Број 3651  вторник, 09 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Поглед

Чиј е киксот?

Деспина Трајковска

Кратко траеше радоста на оние скопјани што се осудени да користат градски превоз. Десетиците украински автобуси што стасаа зимоска, дефинитивно, беа голема причина граѓаните да им се израдуваат како мали деца. Но, по веста дека доцни последната ЛАЗ-ова пратка, на корисниците на ЈСП како да им преседнаа и оние што се веќе стасани. Привилегијата да се возат во нови, а за периодов најбитно и климатизирани автобуси ја имаат само патниците во поурбанизираните средини. Прашање е кога и дали воопшто ќе го дочекаме денот нископодните украински возила да крстосуваат низ цело Скопје, што е проценето дека ќе се постигне со пазарените 84 автобуси од кои 4 се дупли.

Во недостиг од официјални информации, јавноста е во недоумица. Ставена е во состојба да ги мери и сече шпекулациите за причините на киксот на Украинците. Навистина ли е фабриката пребукирана со работа или, пак, нешто друго е во прашање? Репризна ситуација која наведува дека производителот не е засегнат од пеналите што му ги пресметува нашата држава. Не само што од ЛАЗ не се дисциплинираа туку, наводно, се откажале да ни ги произведат четирите дупли автобуси. Се' на се', дилеми и трилеми. Излезе ли на виделина портфолиото на фабриката, нејзините капацитети или, пак, во прашање е бизнис-математиката на нејзиниот сопственик, кој има повеќе црни дамки.

Кој пат и да го фати вистината, скопјани се во загуба. Барем државата секојдневно ќарува по некое евро од пеналите. Но, ете го 8 септември до кога речиси е сигурно дека ќе почнат да се возат испратените 68 двокатни автобуси. Не за џабе работливите Кинези го вртат светот.

А, всушност, ако Владата се водеше по сопствената парола „Купувајте македонски производи“, можеби се' ќе беше поинаку и на подобро.


#
Статијата е прочитана 2593 пати.

Испрати коментар

Од: krste
Датум: 09.08.2011 07:29:52
Latasoidite odma ke recat: Na Branko Crvenkovski se razbira.............
Од: Сандра
Датум: 09.08.2011 08:27:36
Точно, во отсуство на официјални информации се отвора огромен простор за шпекулации - токму како овој текст!
Од: Prilep
Датум: 09.08.2011 08:33:25
Of mori majko.skopjani bile vo zaguba.Drugarke Despino,namesto da pisis zosto vo drugite gradovi nema od ukrainskite i kineskite avtobusi Vie skopjani ste bile vo zaguba.E sto vie vo Skopje ste pogolemi Makedonci od nas od drugite gradovi ili samo Skopje e Makedonija.Zosto penzionerite vo PP sekoj Petok da ne se vozat so gradski prevoz besplatno i zosto cela Makedonija da gi plajka avtobusite vo koi ke se vozat SAMO Skopjani.
Од: В. Кратовалиев
Датум: 09.08.2011 08:39:33
Е, Деспина, Деспина, децении нананзад се возиш, /ако воопшто си се возела/ во автобуси, кои се твои врсници и не ти сметало, а сега луксузните украински автобуси закасниле, па ке сечеш вени. СРАМОТА!
Од: somnicav
Датум: 09.08.2011 08:42:36
A,sto ako Vladata go zamajuvase narodot deka dogovorila tolkav broj avtobusi-za da "opsiguva"tolku pari od bugjetot,sto samo taa znae kade gi potrosila,i ke gi trosi?Sto,ako dogovorila onolku kolku sto dobila?Izgleda ovaa vlast prodolzuva da ja praktikuva lagata kako vrvno nejzino dostoinstvo
Од: bitola troa skolovan
Датум: 09.08.2011 08:43:11
Ako ne e na godisen odmor slobodno prasajtego nasiot ambasador vo Ukraina neviden ekspert po zemjodelie i diplomatija a bogami i trgovija.
Од: jovan
Датум: 09.08.2011 08:55:39
Da pocekame da vidime. Rano e za kritikuvanje. Mozebi ke stignat. Ako nestignat, ili e nekoja dubara, e togas ne samo kritikuvanje i pisuvanje, nego i baranje ocet, odgovornost pa i kazni. So pisuvanje i kritikuvanje veke nisto ne se postignuva. No da se strpime prvo.
Од: Трпе
Датум: 09.08.2011 10:16:07
Можеби планот на пропагандната блада е прво да пристигнат двоспратните автобуси од Чајна,за да го привикне народот да се вози во нив а потоа ке пристигнат нископодните од Украина.Или пак колку пари уплатила бладата и толку музика ке слуша.Купувајте македонски лаги со странско потекло.
Од: Ana
Датум: 09.08.2011 11:03:25
Ova tekst li e? Kratok poln so spekulacii i bez tocni informacii. i edinstvenata zamerka e zosto ne se koristat novite avtobusi za ruralni destinacii. a.Zosto brojot na patnici e pomal.b.Zosto patistata se polosi i pobrzo ke se unistat mozebi. A za docnenjeto treba da se vidi dogovorot mozebi se predvideni penali za nedostava ili docnenje vo dostava. Na kraj zaklucokot za nekoristenjeto na Sanos doaga kako kec na 10ka :) Taa zalopojka trebase porano da se forsira, sega e veke docna.
Од: kaznet
Датум: 09.08.2011 21:33:47
do kurtovaliev. lupas ko makso. kazi zasto go nema NIKI LAUDA kolku mu platija tvoite za glumata , taka i so avtobusite. Kupuvajte MAKEDONSKO od 11 OKTOMRI | UKRAINA

Најди! во Утрински
Насловна
И по десет години, Карпалак без споменик
Попуштија столбовите, „Космос“ се искриви
Скопје е поголема пречка за името од Атина
Не штитам ничии интереси
Симон Трпчески и актерската легенда Џереми Ајронс на иста сцена
Ивановски го реши скопското дерби
Не ги кријам годините
И годинава кришум на одмор
Почина демонстрантот што беше застрелан во Лондон
„Кога лисјата паѓаат“ продолжува на Алсат М
Глад и надеж во Рогот на Африка
Референтка во ПИОМ за 800 евра ветувала пензија
Скопски шлаканици за Битола
Уапсен Македонец за трговија со дрога во Бугарија
Светот во паника, ние мирно ја следиме драмата
Насилниците ќе го почувствуваат законот
Рамковниот не ги отвори вратите за сите
Отказ за синдикалниот лидер на новинарите, Тамара Чаусидис
Стил
„Балкански музички плоштад“ во Охрид
Забрзан пад на светските берзи
Вратена отстранетата спомен плоча кај Карпалак
Онлајн вести

"""