Број 3651  вторник, 09 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
��кономија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

И годинава кришум на одмор

Тина Иванова

Новинарите секоја година се упатени да дознаат каде првите луѓе на државата ќе го поминат летниот годишен одмор. Последниве години, и особено оваа, наидуваат на молк. Се утепаа прашувајќи ги политичарите каде ќе ги сончаат своите „бели страници“, но тие во својот игнорантски стил за многу, па така и по ова прашање, се неми.

Едноставно, мистериозно исчезнуваат, потоа мистериозно се враќаат во своите кабинети, без најава, без одјава. Ги нема да се огласат, а луѓето задолжени за комуникација со јавноста во нивно име, на прашањето каде нивните шефови ќе го поминат одморот ова лето, креваат раменици или ги превртуваат очите.

Зошто кај нас, како во сиот демократски с��ет на барање на медиумите, луѓето што се бават со јавна работа не даваат отчет. Бидејќи тие сепак, од таа јавност живеат. Да не е јавноста, ќе се никој и ништо. Се чини, ваков молк се случува само во тунгузиските земји каде што има беда и сиромаштија. Или, оваа практика на криенка од јавноста се уште влече корени од едно за нас, сега веќе далечно време, кога во комунистичкото уредување постоеа затворени вип одморалишта за политичарите.

Каде всушност лежи зајакот за молкот на нашите државници и особено на првите луѓе што управуваат со државните работи. Лежи во стравот за нивната популарност. Свесни за општата сиромаштија во земјава, за се' послабиот материјален статус на мнозинството граѓани, за фактот што сепак, само малкумина можат да си дозволат море, езеро, планина, нашите владетели очигледно имаат уплав од сликата што ќе ја остават пред јавноста.

Тие чувствуваат тегобност од граѓаните кои им го даваат мандатот, од граѓаните кои гласаат за нив, чувствуваат непријатност пред нив да уживаат, да се капат и сончаат. Затоа што, одморот кај поголемиот број македонски граѓани е последната нивна размисла во рамките на семејното кроење на средствата за живеење, поточно за преживување, и тој се' повеќе станува ексклузивитет, наместо нормална појава.

Францускиот пратеник Мишел Воазан кој минатиот месец присуствуваше во Белград не можеше да прецизира кога во францускиот парламент ќе биде усвоен договорот помеѓу Европската унија и Србија за стабилизација, накусо одговорајќи на новинарско прашање: „Не пред следното заседание на Парламентот, зашто по 13 јули одиме на летен одмор“. Нему не му беше туѓо ниту страшно да го испука тоа од уста така мазно, затоа што е навикнат на нормални односи со медиумите и пред се', со јавноста.

Нормална појава е политичарите да одат на одмор, секаде во светот, па и кај нас. Работат 24/7, се грижат за најважните прашања, имаат стресна работа, а и не сме во ек на избори, на пример. Значи нема некои важни работи кои би ги врзале за своите фотелји. Згора на тоа, ним дотолку повеќе им треба „ладење“, за со одморени и бистри глави понатаму да ни ја кројат државата.

Затоа, никој не би им замерил ако отидат на одмор. На крајот на краиштата, по онаа народната „и ѕидовите имаат уши“, некаде ќе бидат видени, можеби и фотографирани, некој некому ќе каже. Светот е мал. А, и од природата не се бега. Кога ќе се вратат дома сигурно ќе ги оддаде морската чоколадна боја.


#
Статијата е прочитана 2076 пати.

Испрати коментар

Од: Lisec
Датум: 09.08.2011 00:36:14
E pa togas ajde nie citatelite da razotkrieme koj political, funkcioner, pratenik kade I so kobo bil na odmor. Otkoga ke gi razotkrieme, vo idnina ne ke se krijat kako gluvci. Neka utrinski otvori rubric "Otkrij kade e tvojot politicar / pratenik" pa da vidime kade ni se pretstavnicite.
Од: cobe
Датум: 09.08.2011 07:26:38
E pa ve molam za odmorite nema nisto vo Programata vo 100 cekori.......zatoa kjutite i ne krevajte vreva.............i odmorot e 24/7.................
Од: Не толку љубопитна
Датум: 09.08.2011 07:29:57
Важно дека Г'ујо и лицето Б.Ц. работат 24/7, за другите и не е толку важно дали отишле некаде или не. Небитни се :)
Од: Pero
Датум: 09.08.2011 08:54:06
Prasanje e dali imame pari da otideme kade sto odat tie, za da gi razotkrieme
Од: marija
Датум: 09.08.2011 08:55:41
Taka e, nikade gi nema, se krijat, ne kazuvaat, a ziveat od javnite pari, od parite na graganite. Ako e taka, treba da kazat, a ne so glavite vo pesok, kako noevi. Ovaa vlast e premnogu arogantna, no bez pokritie.
Од: Moris
Датум: 09.08.2011 09:13:13
Skromni se i ne mozat da mu bjasnat na siromaviot makedonec kako toa odele ALL INCLUSIVE na odmor , a vamu prodavaat magla i skromnost. No odmorot e individualna rabota koj kolku zarabotil taka ke si odi da odmora.
Од: Gargamel
Датум: 09.08.2011 09:17:48
Koja e celta na natpisov?Dnevno politička "rekla-kazala",obid za "vleguvanje"vo finansijskata sostojba na našite funkcioneri i državnici za zadovoluvanje na potrebite na običniot gragjanin od "aaa go fativme"?Eve primer od pominatata garnitura: madam Dolarova vo Ohrid skromno muva ne ja lazi,ni kolku,ni kako,ni zošto,a za se ima,ama treba da se "raboti".Primerot e slučaen,bez namera za lična diskteditacija,no so inicijativa da na takvite funkcioneri im se zgazne na "opaškata",a gi ima mnogu,bez razlika na toa koj kade,kolku i za kolku odmara,ako plaka od svojot đeb i svojata pot,neli.
Од: Влада
Датум: 09.08.2011 12:17:07
А што ви е гајле вас малограѓани каде сме ние на одмор? Па ние бре работиме 24/7 дури и кога сме на одмор. Шпанија, Франција, Тахити... не е битно кај сме. Битно е секој да си ги пружи нозете колку му е чергата. Тоа и онака е приватна работа.
Од: Mary
Датум: 09.08.2011 23:14:47
Nemame li drugi razsmisluvana pa ke se prasuvame kade bile politicarite, malograganski muabeti, se znae i sega i porano koj kolku ima pari tamu odel, pa site na odmor odat , sto e toa tolku cudno jas si pretpostavuvam deka, nekoj i sto nema a strada od niska vrednost pa odi i tamu kade ne mu e mestoto, vakvi komentari i od novinari e malogragjanski, nisto ne ni znaci ako znaeme koj kade bil, gledajte kade nie ke odime, a odat ne ste za zalenje, sekoe vtoro semejst vo e vo sosedot "nas" i ne se zalite za siromastija ne glumite, a plotic. ke odat toa nie sme im go dozvolile-parite i jas bi odela , ama ne sum bila 20 godini na odmor, pa sto???

Најди! во Утрински
Насловна
И по десет години, Карпалак без споменик
Попуштија столбовите, „Космос“ се искриви
Скопје е поголема пречка за името од Атина
Не штитам ничии интереси
Чиј е киксот?
Симон Трпчески и актерската легенда Џереми Ајронс на иста сцена
Ивановски го реши скопското дерби
Не ги кријам годините
Почина демонстрантот што беше застрелан во Лондон
„Кога лисјата паѓаат“ продолжува на Алсат М
Глад и надеж во Рогот на Африка
Референтка во ПИОМ за 800 евра ветувала пензија
Скопски шлаканици за Битола
Уапсен Македонец за трговија со дрога во Бугарија
Светот во паника, ние мирно ја следиме драмата
Насилниците ќе го почувствуваат законот
Рамковниот не ги отвори вратите за сите
Отказ за синдикалниот лидер на новинарите, Тамара Чаусидис
Стил
„Балкански музички плоштад“ во Охрид
Забрзан пад на светските берзи
Вратена отстранетата спомен плоча кај Карпалак
Онлајн вести

"""