Вардар про се прошета во Луксембург
Со уште една висока победа од 29:19 во возвратниот натпревар во Луксембург, ракометарите на Вардар про ја потврдија својата супериорност над Берхем и чесно се пласираа во осминафиналето на Купот на куп-победниците. На полувреме од мечот во Краутхем беше 14:9 за гостите од Македонија, на чијашто клупа на овој двомеч со недораснатиот противник дебитира црногорскиот тренер Перо Милошевиќ.
Во првиот натпревар во Скопје црвено-црните славеа со 42:23. (Р.Д.) |