|
|
|
|
|
|
Мислења
Скопски шлаканици за Битола
Слободан Најдовски
Битолчани се исфрлени од новите структури на власта. Дали поради тоа што владејачката партија лошо помина на изборите во Битола
Неколку колумни едноподруго им ги посветив на проблемите што ги носи нерамномерниот регионален развој и негативните последици со кои ќе се соочиме во иднина како резултат на денешната политика на овој план. Очигледната практика на Владата, погледната низ кадровската политика, само ја потврдува тезата за концентрација на економската и на политичката моќ во прв ред само во Скопје, а потоа на еден дел на оската Тетово – Скопје -Штип. Ваквата политика веќе предизвикува незадоволство и анимозитет во другите делови од држ��вата.
Во партиите од блокот на македонските Албанци тоа имаше рефлексии и во однос на гласањето на последните избори, но тоа беше уште посилно при формирањето на Владата.
Погледнато според местото на живеење на министрите што доаѓаат по предлог на ДУИ сосема е јасно дека рамномерната регионална застапеност на министрите од местата каде што живеат Албанците била многу значајна при предлагањето на носителите на државни функции. За жал, кај партиципиентот од, условно речено, македонскиот дел тоа не беше случај. Не сум поддржувач на тоа дека единствен или главен предуслов треба да биде регионалната припадност на носителите на функциите, но истовремено сум енергично против практиката што води кон заклучок дека во Македонија квалитетот е сконцентриран во Скопје и во делови од источниот дел на Македонија. Во правец на ова мое тврдење одат неколку чекори на власта на планот на изборот на личности во државните институции, но и во органите на владејачката партија.
Кога се запоставува или се дисциплинира некој, во политичко-економска смисла, за тоа симболично се употребува изразот дека некој добил шлаканица. Токму во оваа смисла Битола во изминатите месеци доби неколку силни шлаканици од носителите на власта сместени во Скопје.
Во новата Влада има само еден битолчанец, но е претставен во графата за нашите од дијаспората, односно Американец. Настрана и тоа што тој не раководи со министерство што располага со моќ и можност за економско влијание. Само како споредба, во претходната Влада имаше двајца министри од Битола и тоа едниот на многу значаен ресор, како што е одбраната. И со изборот на замениците на министрите само се потврди запоставувањето на Битолскиот регион. Од двајца заменици-министри во претходниот владин состав сега има само еден. Оние што сакаат да прикажат дека тоа е само моментен сплет на околности и дека е резултат на меѓупартиските договарања, брзо беа демантирани. Неодамнешните промени во Извршниот комитет на владејачката партија само потврдија дека тргнувањето на битолчани од политички најмоќниот орган на партијата е продолжение на случувањата при кадровските решенија за Владата.
И на оние што помалку ја следат политиката сосема им е јасно дека тоа е порака испратена во вид катил ферман до битолските политичари припадници на власта. Пораката е јасна - дека ова е само почеток на промените во владејачката партија во Битола и добиените шлаканици треба да се сметаат како воспитни.
Во градот под Пелистер се коментира настанатата ситуација, но во отсуство на вистински објаснувања од најповиканите само се нагаѓа кои се причините за овие случувања. Не дека многумина од сегашниве функционери на власта од Битола заслужуваат да ја продолжат својата политичка кариера, тоа посебно се однесува на оние што ја практикуваат локалната власт, но се поставува прашањето дали за тоа треба да бидат казнети сите битолчани.
Некој ќе рече па што има толку лошо во тоа што нема битолчани на високи функции во власта. Но, не е така едноставно и сеедно.
Позната е изреката „подалеку од очите, подалеку од срцетo“. Преведена на политички јазик тоа значи подалеку од одлуките што се донесуваат во Владата, а тоа значи истовремено подалеку од одлуките за развој на општината и на Пелагонискиот регион.
Во прилог на игноративниот однос и запоставувањето на Битола оди и (не)присуството на високи државни функционери и политичари на последните настани во битолско Трново. На средбата на децата-бегалци од Егејска Македонија немаше ниту еден висок државен или партиски функционер од власта, а изминатите години доаѓаше цела владино-партиска свита. Истото тоа се случи и на илинденската средба на иселениците и нашите од дијаспората. Навистина, таму беа присутни и говореа пратениците од дијаспората, оние што заеднички имаат број гласови помалку од бројот на излезени гласачи во моето Кравари, а ја претставуваат милионската заедница на Македонците од дијаспората. Не дека ќе направеа нешто посебно ако беа присутни државните функционери, но пораката што ја испратија го покажува односот кон Битолскиот регион.
Кои се причините за ваквата состојба? Дали е тоа последица на внатрепартиските недоразбирања и ривалитет или резултатите од последните парламентарни избори влијаеја за односот на „централата“. Познато е дека опозицијата победи во поголем дел од градот Битола и само резултатите во периферијата и селата ја спасија власта од целосен пораз, па, најверојатно, партиската централа на ваков начин го изразува незадоволството.
Главна причина е тоа што во Битола, во моментoв, во партиите нема активен политичар од голем маштаб, посебно кај власта, кој може да и' се спротивстави на централната политика што ја носи Битола во изолација и на периферијата на случувањата во државата.
Но, без разлика на се', поради внатрепартиските препукувања и неусогласувања не смее да трпи цела Битола. Недозволиво е на значајна државна функција да нема битолчанец. Дали се испраќа порака дека Битола нема квалитетен кадровски потенцијал или намерно се запоставува овој регион? Која од двете тези и да преовладеала, сепак, и двете не се в ред и нема оправдување.
Пораките од централата се јасни, но дали локалните политичари од власта имаат моќ и храброст да возвратат на ваквата погубна политика кон Битола. Ако не го направат тоа и молчат како досега, тогаш ќе се покаже дека се во право оние од Скопје што ги отстраниле. Во тој случај не само скопјани, туку и битолчани треба да им кажат дека е доста од нивната политика. Уште сега треба да им ја испратат пораката што ја заслужуваат на следните локални избори.
(Авторот е поранешен пратеник) |
#
|
Статијата е прочитана 1302 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: gimi |
Датум: 09.08.2011 01:20:25 |
|
Освоени гласови на предвремените парламентарни избори 2011г. : ВМРО-ДПМНЕ 24976 во проценти 44,41%, СДСМ 22259 во проценти 39,58%. Треба да се напомене дека тука се гласовите на ВМРО НП 1862 гласа,на Достоинство 837 гласа,на Демократска десница 168 гласа и на Обединети за Македонија 1000 гласа.Овие партии беа во опозиција на последните избори но тие гласови никогаш не можат да му припаднат на СДСМ, а на ВМРО- ДПМНЕ да. Е сега кој лошо помина во Битола проценете сами, или пак можеби опозицијата е задоволна и со пораз? |
|
|
|
|
|
|
Од: pola BT pola VE |
Датум: 09.08.2011 06:59:36 |
|
Кога веќе ги знаете резултатите од последните избори зошто не кажувате процентите од претходните. Така ќе се видат разликите и зошто има незадоволство од Битола во врвот на партијата. Ова ми личи на ладење со жешка вода gimi - ако ладете се ! |
|
|
|
|
|
|
Од: bitola troa skolovan |
Датум: 09.08.2011 08:37:27 |
|
Do gimi:Gledam deka si dobro podkovan dpmne-ovec so brojki no ne dade komentar na napisot i ne ne zamaraj so toa sto go znaes nego kazi nesto za tekstot.A sto se odnesuva do kotekot sto go jadoja bitolskite celnici na dpmne e poznat vo gradot po mitingot sto go imaa.No toa skapo ke im se vrati na dpmne na slednite izbori oti stvarno od ovoj region nema nisto sto bi vredelo na visokite funkcii za zal. |
|
|
|
|
|
|
Од: miki |
Датум: 09.08.2011 09:56:42 |
|
so site gluposti koi gi napravija VMRO, a posebno Gradonacalnikot, vo Bitola, treba da se srekni so rezultatite. Ako vaka prodolzat garant gubat na lokalnite izbori. I da, vo pravo e avtorot na tekstot, javna tajna e deka nemanjeto poveke ministri vo vladata e direktna posledica na rezultatite od izborite. |
|
|
|
|
|
|
Од: Коста Стоименовски |
Датум: 09.08.2011 10:10:26 |
|
Авторот на написов прави голема грешка кога Штип го идентификува и поистоветува со Источна Македонија! Практично сите позначајни политичари од ИМ се од Штип, а, полуписмените активисти на владејачката партија од овој регион активно работат во полза токму на Штипјани и она препотентно и арогантно момче кое беше носител на листата во 3-тата ИЕ! Истовремено прави грешка кога Битола ја поистоветува со З. Македонија! Не ги зема предвид кандидатите од З. М. (Поречието) што своевремено ги „лансира“ покојната Доста Димовска, а кои се мошне застапени и во актуелната владина гарнитура! По војната од 13 министри во мак. влада 11 биле од Прилеп („првата пушка“). Потоа се менуваа штипјани, тиквешани, но, штипјани секогаш имале мошне важна позиција во секоја мак. власт! |
|
|
|
|
|
|
Од: kocani |
Датум: 09.08.2011 10:20:56 |
|
hahaha hihihi se iznasmeav.Bas poslednite izbori pokazaa koja partija poveke postavuvase nositeli na listi od soodvetnata izborna edinica,za razlika od nekoja koja site skopjani gi postavi nositeli ili vo prvite 5 mesta od listata. pozz |
|
|
|
|
|
|
Од: Горан - М. Каменица |
Датум: 09.08.2011 13:25:57 |
|
А зошто мора Битола да има висок функционер?Па цела источна Македонија нема висок функционер во владата,па нема ни Охрид,ни Струмица,ни Гевгелија...Ти бе господине го сакаш времето кога функциите ги делевте по градови а не по квалитет, како и ти што доби функција. |
|
|
|
|
|
|
Од: xavid |
Датум: 09.08.2011 14:06:13 |
|
|
|
|
|
|
|
Од: bitolcanec |
Датум: 09.08.2011 16:25:46 |
|
sekoj vo Bitola znae deka cel grad zivee od REK.ako rekovci se zadovolni od vlasta taa i pobeduva,a i obratno,vo ovoj slucaj edno treba na grujo da mu e jasno,toa sto gi gubi glasovite vo Bitola e poradi REK.Tamu vladee haos.Kombinatot od nadvor gledano potseka na nekoja napushtena socijalisticka fabrika.necistotija i gjubre na sekoj cekor.nedisciplina,anarhija.
Edinstveni sto se zadovolni se vo novootvoreniot oddel na sindikatot kade sto Dime brichot i uste dessetina poltroncina glumat sindikat a vo stvarnost si gi polnat djepovite na smetka na rabotnicite.menzata ja ukinaja,prekuvremenite saati ne se plakaat....arno ama site vo sindikalnoto rakovodstvo se so ubavi koli stotukukupeni.
e grujo...iako sum od samiot pocetok simpatizer na vmro-onaa pravoto,so vakvi ljuge ke ja izgubis Bitola isto kako sto i predhodnite ja izgubija zaradi takvite licnosti. |
|
|
|
|
|
|
Од: Од Широк Сокак |
Датум: 09.08.2011 17:35:57 |
|
Нема ништо спорно- ДУИ има советници кои се грижат за демографско освојување територии, нивно етничко чистење и припојување на Голема Албанија! ДПМНЕ пак има советници од МПО кои се борат за етничко чистење на Македонија од Македонци и припојување на остатокот од Македонија кон Бугарија. Оние пак кои стојат зад ДУИи МПО (ДПМНЕ) имаат спремно сценарио за војна меѓу голема Албанија и Голема Бугарија во која ќе ја делат Грција...Како другите соседи гледаат на ова сценарио погодувајте, но Битолчани се добри за топовско месо и ништо друго, за жал! Кога Биолчани ќе почнат да го изразуваат својот гнев во Скопје а не на Широк Сокак тогаш може да се видат и резултатите... |
|
|
|
|
|
|
|
|