Број 3280  среда, 12 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Македонија ја презеде палката во Стразбур

Грција вложи забелешка на именувањето, оценувајќи го
како злоупотреба на претседавањето

Од нашиот известувач
Тамара Грнчароска

Стразбур - Македонија вчера го презеде претседавањето на Комитетот на министри на Советот на Европа под името „македонско претседателство 2010“. „Ова е историски ден за нашата држава, голема чест, но и обврска. Задоволни сме од начинот на кој беше сослушана и поддржана нашата презентација, особено во делот на приоритетите на нашето претседателство“, изјави македонскиот шеф на дипломатијата Антонио Милошоски веднаш по церемонијата. Според него, Македонија може да придонесе во реформите на Советот на Европа, како на институција што се наоѓа на крстопат.

Грција на примопредавањето вложи официјална забелешка на именувањето како „македонско претседателство“, оценувајќи го како злоупотреба и манипулација на претседавањето за промовирање на позициите на нашата земја во преговорите за името и нивно поткопување. Грчката страна тоа го оцени како нешто што не дава позитивен импулс на развојот на настаните во поглед на решавањето на спорот за името.

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија Димитрис Друцас, иако во обраќањето на Комитетот на министри го поздрави идното претседателство и „мојот пријател Милошоски“, веднаш по официјалното примопредавање побара збор и вложи официјална забелешка. Притоа, тој наведе дека користењето на придавката „македонско“ е спротивно на Резолуцијата 95/23 на Советот на Европа и тоа „има чисто политички цели што не се поврзани со функционирањето и со довербата на членките на оваа организација“. Друцас дури двапати побара збор за да каже дека не е точно тврдењето оти придавката „македонско“ се користи за да се идентификуваат јазикот и културниот идентитет на нашата земја. Според него, ова прашање е од висока политичка природа, а грчката влада е определена да најде решение за спорот во рамките на ОН.

Подоцна Друцас за грчките медиуми изјави: „Секоја друга позиција на оваа земја (н.з. Македонија) не оди заедно со нејзините надежи да стане членка на Европската унија“. На новинарско прашање дали тоа претставува закана испратена до северниот сосед, Друцас одговори дека грчката позиција е јасна и солидна. „Ние сакаме на конструктивен начин да се реши проблемот со именувањето на поранешната југословенска Република Македонија“, обвинувајќи дека користењето и монополизирањето на придавката „македонско“ е во спротивност со Резолуцијата на ОН и на Советот на Европа.

Милошоски пред Комитетот ги отфрли како неосновани забелешките на Грција, велејќи дека Македонија никогаш немала намера да ја инволвира организацијата во нешто што би се опишало како политичко прашање. Според него, именувањето на претседателството не е во спротивност со одредбите на Резолуцијата на Советот на Европа ниту, пак, со која било друга постојна одлука на Советот, а ја следи Резолуцијата 817 на ОН, која не налага каква било обврска ние сами ��а се именуваме со привремената референца и не ја забранува употребата на придавката „македонско“. „Поради тоа, ние ја отфрламе забелешката дека усвојувањето на именувањето ’македонско‘, поврзано со нашето претседавање, е унилатерална одлука и дека е индикатор на лоша волја“, потенцирал пред Комитетот на министри македонскиот шеф на дипломатијата.

Тој додаде дека ова политичко прашање треба да остане под покровителство на ОН и оти во изминативе два месеца Македонија никогаш не била повеќе инволвирана во преговорите како во моментов и дека се надева оти тоа ќе резултира со прогрес.

Во својот одговор на грчките забелешки Милошоски побара да се прават разлики меѓу политички спорови и човекови права и лични прашања. „Вие се декларирате како Грк, Милан Раќен како Црногорец, Карл Билт за Швеѓанец, а јас како Македонец“, му реплицираше тој на Друцас, наведувајќи дека тие треба да се почитуваат меѓу себе и поради тоа нашата земја го смета ова прашање како лично и прашање на човековите права.

Одговарајќи на новинарско прашање Милошоски рече дека Македонија е целосно подготвена да ги почне пристапните преговори за членство во ЕУ и се надева дека до крајот на шпанското претседателство ќе биде одреден датум за почеток на преговорите, по што би почнал едногодишен скрининг процес за време на претседавањето на Белгија и на Унгарија. „А во текот на полското претседателство со ЕУ, во втората половина од наредната година, да го отвориме првото поглавје од преговорите“, додаде Милошоски. Советот на Европа, рече Милошоски, со своите стандарди и вредности придонесува за зголемување на капацитетите на Македонија и на другите земји-кандидати за исполнување на критериумите за членство во ЕУ.

По преземањето на претседателството пред салата на Комитетот на министри веднаш беа поставени паноа на кои пишуваше „македонско претседателство 2010“ со модифицираното македонско знаме со знакот на Советот.


#
Статијата е прочитана 1329 пати.

Испрати коментар

Од: Штипјанче
Датум: 12.05.2010 01:11:07
Претседателствувањето со Советот на Европа, за Македонија е исклучително значаен настан во надворешната политика и можност за промоција.Успешното претседавање ќе значи потврда за тоа дека Македонија е конструктивна и одговорна членка на меѓународната заедница која го промовира добрососедството, придонесува за европскиот развој на нашиот регион и го заслужува членството во ЕУ и во НАТО. Секоја чест за Милошоски, вака се бранат националните интереси.
Од: vasil od stojakovo
Датум: 12.05.2010 07:07:14
samo napred makedonci
Од: Valentina MKD
Датум: 12.05.2010 09:12:07
Ovie se izjavite za sovremenata makedonskata istorija - dostoinstveno, cesno, patriotski, so sebepocituvanje ! Cestito Makedonsko Pretsedatelstvo 2010 !
Од: Saso Germanija
Датум: 12.05.2010 09:36:07
Sekoja devijacija od cvrstata linija ke go narusi makedonskoto dostoinstvo. Bilo kakov kompromis ke bide na nasa steta, zatoa kolku i da se bunat sega vo svetot posranite, necesni Grci, treba nepokolebivo da stoime zad MAKEDONSKOTO i ona FIROM da ne ne' interesira.Koga i da e FIROM ke go nema,a RM ke ja ima.Tvrd stav i nisto poveke.
Од: snajper
Датум: 12.05.2010 11:28:27
Zosto lazete be komunjarcinja, sto pisuva na slikata..? firom j\gor prevzela predsedatelstvoto.. toa ime vie go branite..
Од: Mitko
Датум: 12.05.2010 13:03:51
Na internet stranata nikade ne figurira 'makedonsko pretsedatelstvo" tuku pretsedatelstvo na FIROM.

Најди! во Утрински
Насловна
Богати мајки
Зденко
Старите возила носат нови главоболки
Авантуристички старт на Канскиот фестивал
Антикорупциска ги стресе институциите
Никогаш повеќе нема да се мажи
Изложба на белите слики на Петар Мазев
Верскиот самит помина, пропустите останаа
Светот се дружи со Македонија преку Си-Ен-Ен
Грчки „Титан“ и општествената одговорност
Во НАТО и во ЕУ – безусловно сега
Весниците го имаат главниот збор во Јапонија
Чекањето во банка ги излудува граѓаните
Ѓоко Танески замина за Осло
Ситуацијата во Британија се заплеткува
Гостиварец спаси дете – давеник во Вардар