Број 3280  среда, 12 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Весниците го имаат главниот збор во Јапонија

Печатените изданија на секој начин ја штитат содржината на онлајн пристапот

ТОКИО - Додека информативните сајтови низ светот се мачат да обезбедат онлајн-приходи, најголемиот јапонски бизнис-весник „Никеи“ неодамна го презентираше новиот „плати па гледај“ веб-сајт. Меѓутоа, ги шокираше читателите со својата тврдокорна политика со која се забрануваат линковите, дури и до својата домашна страница.

Секој што ќе сака да се поврзе со домашната страница на „Никеи“ мора да достави детаљна апликација во која ќе објасни, меѓу другите работи, зошто тоа сака да го направи. Весникот, исто така, му ја одзеде можноста на корисникот на десен клик, потег што го отежнува поврзувањето. Образложението на весникот за политиката завршува со заканувачка забелешка: „Имаме право да бараме отштета за секое непочитување на овие правила“.

„Никеи“ соопшти дека правилата имаат цел да осигураат дека нема да биде нарушено обезбедувањето финансиски средства и да се спречи поврзување со неговата содржина од „несоодветни“ сајтови.

„Никеи“ не е сам меѓу јапонските весници во овој строг пристап кон онлајн- содржината. Таблоидот „Токио спорт“, исто така, ги забранува линковите до поединечни стории и бара таа дозвола за поврзување до неговата домашна страница да биде испратена во пишана форма до неговата редакција, по обична пошта.

Додека строгите правила привлекоа многу протести кај блогерите, некои аналитичари велат дека таквите строги политики креираат радикално поинаков - и можеби паметен - пристап од страна на јапонските весници, некои од најголемите во светот, кон справување со онлајн-содржината.

Место целосно излегување на Интернет во форма каква што имаат голем број весници во САД - што постепено забележаа пад на претплатата на печатените изданија - најголемите весници во Јапонија сериозно ги ограничија своите онлајн-понуди, правејќи читателите да ги купуваат нивните печатени изданија за да ја имаат целата содржина. Иако демографските промени се' повеќе ги туркаат јапонските весници кон Интернетот, тие заземаат повнимателен пристап.

На „Јомиури онлајн“, веб-сајтот на друг јапонски весник, голем број од сториите се презентирани во пократката верзија или во „сегменти“, без фотографии. Тоа се однесува и за „Асахи.ком“ од „Асахи шимбун“.

„Јомиури“ и „Асахи“ се двата најголеми весници во светот - „Јомиури“ има тираж од 10 милиони копии, додека „Асахи“ има осум милион читатели. За споредба, „Њујорк тајмс“, од кој „Интернешенел хералд трибјун“ е глобална едиција, има просечна дневна продажба од 928.000 копии. „Тајмс“ соопшти дека ја разгледува можноста за прифаќање на осигурано обезбедување финансиски средства.

Претплатничката база на „Никеи“ е нешто повеќе од три милиони, 50 отсто повеќе од најголемиот бизнис-весник во САД, „Волстрит џурнал“. „Џурнал“, исто така, наплатува за целосен пристап до својот веб-сајт, но нема толку строга политика околу линковите.

„Јапонск��те весници беа сведоци на проблемите што ги имаа нивните американски колеги со тоа што се нудеше се' бесплатно“, вели Јошихиро Ото, професор по новинарство на универзитетот „Софија“ во Токио. „Тие се убедени дека отвореноста не дава резултати“.

Критичарите велат дека правилата на „Никеи“ покажуваат оти, и покрај репутацијата на Јапонија дека е предводник во смисла на технологијата, традиционалните јапонски медиуми се' уште заостануваат во онлајн- стратегијата.

„’Никеи’ е сто милиони години зад времето“, вели Тошинао Сасаки, експерт за технологија. „’Никеи‘ смета дека може да оди онлајн, но да се отсече себеси од пошироката мрежа на Интернет. Тие, едноставно, не сфаќаат дека тоа не оди така. Патот кон успех е да поврзат бесплатна содржина со содржина за која се плаќа и линковите тука играат голема улога“, додава Сасаки.

Но, во економска смисла стратегијата на јапонските весници што се фокусира на печатени изданија им помогна да го задржат тиражот. Весниците тука изгубија релативно мал број претплатници на своите печатени изданија во последнава деценија и покрај зголемувањето на бројот на Интернет- корисници во земјата.

Статистичките податоци покажуваат дека најмалку еден дневен весник се' уште се испорачува на домашна адреса во Јапонија.

Големите бројки за тиражите и' се препишуваат на речиси стопроцентната стапка на писменост во Јапонија и националните теми што ги обработуваат најтиражните весници, поддржани од голема дистрибутивна и продажна мрежа.

Сепак, весниците како „Никеи“ ги забрзуваат напорите за зголемување на својата онлајн-понуда за да привлечат помлади читатели и да најдат начин да заработат пари од Интернет. Следејќи го глобалниот тренд младите Јапонци се оддалечија од печатените медиуми и се свртија кон Интернетот; според истражувањето направено во 2009 година од „Шимбун тсушин чосакаи“, институција за истражување на весниците, 59 проценти од Јапонците на возраст од дваесетина години и 47 проценти од оние во триесеттите години, велат дека се информираат преку Интернет.

Проблемот е сериозен за „Никеи“, откриваат аналитичарите, бидејќи милиони претставници на генерацијата, кога имаше значително зголемување на наталитетот, би можело да ги откажат своите претплати на бизнис-ориентираните публикации откако ќе се пензионираат и ќе се префрлат на стандардните весници.

Во меѓувреме, приходите од рекламите во весниците забележаа пад како последица од глобалната економска криза и поради тоа што се' поголем број од оние што се рекламираат отидоа на Интернет. Јапонските весници многу повеќе се потпираат на приходите од претплатите отколку од рекламите, до некаде ублажувајќи го ударот, меѓутоа, надолниот тренд им нанесе штета.

Традиционалното медиумско покривање на Интернетот во Јапонија е полно со стории за криминал поврзан со Интернет и неморал, од веб-страниците за проституција до ултранационалистичките сајтови за разговор. Употребата на псевдоними е правило во најголемите сајтови за дружење во Јапонија, наводно, за да се заштитат корисниците од опасностите што демнат на Интернет.

„Секако, весниците се обидуваат да ја заштитат нивната содржина од финансиски причини“, вели Јасухико Оиши, професор по студии за медиуми на универзитетот „Аојама Гакуин“. „Меѓутоа, тие, исто така, се исплашени дека ако нивната содржина е непречено достапна на онлајн, тие премногу лесно би станале цел на злобни критики што се' уште е вообичаена појава на јапонските веб-сајтови“.

Во соопштението на „Никеи“ се наведува дека природата на неговата содржина – бизнис-вести што би можело да ги разбрануваат финансиските пазари - ги направиле особено внимателни околу заштитата на својата содржина на Интернет.

(Интернешенел хералд трибјун)


#
Статијата е прочитана 670 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Богати мајки
Зденко
Старите возила носат нови главоболки
Авантуристички старт на Канскиот фестивал
Антикорупциска ги стресе институциите
Никогаш повеќе нема да се мажи
Изложба на белите слики на Петар Мазев
Верскиот самит помина, пропустите останаа
Македонија ја презеде палката во Стразбур
Светот се дружи со Македонија преку Си-Ен-Ен
Грчки „Титан“ и општествената одговорност
Во НАТО и во ЕУ – безусловно сега
Чекањето во банка ги излудува граѓаните
Ѓоко Танески замина за Осло
Ситуацијата во Британија се заплеткува
Гостиварец спаси дете – давеник во Вардар