Број 3651  вторник, 09 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

5 прашања 5 одговори

Не штитам ничии интереси

Чедомир Дамјановски,, член на Комисијата за лустрација

Не можеме да прогласиме некого за соработник на службите, а МВР да има наведено дека не соработувал со нив, вели Чедомир Дамјановски, член на Комисијата за лустрација

Светлана Унковска

Господине Дамјановски, претседателот на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, околу Вашето напуштање на седницата вели дека не знае чии интереси штитите. Кој во Комисијата чии интереси штити?


Точно е дека имаме интереси и нашиот интерес, поточно мојот и на другите двајца, што размислуваа исто со мене, е владеење на правото и согласно со правото да ги донесуваме сите одлуки. Ако е тоа грев, тогаш прифаќаме дека грешиме. Не знам зошто Аџиев вели дека штитиме нечии интереси. Јас кажав, ги штитам интересите на правото и спроведување на законот, а тој нека одговори на јавноста дали ги почитува основните елементи наведени во законот. Односно дека лицето кое ќе го прогласуваме за соработник на поранешните југословенски тајни служби треба да има потпишано изјава за соработка со органите, а самото лице, притоа, вели дека нема такво нешто. Или дека во тоа досие нема наведено дека лицето имало материјална корист, а Аџиев гласа дека тоа лице било соработник. Не можам да сфатам како некого можеме да прогласиме за соработник на службите, а МВР да има наведено дека не соработувал со нив. Тогаш ако е Аџиев толку убеден во спротивното, мора сега тој да му посочи на МВР дека безбедносните служби не знаеле и не биле свесни со кого соработувале или, пак, да поведе постапка против МВР дека ни крие некои информации. Во законот стои дека за прикривање информации треба кривично да одговара, а сега Аџиев нека го направи тоа и како претседател нека си ја изврши функцијата.

Каква е состојбата во Комисијата за лустрација и дали се основани оцените дека процесот на лустрација го губи својот легитимитет?

Состојбите во Комисијата малку се нарушени, особено во однос на прегласувањето по конкретни досиеја. Меѓутоа, мислам дека, сепак, успешно ќе го завршиме процесот. Има мали несогласувања околу прегласувањата, бидејќи секој се држи на своето.

Тројца членови од Комисијата, меѓу кои бевте и Вие, на првото гласање ја напуштивте седницата, зошто потоа се вративте?

Во првото гласање баравме да се одложи оваа точка на разгледување, затоа што уште немаме одговор од органите за таа личност дали кај нив имаат досиеја, дали соработувал или не. Со оглед на тоа дека немаме одговори, баравме да биде одложена седницата додека не ги добиеме тие одговори врз чија основа ги донесуваме одлуките. Бидејќи не прифатија да се одложи, ја напуштивме седницата. И тогаш Комисијата за лустрација немаше кворум, незаконски ја донесоа таа одлука. Претседателот се обиде на мала врата да донесат одлука, која е незаконска во процедурата, бидејќи не е во согласност со член 17 од законот. Ние го известивме за тоа, но брзајќи да му помине одлуката, го викна седмиот член од Комисијата, кој е во гипс со скршена нога, и му испрати кола да го донесат само за да има кворум и да ја донесе оваа одлука. Бидејќи тогаш веќе имаше кворум, беа веќе седуммина членови, се вративме на седницата за да се избориме да ги убедиме дека не можеме да донесеме таква одлука, која не е заснована врз факти во досието.

Како се случува да протекуваат информации и детали од досиејата?

Апсолутно се согласувам. А како протекуваат навистина не знам. Од мене сигурно не е, но сите членови ги знаат досиејата. Исто така, има и еден поширок круг што знаат за досиејата - тоа се и сите оние од органите за безбедност кои на некој начин имаат увид во нив. Не напаѓам некого, туку само кажувам кој е кругот што знае за досиејата. Тоа се сите четири безбедносни органи со кои соработуваме, тука се нивните служби, па и ние 11 членови.

На претседателот на Комисијата одамна му е изминат мандатот. Зошто тој се' уште е на чело на Комисијата?

Тука не ја гледам вината во Аџиев затоа што изборот го врши парламентот и, колку што знам, во тој период немало мнозинство, а претседателот и заменик-претседателот се избираат со двотретинско мнозинство во парламентот. Изјавите од парламентот се дека немало мнозинство, дали било така - не сакам да навлегувам. Во законот стои дека на секои шест месеци претседателот треба да ротира и Комисијата треба да даде извештај за работењето за тој мандат. Сега Благој Гешоски треба да биде претседател на Комисијата за лустрација.


#
Статијата е прочитана 2478 пати.

Испрати коментар

Од: goko
Датум: 09.08.2011 01:20:16
Da bides clen na komisija za kodosi znaci da bides pogolem kodos od niv . Toa zavisi samo od koja tocka gi gledas rabotite. Tie kodosele za nekogo vo nekoe drugo vreme, a ovie kodosi od komisijava gi kodosat niv vo ova vreme i rabotat isto taka za nekoi sluzbi. Rabotata odnosno shtosot e vo toa sto segasnive kodoshi od komisijava SEGA gi imaat svoite 5 minuti i tie se slusaat. No eden den i tie ke bidat lustrirani-sekako.
Од: Ljubotan-Trade Name
Датум: 09.08.2011 01:24:45
Me Interesira? Dali Dosijata mozat ,da bidat Krivo Tvorni i Tendiciozni ,naracani za Dnevno Politicki Potrebi!? Ako Ova e Mozno; Togas Site Dosija se Invalidni! Dosijata, mozat da postanat Validni,samo ako se Potvrdat pred Vrvniot Sud Na Drzavata so site; Icrpni, pravni, redni postapki i Instrumenti! Ovaa Lustracija me podsetuva ; kako Americkata Institucia na Makarti,-Kaznena Polit Birovska Cistka!
Од: !?
Датум: 09.08.2011 07:37:30
Znaci onaj poltron Adjievski presedalestvuva nezakonski i e so pominat mandat?! Kumanovci vikaaat: J.... tajkvu rabotu!
Од: Трпе
Датум: 09.08.2011 08:10:57
А кој ке го лустрира овој Аџиевски,кога е јасно како сончев ден дека извршува наредби за исполнување на нечии желби.Нормално дека и тој е кодош кога е продолжена рака на некого а не ги применува постоечките закони.И јас како чувар на лозје сум кодош кога пријавувам на работодавецот,кој недозволено се влегуваше во лозјетоОвие кои влегуват се оправдуват дека тоа го прават поради малите плати..А мора да пријавам за тоа сум платен.
Од: В. Кратовалиев
Датум: 09.08.2011 08:29:32
Со изјавата дека "...некого можеме да прогласиме за соработник на службите... ", Дамјановски сака да си земе поголемо право, одошто законот му дозволува. Имено, комисијата само му ја оспорува изјавата на нејзиниот подносител, дека не бил соработник на тајните служби, додека пак судот во две инстанци го докажува или оспорува кодошлукот. Потоа тврди дека "ги штитам интересите на правото и спроведување на законот", а очигледно не го разбрал законот, или пак така му чини. Па по вакви недоквакани или своеволни толкувања на законските акти, нормално е во јавноста да се продуцираат сомнежи за работата на Комисијата за верификација на фактите.
Од: mihajlo
Датум: 09.08.2011 08:59:01
Kodos e lice koe za materijalen ili drug vid na korist cinkari nekogo po nalog na drzavna sluzba.Dali imalo kodosi porano.Da.Koi bile nivnite motivi?. Vo najgolem slucaj za napreduvanje vo sluzbata i pravenje na kariera apomalku za nekoja materijalna korist.Dali denes ima kodosi.Da,mnogu povece od porano.Sto dobivaat denes kodosite.Pari,pari i samo pari.Dali denesnive kodosi ce bidat nekogas lustrirani.Ne veruvam,bidejci do togas ce ni otide jabana drzavata.
Од: Нелустриран, а треба
Датум: 09.08.2011 10:17:46
Тој Аџиев исто како и резилот во Судството - Михајловски, свесни се дека скоро им завршува животниот век па чистејќи му ги опинците на Грујовски, само имаат намера да обезбедат „зимница“ за нивните фну и пра-фнуци (мислам дека „резилот“ нема фну ама сепак има некои блиски свои) затоа се така „принципиелни“ а се знае нивниот „ков“ од претходниот поредок.
Од: nekoj
Датум: 09.08.2011 10:38:31
Kodosi, rekla-kazala, bla bla.... Aman be razbudete se! 21 vek e ovie vo Makedonija uste se raspravaat so kodosi, predavnici i patrioti...Ocigledno e deka zivdeete vo nekoe drugo vreme i kako i sekogas docnite mnogu vo odnos na Evropa koga ova vi se glavni temi od zivotot...
Од: todor
Датум: 09.08.2011 23:00:24
stitis stitis ama ne znaes.

Најди! во Утрински
Насловна
И по десет години, Карпалак без споменик
Попуштија столбовите, „Космос“ се искриви
Скопје е поголема пречка за името од Атина
Чиј е киксот?
Симон Трпчески и а��терската легенда Џереми Ајронс на иста сцена
Ивановски го реши скопското дерби
Не ги кријам годините
И годинава кришум на одмор
Почина демонстрантот што беше застрелан во Лондон
„Кога лисјата паѓаат“ продолжува на Алсат М
Глад и надеж во Рогот на Африка
Референтка во ПИОМ за 800 евра ветувала пензија
Скопски шлаканици за Битола
Уапсен Македонец за трговија со дрога во Бугарија
Светот во паника, ние мирно ја следиме драмата
Насилниците ќе го почувствуваат законот
Рамковниот не ги отвори вратите за сите
Отказ за синдикалниот лидер на новинарите, Тамара Чаусидис
Стил
„Балкански музички плоштад“ во Охрид
Забрзан пад на светските берзи
Вратена отстранетата спомен плоча кај Карпалак
Онлајн вести

"""