Манчестер Ј. без милост кон Блекбурн, пет гола на Бербатов
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се вратија на врвот на табелата во англиското првенство по победата во 15 коло на својот стадион над Блекбурн со неверојатни 7:1. Дури пет од седумте гола за „црвените ѓаволи“ беа дело на бугарскиот интернационалец, Димитар Бербатов (2, 27, 47, 62 и 70 минута), по еден постигнаа Јужнокореецот Парк (23 минута) и Португалецот Нани (48). Почесниот за гостите го реализира Самба на седум минути до крајот на средбата. Во саботата Бугаринот им се придружи на Алан Ширер, Енди Кол и Џермејн Дефо, фудбалери кои исто така можат да се пофалат со пет погодоци во еден премиерлигашки натпревар.
Премиерлига, 15. коло
Резултати: Астон Вила - Арсенал 2:4, Болтон - Блекпул 2:2, Евертон - ВБА 1:4, Фулам - Бирмингам 1:1, Манчестер Јунајтед - Блекбурн 7:1, Стоук - Манчестер Сити 1:1, Вест Хем - Виган 3:1, Вулверхемптон - Сандерленд 3:2. Вчера играа: Њукасл - Челзи, Тотенхем - Ливерпул.
Табела: Манчестер Јунајтед 31, Арсенал 29, Челзи 28 (-1), Манчестер Сити 26, Болтон 23, Тотенхем 22 (-1), Сандерленд 20, Стоук 20, Ливерпул 19 (-1), Блекпул 19, ВБА 19, Њукасл 18 (-1), Блекбурн 18, Бирмингам 17, Астон Вила 17, Евертон 16, Фулам 15, Виган 14, Вулверхемптон 12, Вест Хем 12. |