Број 3651  вторник, 09 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

И по десет години, Карпалак без споменик

Панихида во чест на загинатите бранители

Гојко Ефтоски

Десет години по конфликтот во 2001 година, на Карпалак, на местото на најмасовното злосторство каде што на подмолен начин беа убиени десетмина прилепчани од резервниот состав на АРМ, и денес нема споменик, освен спомен-плочата, која неколку пати беше кршена.

„Нашите најмили што овде загинаа заслужуваат почит и внимание. Во државата не се најде подготвеност да се изгради спомен-белег. Мојот брат Пеце остави по него да тагуваат мајка, татко и сестра“, изјави Гоце Секуловски од прилепско Бело Поле.

Ацо Јованоски-Реган, возач на тешко оштетениот автобус што се запали погоден од ракети, очигледно растревожен емотивно, присетувајќи се на тешките мигови од 8 август 2001 година, изјави: „На ова место бевме пречекани со изненаден вкрстен оган и притоа 10-мина убиени на лице место. За овие изминати десет години уште шестмина починаа како последица од тешките повреди, трауми и шокови од настанот. Карпалак заслужува вистинска почит и нужно внимание од органите на државата, кои еве, не најдоа начин достоинствено да им се оддолжат на загинатите. Ние им ја укажуваме нашата чест и вистински живееме за настанот на ова место“, рече Ацо Јовановски-Реган.

Од име на Здружението на резервните воени обврзници-учесници во настаните, од Прилеп ја пренесе реакцијата Јордан Трајкоски. „Револтирани сме од толкувањето на Законот за амнестија дека во него можеле да се вклучат и хашките случаи. Амнестирањето на сторителите на нечовечки и најкрволочни дела е непромислена одлука. Со ваквата солуција се девалвираат жртвите на загинатите бранители, а се амнестираат злосторници. Ова толкување за амнестија би го прифатиле како нужна реалност доколку амнестираните ја признаат својата грешка и се извинат пред македонската јавност, а наедно ги посочат и посетат местата каде што биле извршени злоделата и им дадат достојна почит на жртвите на загинатите бранители“, рече Трајкоски и го повика новиот министер за одбрана, Фатмир Бесими, да покаже доблест и да положи цвеќе на местото каде што загинаа прилепските бранители.

Чествувањето во месноста Карпалак вчера започна со панихида што ја опслужија прота ставрофор Мирко Станковски и отец Теодосиј од Тетовското архиерејско намесништво. Потоа, кај спомен-плочата на загинатите венци положија претставници на Кабинетот на претседателот, на Владата и Собранието, на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, роднини на загинатите од Прилеп, политички организации и здруженија од Прилеп и од Тетово.

Кај Карпалак пред десет години, само пет дена пред потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, врз воениот конвој кој од Прилеп се движеше кон Тетово, превезувајќи припадници на резервниот армиски состав, извршено е најмасовното злосторство со најголем број жртви во конфликтот во 2001 година. Албанските бунтовници, на 8 август, околу 9 часот, злосторничкиот чин го извршија од заседа. Во овој крвав настан беа убиени двајца старешини Нане Наумоски (48) - капетан и Сашо Китаноски (40) - поручник, како и резервните припадници на АРМ: Бранко Секулоски (43), Ердован Шабаноски (21), Љубе Грујоски (32), Дарко Велјаноски (27), Марко Деспотоски (28), Веби Рушитоски (27), Горан Миноски (29) и Пеце Секулоски (31).


#
Статијата е прочитана 989 пати.

Испрати коментар

Од: кире од Битола
Датум: 09.08.2011 00:51:18
ЕЕЕЕЕЕЕЕ Невини луге изгинаа ,изгинаа за кого за кого изгинаа За на Црни грујо к...............та да узиваат и грујо и мијалков да водат дежава,да шетат и да ја дрмааат Македонија . Кога на сите ВМР-овци ке му дојде умот со направија ке биде касно,нема да има ништо ни од Македонија ни од Македонскиот народ,а грујце и саша ке си зминат каде што ги пуштаат парите и каде што ги градат вилите ,ама тогаш тогаш да видат што направиле тие што се мамеле за едно работно место или некој ефтин бенифиц,тогаш к�� си ја чукаат главата ,ама ке биде каснооооооооооооооооо
Од: vistina
Датум: 09.08.2011 02:44:03
So ovaa vlada koje koalicira so teroristi i nichto drugo n e e interesira samo da bide na vlast uchte sto godini nema da se izgradi spomenik.Ustata vlada dozvoluva da se gradat spomenici na Albanski teroristi za zal toa e vistinata.
Од: jimmy1
Датум: 09.08.2011 05:29:41
Da pogineja od albanskite ubijci ke im se napeaese na sekoj po eden spomenik, a za nasite bas im e gajle. Ova zaseda bese predavsstvo od togasnata albanska partija vo vlsta i zatoa albanskite krvnici znaeja kade ke proaga kolonata, no za zal za toa ne se povede nikakva istraga. Namesto da se kaznat majmunite im se dade amnestija. Zverstvata ne se amnestiraat i se nadevam deka eden den ke gi stigne zasluzenata kazna, vklucuvaki go i Ahmeti.
Од: atanasija
Датум: 09.08.2011 08:35:58
Ajde da gi procitame vesnicite od kasnata zima 2001 godina.Togasniot Pretsedatel na Drzavat,g.Gligorov dobil informacija za dvizenje na nekoi lugje,obleceni vo crka obleka (uniforma li,sto li?) i go prasal togasniot Premier,g.georgievski -sto tamu se slucuva.Ovoj odgovoril:Nisto.Arben (Dzaferi} mu reko "nisto" i na toa ostna.na pocetokot duri vlasta ne znaese-ili ne sakase da znae,pa izleze so razno-razni izjavi vkljucuvajki ja i taa deka toa e neformalna grupa -verojatno koja,spored nea praktikuva turizam!Mu se veruvase na Ljupco(?) i na Dzaferi,iako pred toa izleze na videlina podelba na Drzavata,duri potkrepena so izjava na eden akademik-koj najde opravduvanje vo toa,a Amademijata si hibernirase!Toa se sluci-edni spiea,drugi ne znaeja,a tretite deluvaa.I zaradi tretite nema spomenik na karpalak,nema visok pretstavnik na vlasta na cestvuvanjeto na ovie zrtvi koi go neguvaat spomenot za niv. A toa "zaboravanje"na zrtvite na vojnata od 2001 e posledica na izbornata pobeda na g.grujos
Од: Gargamel
Датум: 09.08.2011 08:47:01
Pietetot,panahidite,polivanjeto so crveno vino na tablata so iminjata,vencite,govorot na ministerot za zdravstvo e licemerie bez presedan.Treba da se ima dobles i država i dostoinstvo za da se reši po praven pat vakov zlostornički čin.Vo moeto sekavanje nema postapka za odgovornost koj e vinoven za diletantskiot transport na vojnicite na Republika Makedonija,za organizacijata,za zaštitata,za diskretnosta na voeniot transport vo voenata zona.Ova ne beše turističko patuvanje,ova ne beše "ruski rulet" so životite i semejstvata na krvnički masakriranite braniteli na Makedonija od "borcite za čovekovi prava".Ova beše organizirano ubistvo od strana na planerot i izdajnikot na maršutata na voeniot konvoj,za što do sega nema nikoj i nikakva odgovornost.Država ne se pravi so diletanti i izdajnici.Država ne se pravi so krienje na valkanite raboti "pod tepih".Za mirot na masakriranite i nivnite semejstva državata,ako e država,mora da go najde i kazni "kodošot".Počit i lesna im zemja na zaginatite
Од: guro
Датум: 09.08.2011 09:25:38
Kire neznam kolku se sekavas ama vo vremeto koga zaginaa nasite prilepski junaci,vasiot ke go narecam ustvari ne znam kako da go narecam BUCKO bese minister za odbrana i negovite strucnjaci i sovetnici okolu nego stedeja na gorivo i ne prakaa podrska i predhodnica. ova ti go kazuvam od licno iskustvo bidejki ne ednas se najdovme vo takva situacija,ama Gospod ne cuval. nego toa pomina drugo sakav da ti kazam se dodeka se delime vakvi i takvi ovie bratucedive ni go potpiknuvaat i ke dojde denot koga ke bide docna da se stori bilo sto,i ke ni bide kriv posle neznam koj. zatoa MAKEDONSKI NARODE SVESTISE
Од: toni
Датум: 09.08.2011 10:32:45
vmro i dui gi amnestiraa ubijcite ovi pak barat spomenik,eee makedonce osvestise ednas ne prodadoa ovie od vlasta,trebase da gi isplukate tamu a ne da im barate spomenik,koja mizerija sme,si molcime si trpime a tie ni gi prodadoa najbliskite,gi amnestira nivnite ubijci...prodolzete da molcete,mozebi vmro ke ve zaposli,pa toe e mozebi cenata na molcenjeto,sami si gi prodadovte stom molcete svoite najbliski,koi uck gi ubivase i masakrirase...prodolzete da molcete prodadeni prokleti dusi!!!
Од: SBiR
Датум: 09.08.2011 15:39:09
друже Ефтоски, aко сте под ЦЕНЗУРА тоа не ви дава за право да ги класифицирате здруженијата. Ги набројавте само партиските Здрженија и тоа на ДПМНЕ од Проилеп и Тетово. Имајте доблест и утре кашете дека се извинувате што ги заборавивте тенденциознмо Ветеранските Здруженија врз кои нема политичка сила која може да вијае. Тие здружењнија се изричито од Старешини кои дирекно командуваа со: ОПЕРЕТИВНИТЕ ЗОНИ ЗАПАД, СЕВЕРО ЗАПАД, СЕВЕР И ОПЕРАТИВНА ЗОНА СОКОЛ. Сите до еден бевме присутни и ниту една годинанемаме пропуштено ниту едно чествување. Знаеме дека на ПОЗИЦИЈАТА и на КОАЛИЦИОНИОТ ПАРТНЕР им сметаме но ние неможемо оноа што го работевме и доживувавме заедно со нашите БОРЦИ да дозволиме друг да го скрнови и ЦЕНЗУРИРА. Трагите во нас не ни дозволуваат да глеаме како некој ја скрнови вистината за војната. Имајте доблест и машкост па јавно дајте покајание, простете........јавно извинетенисе нас на тие кои бевме дел од таа проклета политичка војна. ДА. Токму нам на Ветераните на Р
Од: bitolcanec
Датум: 09.08.2011 16:33:14
Golem sram za Makedonija e sto na vakov den go pushta Ministerot za zdravstvo da polozi cveke?? Koja e simbolikata? Demek vladata uvo ja boli za toj nastan pa pushtaat minister za zdravstvo.Da ocekuvame li vo godina na ovoj den pretstavnik na vladata na ovaj nastan da bide komandirot na protivpozarnata edinica od dracevo?
Од: Гневен читател
Датум: 09.08.2011 17:06:41
Се што се случува покажува колку е сериозна дрзавата-владата!!! Фамилијата очигелдно го провоцира народот! Каков ќе биде одговорот зависи од многу околности, но еден ден тој нема да им се допадне на оние од фамилијата.
Од: bezanec
Датум: 09.08.2011 18:01:42
Карпалак е лика и прилика на војводат кој сакаше да ја подели Македонија со албанците за да ја присоедини кон болгарија. Немојте глупости да трескате,бидејки тие глупости се во основа на ВМРО-ДПМНЕ.

Најди! во Утрински
Насловна
Попуштија столбовите, „Космос“ се искриви
Скопје е поголема пречка за името од Атина
Не штитам ничии интереси
Чиј е киксот?
Симон Трпчески и актерската легенда Џереми Ајронс на иста сцена
Ивановски го реши скопското дерби
Не ги кријам годините
И годинава кришум на одмор
Почина демонстрантот што беше застрелан во Лондон
„Кога лисјата паѓаат“ продолжува на Алсат М
Глад и надеж во Рогот на Африка
Референтка во ПИОМ за 800 евра ветувала пензија
Скопски шлаканици за Битола
Уапсен Македонец за трговија со дрога во Бугарија
Светот во паника, ние мирно ја следиме драмата
Насилниците ќе го почувствуваат законот
Рамковниот не ги отвори вратите за сите
Отказ за синдикалниот лидер на новинарите, Тамара Чаусидис
Стил
„Балкански музички плоштад“ во Охрид
Забрзан пад на светските берзи
Вратена отстранетата спомен плоча кај Карпалак
Онлајн вести

"""