Дирекот се испречи пред В.В. Тиквеш
Десниот дирек од противничкиот гол и' се испречи на Винарска визба Тиквеш на патот до осминафиналето во Челинџ купот. Место мрежата на расположениот Стечниевски, Везенковски од седмерецот изведен по истекот на 60. минути го погоди само долниот дел од рамката на голот, по што ракометарите на Азоти од Полска бурно ја прославија победата од 24:22 во Кавадарци. Најдобриот домашен ракометар имаше шанса да избори изведување седмерци, бидејќи во првиот натпревар во Пулави македонскиот претставник славеше со 24:23. За разлика од него, 36 сек. до крајот токму од седмерец прецизно биеше Зидрон и го постави конечниот резултат.
Полјаците водеа и со три гола разлика од 42 до 50 минута, кога на семафорот стоеше 19:16 за нив, подоцна имаа и водство од 22:20, но „винарите“ израмнија, за во последните две минути да примат два гола без одговор од своја страна. (Р.Д.)
В.В. Тиквеш - Азоти 22:24
Полувреме: 9:9. Сала: „Јасмин“ во Кавадарци. Гледачи: 2.000. Судии: Лах и Сок од Словенија. Седмерци: В.В. Тиквеш 5/7, Азоти 2/2. Исклучувања: В.В. Тиквеш 10 мин., Азоти 12 мин. Црвен картон: Милосављевиќ (3х2 мин.).
Винарска визба Тиквеш: Паунов, Колев, Лазов, Плетварски 1, Везенковски 9, Грозданов, Китев 1, Милосављевиќ 5, Попов 1, Шалевски, Павловски 3, Јанчев 2, Соколов, Митевски.
Азоти: Вишомирски, Стечниевски, Говин 2, Сјечковски, Плачковски 3, Зинчук 3, Помјанкјевич, Кус, Витковски 1, Семенов 1, Афанасјев 2, Шиба 2, Сјечка, Зидрон 10. |