Број 3280  среда, 12 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Мислења

Во НАТО и во ЕУ – безусловно сега

Зоран Иванов

На Македонија и' се потребни лидери. Храбри, одважни луѓе со чувство за иднината. За новите времиња на идните генерации Македонци

АМБИЕНТ

Како што сега, оваа пролет 2010 година, стојат работите, шансите за решавање на спорот со Грција се нула. И освен на неколкумина од европските ентузијасти, тоа им е познато на сите, дури и на посредникот. Кај нас, поради својата немоќ и политичка кусогледост, за последиците не мисли ниту власта ниту доволно силно алармира опозицијата. И едните и другите се фатиле за идентитетот. Бараат гаранции и тоа на писмено и заверени во ООН. Зар бојата на гласот на Вања Лазарова не е нашиот идентитет. Зар тоа не се настапите на Симон Трпчевски на најпрестижните светски сцени. Зар тоа не се „Сердарот“ на Прличев и јазикот и писмото на Мисирков и на Конески. Нели се тоа „Тешкото“, „Бапчорките“ или звуците од Долнени. Хераклеја и Стоби или „Тутуноберачите“ и „Ленка“. Не се ли тоа Илинден, Антифашистичката борба и АСНОМ, 8 Септември. Зар тоа не се Панчев и Пандев, Мартиновски и Коџоман, „Св. Јован Бигорски“ и „Св.Спас“...

Но, кому сето тоа сега да му се објаснува? Кому да му се посочува бескрајниот идентитетски список од историски и од актуелни вредности во сопственост на македонскиот народ и нација, кога не разбираат дека ние треба веднаш да сме во НАТО и во ЕУ. Сега веднаш и тоа токму во име на македонската државна творба за која македонскиот народ пред 65 години се избори и пред дваесет години ја потврди можноста да ги претстави и во светот да ги промовира своите посебности. Конечно, и како рамноправен меѓународен државен субјект, македонскиот народ во сопствена институционална творба ги вгради и ги кодираше своите традиции, култура, јазик и писмо и останатите уникатни македонски идентитетски вредности.

Денес, за Република Македонија и за нас, нејзините граѓани, повеќе не се предизвик ООН, името и идентитетот. Нашиот предизвик за да останеме во трката, сега се НАТО и ЕУ. Тоа е контекстот на оваа македонска етапа. Тоа е рамката што денес треба постојано да се има предвид кога каде било и на кое било ниво се отвора тема за спорот со името. Прашањето за името прерасна во меѓународен проблем оној ден кога Македонија влезе во ООН. Во тој момент спорот замрзна. Оттогаш, ниту македонските ниту грчките политички елити сторија нешто за негово надминување. Ниту, пак, и едните и другите, оваа генерација политичари и овде и таму умеат да го надминат. И за едните и за другите тоа е токму тема за секоја прилика. Убаво покритие за замајување на граѓаните, за одвлекување на вниманието од егзистенцијалните и од развојните теми. Политичките елити на Грција место со внатрешните проблеми, ги мавтосуваа својата, нашата, меѓународната јавност со името и со идентитетот на нашата држава, па земјата ја одведоа во банкрот. Политичките елити на Македонија, ни малку поразлично, ја мавтосуваа и нашата и меѓународната јавност со името и идентитетот, па и овде се наѕираат финансиски дубиози што водат во финансиски и општествен крах.

Грчката политика во спорот прегреа. Преговорите ги направи толку неплодни што нејзиниот проблем, не со идентитетот, туку и со името на нашата држава, остана нерешен. Толку безобразно побара да го преименуваме идентитетот во сите негови пори, толку високо ги постави своите црвени линии што, место епилогот да е компромис, ни направи неповторлива услуга со фактот што остварувањето на барањата го направи неможно. Таа сама си ги врза рацете, се заплетка во сопствената ароганција и ни го остави на раат нашиот идентитет. Па, од тој факт, од тој грчки автопораз, ние немаме ништо. Надвор сме од евроатлантското друштво, не сме во првата лига. А во оваа етапа да сме таму, за нас е од животна важност. Тоа што Грција се себепорази, е мала, никаква утеха. Наша единствена шанса за безбеден, стабилен и хармоничен општествен напредок е замрзната токму во грчката недоблесност да испорача понуда за објективен компромис.

Сега токму грчките политичари ќе мора да најдат сили преговорите да ги вратат на главниот пат. Да и' дадат можност на македонската позиција, на посредникот и на инволвираните меѓународни фактори, за дефинирање на „разумниот компромис“. Во превод тоа би значело додавка за именување на земјава во ООН, но и игнорирање на темите за именување на македонската нација и на нашиот македонски јазик. Но, се разбира, токму именувањето на нацијата и на јазикот се суштина на спорот што го предизвика Грција. И токму таа констатација упатува на фактот дека спорот нема да се реши. Не во неколкуте наредни децении. А каква гарнитура грчки политичари и во какви меѓународни околности кон средината на веков ќе ја раководат нивната земја е неможно сега да се предвиди.

Затоа е можно сегашниве гарнитури наши политичари да бидат мудри. Да се охрабрат и да ја внесат земјата во НАТО и во ЕУ. Ако треба, условно и формално. Со некаква именска дефиниција. Наменска за „европските и НАТО-потреби“. Формула од која Грците и кој било друг од тоа друштво и да сака, не ќе може да изведува реални идентитетски формулации. Ќе биде важно да се остави аманет и меѓународно-правен институционален заштитен материјал што во, сепак, догледна иднина, во времињата на информатичките и биотехнолошките генерации што навлегуваат во 21 век, проблемите што сегашниве Грци ги имаат со нас, неминовно и за нивните следбеници - ќе станат неразбирливи и смешни. Впрочем, по големите децениски неправди што продолжуваат и се манифестирани и сега со грчкиот каприц, сепак, правдата како цивилизациска вредност, ќе надвисне над силата. И за Република Македонија и за нас Македонците, и во меѓународните релации, работите секако ќе си дојдат на свое место.

Но, на Македонија сега и' се препотребни НАТО и ЕУ. За патот дотаму, пак, и се потребни лидери. Вистински луѓе со визија. Храбри, со чувство за иднината. За новите времиња што им припаѓаат на младите генерации Македонци на кои треба да им овозможиме да растат со европските вредности. На Македонија и' се потребни луѓе со политичка доблест што ќе ги игнорираат грчките небулози и ќе ги остават нашите соседи да уживаат во сопствените заблуди. На Македонија и' се потребни водачи што, како и да ја нарекуваат таму, безусловно ќе ја седнат на масите на НАТО и на ЕУ. Лидери што ќе разберат дека за ова време, за овој век, македонската безбедносна и идентитетска масада се НАТО и ЕУ. Таму е нашето безгранично поле за рамноправен натпревар меѓу народите.

(Авторот е новинар)


#
Статијата е прочитана 1742 пати.

Испрати коментар

Од: Петар, Лондон
Датум: 12.05.2010 00:23:50
Добро, што зборува човеков, се поби самиот себе во едно милион наврати. Боже пази. Празни приказни!
Од: ohriganec
Датум: 12.05.2010 00:37:55
I stom ke vlezeme vo NATO i EU ke tece med i mleko doma ke sedime a plata od 5000 evra ke zemame. ni rabota ni nisto nema da ni treba.Lepota..DAj svestete se malku ne ste deca.I bugarija i romanija i polska i litvanija i red drugi vlegoa i se sredi se tamu...Namesto samite da se trudime da si go podobrime zivotot ke cekame na evropa.E evropa dava ama I MOLZI....
Од: nekoj
Датум: 12.05.2010 01:01:25
Bravo za tekstot i pozdrav do site pro-evropski nastroeni makedonci. Mestoto na Makedonija e na ista masa so ostanatite evropski narodi. Imeto voospto ne e precka, tuku krimi-vladite na Makedonija, na koi ne im odgovara red i poredok. Evropa sega vi nudi, ako ne vi se dopaga nikoj nema da ve drzi so sila tamu :D Ako pak se cuvtvuvate pomali makedonci kako slavo-makedonci sto vprocem i ste, togas pak nikoj nem da ve drzi so sila, napustete ja EU. No zosto da ne se proba? Mnogu cudni se nekoi luge, se svakaat kako zdravo za gotovo. Resenieto e da se igra mudro. Nie sme drzava sozdadena vo 1945 i mora da prodolzime da postoime i ponatamu! Neka ne ve laze Gruevski ... A za site onie plateni vmrovski komentari mozam da kazam: kazete kolku ve plakaat, jas ke vi platam poveke za da pocnete da razmisuvate so svoja glava :D
Од: Vangel
Датум: 12.05.2010 03:25:00
Ve molam site da mi kazete kade Grcite rekle deka samo ako stavime dodavka Severna, ce zarvsi problemot? Koga ce potpisat jasno i glasno deka povece nema da baraat, togas ce receme ajde... a vaka imeto pa nov ustav... eve i "nasa ucena". Ako posle baraat bilo sto, bezuslovno da ni go vratat Egejot. I taka i taka ce se raspadnat bankrotiranite problematicni komsii.
Од: Vladimir Simonovski, Orlando, Florida
Датум: 12.05.2010 05:18:42
Dobro bre Zorane, go procita li tekstot pred da go objavis? Si zapnal deka identitetot ne e biten i ne e precka za integracijata na Makedonija vo EU I NATO, a potoa veils deka tokmu Grcija ne poprecuva vo evrointegraciite i pritoa ne nudis nikakov predlog kako toa da se resi. Velis: Со некаква именска дефиниција. Наменска за „европските и НАТО-потреби“. Epa poveli kazi kakva e taa imenska definicija, pa zgora i namenska! Eden Ajvar mora da go pisuvame Ajver oti Slovencite pravno go zastitija imeto, a ti sakas nekakov kompromis okolu imeto na drzavata za koj sto ocigledno ne postoi volja kaj juzniot sosed. Ne im go mati pametot na citatelite so toa sto e makedonskiot identitet, zasto site go znaeme toa. Tuka stanuva zbor za PRAVEN IDENTITET. Ti si denes Zoran Ivanov, no dokolku utre go promenis imeto vo Zoran Ivanovski, toa ke bide tvojot edinstven praven identitet, I pokraj toa sto ti ke ostanes istata licnost. Resenieto treba da se bara vo Hag I OON so pomos na megunarodnoto pravo.
Од: В. Кратовалиев
Датум: 12.05.2010 07:06:59
Статијата, не треба воопшто да се коментира, бидејки авторот настапува во стилот: "Сакам кажам, незнам речам"!
Од: Лазо Стефанов
Датум: 12.05.2010 07:29:54
Само влез во НАТО и во ЕУ е мудра политика. Се друго е национал романтичарско тропање слама.
Од: Зарем е прифатливо да не нарекуваат како и да било???!!!
Датум: 12.05.2010 07:57:00
Не разбрав зошто после толку тешки векови опстојување на Македонците и на Македонија токму “сега и' се препотребни НАТО и ЕУ“? На Македонија и' биле потребни “водачи што, како и да ја нарекуваат таму, безусловно ќе ја седнат на масите на НАТО и на ЕУ.“ Каква невидена бесмислица!! Го молам авторот да ми одговори како тоа безусловно ќе не нарекуваат како и да било??? Свесен ли е дека со вакво пишување само нанесува штета на Македонија?
Од: pameten
Датум: 12.05.2010 08:41:52
Ima samo edna zagroza za identitetot i taa e ... stravot da ne si go izgubime identitetot! Sekoj identitet vo pochetokot se gradi na mitovi, no koga stane zrel nema problem da se soochi so svojata vistinska istorija. Shvajcarskiot identitet ne bil zagrozen koga lugjeto nauchilo deka Vilhem Tel ne postoel. Koga ja najdeme hrabrosta da objavime deka Antichka Makedonija e del od Grchkoto nasledstvo, a Samoil, Prlichev, Miladinovci i t.n bile Bugari (i ovo nasledstvo ne mozheme da go podelime, no mora da go spodeluvame so Bugarite), no i deka denes nie sme Makedonci i nishto drugo poshto imame posebna i unikalna moderna istorija, site sporovi kje se rashat prekonokj. I kje vlezneme vo EU i NATO bez uslovi.
Од: Трпе
Датум: 12.05.2010 09:02:55
Какво НАТО,каква ЕУ,по кажувањата на некои зарем тие нема да се распаднат.А ние и така и вака сме јака економска и безбедна земја.Како ЕУ што го зема примерот на организирање на државите од СФРЈ,денес треба да учат од РМ.Па нели сме една од најстарите наци познати по храброст,патриотизам а и по способности за раководење.Сите си живееме срекно како во бајките.
Од: marina
Датум: 12.05.2010 09:04:18
Odlicen komentar, bravo za tekstot. I jas se soglasuvam so onie koi zboruvaat deka sme za vo EU. toa e nasata idnina.
Од: Nikola-Vlav od Germanija
Датум: 12.05.2010 09:04:28
Avtorot pisuva:"Лидери што ќе разберат дека за ова време,за овој век,македонската безбедносна и идентитетска масада се НАТО и ЕУ.Таму е нашето безгранично поле за рамноправен натпревар".Poentata e na mesto!Bravo!Osven sto vlasta samo deklarativno se zalaga za evroatlantskite integracii,vodi i rasipnicka financiska politika.Koj domakin pri zdrav razum se zadolzuva so skoro 5pati pogolema kamata koga ima uslovi za pomala stapka?Zagrizuva podatokot sto uste mnozinstvo bukvalno kako slep za stap mu veruva na Gruevski namesto da se uveri deka od golemite vetuvanja ostana samo demagoskata DPMNE-Programa.Verovatno se dolzi na toa sto narodot vo SDSM ne gleda alternativa i opravdano(!) se sekjava na Brankovoto vetuvanje za "vrabotuvanje po sekoj clen od familija" vo 2002.Nedostasuva treta politicka opcija vo MK,koja so garant bi pretstavila seriozna konkurencija za dvete ispotroseni partii DPMNE i SDSM.Apeliram do Srgjan Kerim sto pobrzo da go pretvori DEMOS vo Partija.Od forumi nema potreba!
Од: Saso Germanija
Датум: 12.05.2010 09:57:50
Vo staro vreme ja cekavme Rusija, ama 1878 koga padna Turcija "humaniot" Zapad ne' vrati vo race na sultanot, namesto da sozdade mak. drzava. Sega bratce da si ja cekame pak Rusija, energetskiot gigant da se bratimi so NATO i EU i so nea da vlevame tamu. Ne e shala sto ne opomenuva Riker. Znacvi spasot e so Rusija vo koja swega marsiraa site zaedno. Glup nsrod sme.
Од: Јован АН
Датум: 12.05.2010 10:07:16
Дека е важно да “влеземе“ во ЕУ и НАТО согласни се сите.Но цената која се бара е преголема и за св.ЕУ и за св.НАТО.И тоа само за датум за преговори?!?На колумнистот му е јасно дека промената на името носи и промена на идентитетот.Не верувам дека не го знае тоа!Барање на гаранција за идентитетот е идиотска работа.А за моментот кој го потенцира авторот се поставува прашање - како ли опстануваат мнозинството држави во светот,(маѓу кои и Кина,Индија,Русија,Бразил,и др.),а не се членки на овие организации?
Од: eu
Датум: 12.05.2010 11:28:04
avtorot malku pliva imeto nee vazno ama grcija bila bezobrazna???da treba vo eu pridavka nee opasna vo odnos sto ce se dobie a na onie kako ohrigjanec sto ce ni donel eu?pa da vi kazam tuka na zapad pred da vlezat vo eu grcija i spanija imase gastarbejteri od tie zemji stom vlegoa vo eu si zaminaa znaci vo eu ima sigurnost?koi ?pa ima za nevraboteni,bolni,hendikepirani,straci,penzii za site,samata struktura na zakoni pravi da ima blagosostojba za site,kako?n.p.sekoj nevraboten ili hendikepiran ima svoj socijalen sovetnik koj go prati i mu pomaga da gi ima site gradjanski/materijalni prava ............znaci nema zima za nikogo a ako e loso sto nitu edna zemja ne izleze pd eu dosega?vidi samo na grcija i davat 700milijardi evra samo zatoasto bila neodgovorna a mkd maka maci nema 2milijrdi evra za budzet,uvoz,bolnici,bolni a da ne kazam deka 50% postari od 65god vo mkd nemat voopsto penzija a socijala 700den i.t.n.
Од: snajper
Датум: 12.05.2010 11:44:41
Da bezusloven priewm na drzavata vo NATO i EU. A lazna e utopijata sto se pravi deka samo graganite od Albanska nacionalnost go barale toa.. Site gragani na drzavata se za ova, i Makedoncite i ostanatite gragani, bez razlika na etnicka ili verska pripadnost. Edna mala grupa na stalinisticki predavnici (nezavisno od pripadnosta) e na zadaca da sitri lagi so poddrska na komunjarskite mediumi pod kontrola na dpmne-sdsm. Ali tuka ke zavrsi seta ujdurma, go znaat toa i branko i grujo, sitno im se broi.
Од: Киро Велковски
Датум: 12.05.2010 13:38:43
1991 година истите овие викаа не можеме без Југославија и не сакаа да одиме во ЕЕЗ и НАТО. Во меѓувреме 10 пати го сменија мислењето. Опертунизам? Не. Малоумнизам.
Од: do ohrigjanec
Датум: 12.05.2010 13:40:06
Dragi Ohrigjanec. EU i NATO nedavaat plata od 5.000 evra doma da sedis. Nekakva plata dava DPMNE na jurisnicite. EU i NATO ni se potrebni za da opstoi Drzavata., a ne da ja "molzime" ili da ne "molzi" kako sto vekis ti. Osobeno bez NATO, na Makedonija crno i se pise. Ima "orli" na site granici okolu nas koi sakaat da ne "kolvaat". Zatoa ni treba EU i NATO, a ne da lezime i da ni davaat 5.000 evra. Nortmalno, ako sme bezbedni, ke mozeme da ja podobrime i ekonomijata i da imame stranski investicii.
Од: Baj Ganjo
Датум: 12.05.2010 13:56:41
Ej Balkanci , Pobarajte ja definicijata za moderna nacija i postanokot na moderna nacija, So problemot nametnat od strana na grckite nacional shovinisti za upotrebata na zborot Makedonija mnogu raboti na balkanot i vo Evropa uspesno se zamagluvaat. Grckata propaganda potprena so pari za potkup od eftinite zaemi gi maftosuvase i seuste gi maftosuva del od vlijatelnite politicki strukturi vo Evropa i SAD
Од: devicanecot
Датум: 12.05.2010 14:00:33
Зоки, Ако ти се допаѓа оди во НАТО, во ЕУ, во Авганистан ако сакаш и со падобран нека те спуштат, Остави не нас обичните македонци да си мислиме со своја глава.Или гледај ги сите држави што пред нас влегоа во НАТО и ЕУ...што добија, а што изгубија.
Од: trajanka od trubarevo
Датум: 12.05.2010 15:40:18
ima samo edna idnina a toa eu samo nie sme zaslepen narod videte albancite koi gi vikate bile nazadni izlegoa na ulicaa nie?ajde da mu kazeme ne na grujo,ne drzi kako ovci a stop ce izgubi biznismen ce odi vo ceska,bug,a nie pak ovci ajde neka se najde nekoj pameten da ne organizira da izlezeme na ulica da barame surovviot premier da si odi da dade kormilo na drug i da vlezeme vo eu,grujo dojdi vo trubarevo da ti dademe truba da sviris za politika si laik ne dovede do nevidena siromasyija.

Најди! во Утрински
Насловна
Богати мајки
Зденко
Старите возила носат нови главоболки
Авантуристички старт на Канскиот фестивал
Антикорупциска ги стресе институциите
Никогаш повеќе нема да се мажи
Изложба на белите слики на Петар Мазев
Верскиот самит помина, пропустите останаа
Македонија ја презеде палката во Стразбур
Светот се дружи со Македонија преку Си-Ен-Ен
Грчки „Титан“ и општествената одговорност
Весниците го имаат главниот збор во Јапонија
Чекањето во банка ги излудува граѓаните
Ѓоко Танески замина за Осло
Ситуацијата во Британија се заплеткува
Гостиварец спаси дете – давеник во Вардар