno samo za pred kameri, vo realnost sosema e drugacie.
Од: Скопски
Датум: 12.05.2010 08:58:27
„Што да прават сега македонските граѓани, сопственици на бугарски возила? Да ги фрлат и запалат или да ги вратат во Бугарија и да ги продадат таму речиси за без пари“
Пази пази молим те, се жали граѓанин по емаил?!
Ги купија за џабе пари, ги возеа десет години и сега сакаат да ги продадат дупло од што реално вредат и од цената што они ја платиле?! Ова само македончето го може и никој друг на овој свет!!!
и нормално Грујо е крив за се. Крив е што не ви ги конфискуваше одма кога дојде на власт на вас сите продадени души, гробот од бабите што си го продадовте за 2000 лева!!!
Од: do Borkata
Датум: 12.05.2010 09:25:59
Da vo pravo si no nikoj ne spomnuva deka R.M ima korist i od BG kolite- zosto?
Pa site tie koristat tuka BENZIN a derivatite se so golemi akcizi i DDV taka da drzavata Makedonija ima dobivka od stranskite koli istot taka sakam da potenciram dobro e sto vo MK ima poevtin benzin od sosedite taka da sekoj Srbin,Bugarin,Grk i Albanec koga doaga vo MK.si go polni rezervoarot tuka a so toa ima i samata drzava korist
Од: Bugarin
Датум: 12.05.2010 09:55:49
Ova e sramota, vakov teror sto se pravi vrz Bugarskite Drzavjani vo MK. Nemoj da zaboravite deka nie Bugarite sme vo EU i nemoj da ne lutite da vi udarime stop za EU i NATO. Togas ima da placete, nie ne sme krivi sto makedonskata vlada ve pljacka i tripati poveke placate davacki za avtomobili, zeleni kartoni i drugi stvari. EH MAKEDONCE PASI TRAVA :)
Од: Zoki
Датум: 12.05.2010 10:11:37
Па нормално, буџетот е важен за да можат неконтролирано да трошат, а лугето кој ги 'шиша'. Сиромавиот двапати плаќа.
Од: vasko
Датум: 12.05.2010 10:18:26
Prvo sekoja cest za statijata!Redno beshe nekoj da kazi za taa golema laga na ovaj zakon,kakov standard i uvoz i legalizacija na avtomobili so Euro 1 standard, toa e laga. Toj sto ne gubel vreme nedeli ne znae.Zosto lazat?Zosto ne mu dozvolat na bugarskite koli da gi registriraat tuka, bez razlika na standardi i ne znam sto uste ne? Pak ke plakjaat registracija tuka i pak ke se polni drzavnata kasa.Legalizacija na Euro 1 avtomobili e cista laga!A Borka sto ne sakala da ja polni bugarskata kasa, pa ja napolnile germanskata toa e nivni problem,komentarot e besmislen. Uste ednash blagodaram za objavenata statija i pokrenuvanje na toa prashanje vo javnosta, namesto da se lazi, treba da se sprovede nesto vo delo. Ne saka samo cukanje po gradi i polnenje na kasata na grb na siromashniot narod. Treba zakon sto navistina ke donesi dobro na toj narod! Pozdrav i sekoja cest na redakcijata!
Од: stipjanec
Датум: 12.05.2010 11:17:56
"Да ги фрлат и запалат или да ги вратат во Бугарија и да ги продадат таму речиси за без пари“.. pa oni i gi kupija za bez pari..prodadea se za eden pasos i za edna kanta kola a sega sakat da ja napravat na makedonski tablici. Ja ke im kazam so da napravat... da si ja odnesat u BG i tam da si ja vozat.. pa ako slucajno nekoj policaec gi fane kako pominuvat na crveno..neka izvadat makedonski pasos..i neka se zalat deka namerno gi kaznuvat oti se makedonci.. Prvo donesea koli ..pa posle pocnaa da taxirat so niv megjugradski..pa videa trgna im bizniso..pa pocnaa i kombinja da nosat... a sega vekje i kamioni.. taka da neka ne se zalat nogu oti dosta vozija bez da platat nikakva davacka na drzavata , a nie moze da plakame po 10000 den sekoja godina za registracija i da vozeme po mizerni patista..
Од: mene
Датум: 12.05.2010 13:17:46
Bravo na komentarot Stipjanec....Zarem site sega sto kupuvaat polovni avtomobili ne sakaa da si kupat polovno vozilo togas koga doticniot gospodin si kupil BG kola?!?Sakaa,ama od bilo kakvi pricini ne go napravile toa...A jas da plakjam za da gospodata so bg tablici gi gazat MK patista,a ni denar nbe plakjaat za toa?!?
Zapalete gi prodadete gi sto sakate pravete....za toa trebase da mislite pred da gi kupite ...
Од: SE ZNAE ISHODOT
Датум: 12.05.2010 14:06:27
So vakov glomazen,neefikasen a skapo platen drzaven aparat koj ostanatiot narod go smeta samo kako ovci za strizenje za tie i nivnite semejstva da uzivaat od danoci carini akcizi i globi a pri toa ostatokot so decenii da ne oseti podobruvanje na zivotot se znae ishodot.Zemanje drug pasos i zaminuvanje zasekogas ili grcko scenario ( mislam na demostracii -ama so vreme deka posle ce bide kasno). .EJ !!!!!!! Vo 21 vek da ne se mozi da se vozi nekoja poevtina kola pa makar i polovna Za bugarija da ne pravime zbor .Albanija ne ostavi na opaskata na balkanot .Kaj nas vo Struga ni se smeat na jygovci i zastavi a pred 10 godini nemaa ni magarinja.Nie za zal imame mnogu magarinja pa zatoa zivotot ni e kuceski.
Од: mihajlo
Датум: 12.05.2010 15:06:03
Vo osnova ne go poznavam dobro zakonot,no sepak si zemam sloboda da komentiram.Ovie personi koi so godini nanazad,ne samo avtomobili tuku voedno i pasosi Bugarski zemaa,samo zaradi kupuvanje na polovni vozila ili odenje vo taa evropa.E sega dojde vreme za "placenje".Za prv pat upatuvam cestitki do vladata za eden vakov zakon.Znam deka nekoj ce rece deka makedonceto se siti na komsijata,no i komsijata ne se trpese.Imam komsija koj vo familijata imaat 4 vozila ( site vozrasni clenovi).Site vozila se so tablicki BG.Ama i pasosite im se BG.Aj zravo,napred Makedonijo,mozeme i bez ovie koi se prestavuvaat kato tuzinci.