Број 3280  среда, 12 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Ситуацијата во Британија се заплеткува

Браун поднесе оставка како партиски лидер но сака да остане британски премиер

Од нашиот дописник
Томислав Ивановски

ЛОНДОН - Гордон Браун со својата неочекувана одлука да поднесе оставка како лидер на Лабуристичката партија за да се попречи постигнувањето договор меѓу конзервативците на Дејвид Камерон и либералдемократите на Ник Клег, го предизвика најголемото бранување на британската политичката сцена во изминатите осумдесетина години. Уште повеќе што сето тоа беше изведено по откривањето на заткулисните договарања на лабуристите со либералдемократите, по кои ториевците останаа изиграни од партијата на Клег.

Уште од првиот ден по изборите, на кои победија конзеративците, освојувајќи 307 пратенички места, во Долниот дом со 650 пратеници, пред лабуристите со 258 и либералдемократите со 57 пратенички места, почнаа преговорите за создавање коалициска влада, затоа што ниту една од трите главни партии не успеа да дојде до „магичната бројка“ од 326 пратеници, колку што се минимално потребни една партија самата да ја формира новата влада.

Настојувајќи брзо да се дојде до договор, ториевците и Камерон понудија мошне широк и отворен простор за дијалог и спогодување со либералдемократите. Британските прописи во една ваква ситуација, кога никој нема апсолутна победа, предвидуваат, предност при правењето коалиција да ја има партијата што дотогаш била на власт, а тоа се лабуристите, а не онаа со најмногу нови пратеници. Но, лидерот на либералдемократите Клег уште во текот на изборната кампања објави дека ако се избере немнозински парламент, неговата партија ќе преговара со партијата што ќе освои најмногу гласови и што во Долниот дом ќе има најмногу пратеници, што во сегашниот случај се ториевците.

Четири дена, вклучувајќи ги деновите на викендот, претставници на овие две партии преговараа, Камерон и Клег имаа средби во четири очи, како и телефонска комуникација, па кога во понеделникот од двете страни беше објавено дека разговорите веќе се напреднати, како и дека контурите на спогодбата за коалиција веќе се видливи, медиумите открија дека зад грбот на конзервативците и без нивно знаење лидерот на либералдемократите се пазари со Браун, а дека неколкумина досегашни министри веќе преговараат со функционери на Либералдемократската партија. Како пречка за една нивна коалиција се појавуваше само Браун, како лидер на партијата, за што уште од времето на кампањата се изјасни Клег. Тогашното објаснување дека тој не сака да биде во коалиција со партија што ја води Браун, предизвика гнев кај лабуристите, а нивниот лидер го нарече дрско и арогантно.

Сепак, гледајќи дека конзеративците и либералдемократите се пред постигнувањето договор, во кој никој од лабуристите претходно не веруваа, врвот на партијата и Браун се договорија тој да поднесе оставка за да може да се прави коалиција што ќе им гарантира на лабуристите и натаму да бидат на власт, и покрај тоа што на овие избори го имаат доживеано најголемиот пораз во последните осумдесет години.

Со своето седење на две столици, Клег, веројатно, ќе помогне за да се спасат лабуристите и му овозможува на Браун да остане британски премиер и натаму. Лондонски „Дејли телеграф“ таквиот гест на лидерот на лабуристите во оставка го нарече „пуч“ во манирите на оваа партија, додека „Тајмс“ го обвини Клег дека ги погазил уште на стартот принципите за кои се залагаше, ставајќи ги своите теснопартиски интереси пред националните интереси на државата. За неговата партија овој весник вели дека се' уште не знае што сака, означувајќи ја како „недорасната“ да се носи со обврските со кои е соочена. Засега не се знае што е причината за пресвртот што настана и за кои сите овде ги обвинуваат либералдемократите и нивниот лидер.

Впечаток е, меѓутоа, дека Клег е под многу силен притисок на левицата во неговите партиски редови, па се верува дека тие се заканиле со внатрепартиска борба доколку се истрае на коалициски договор со ториевците. Така или не, повеќето посматрачи во Лондон сега веруваат дека можноста за договор со лабуристите е многу поголема отколку со ториевците.

Лабуристите и либералдемократите немаат доволно места за да направат двепартиска влада, па затоа ќе мора да бараат помош од сите националистички партии во Шкотска, Велс и Северна Ирска за да дојдат до потребното мнозинство. Лондонските аналитичари веќе ја нарекуваат таа влада „алијанса на губитници и на поразени“. Незадоволството е уште поголемо што Браун како премиер, ќе мора натаму да му ја предаде функцијата на идниот партиски лидер, а тоа значи дека Велика Британија прво ќе има премиер што поднел оставка како партиски лидер, а потоа (уште еднаш) премиер што не поминал на избори и што не добил мандат од гласачите.


#
Статијата е прочитана 910 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Богати мајки
Зденко
Старите возила носат нови главоболки
Авантуристички старт на Канскиот фестивал
Антикорупциска ги стресе институциите
Никогаш повеќе нема да се мажи
Изложба на белите слики на Петар Мазев
Верскиот самит помина, пропустите останаа
Македонија ја презеде палката во Стразбур
Светот се дружи со Македонија преку Си-Ен-Ен
Грчки „Титан“ и општествената одговорност
Во НАТО и во ЕУ – безусловно сега
Весниците го имаат главниот збор во Јапонија
Чекањето во банка ги из��удува граѓаните
Ѓоко Танески замина за Осло
Гостиварец спаси дете – давеник во Вардар