Број 3444  понеделник, 29 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Спорт

„Металурзите“ пресилни за Иври

Висока победа и во реваншот во Париз со 29:21 во третото коло од Купот на ЕХФ

Миодраг Мицковиќ

Ракометарите на Металург со извонредна игра, особено во одбраната, го декласираа францускиот претставник во Купот на ЕХФ, Иври, среде Париз со 29:21, односно со гол повеќе отколку што го победија во Скопје, каде што беше 34:25. Металург во ниту еден момент не му дозволи на противникот да заигра, да го загрози голот на одличниот Ангелов, кој на овој меч имаше 20 одбрани и беше нерешлива загатка за шутерите Жилбер, Руви и Буснина.

Се очекуваше дека домашните играчи ќе тргнат во силен напад уште на самиот почеток на мечот, кога почнаа фуриозно, но за нив најголема пречка беше Ангелов. Беше јасно дека целото внимание на ракометарите на Иври ќе биде посветено на Наумче Мојсоски и на Миркуловски, кои беа централна фигура на првиот меч, но заборавија на Златко Мојсоски, кој од сите позиции им ја полнеше мрежата, постигнувајќи дури 12 гола. Интересно е дека тој во првото полувреме постигна седум гола, еден повеќе од сите играчи на Иври заедно!

Во вториот дел Металург постојано ја одржуваше дистанцата во голови, во некои моменти водеше со 11 гола разлика. Ракометарите на Иври беа немоќни да ја пробијат цврстата зона на гостите од Скопје и единствено што успеаја е тоа што во вториот дел беа многу поефикасни од првиот, но тоа ни оддалеку не беше доволно за да ја надоместат големата негатива од Скопје.

„Можам само да им честитам на моите момчиња за одличната игра“, беа зборовите на тренерот Лино Червар по натпреварот. „Одиграа така како што јас посакувам, не му дозволија на противникот да се размавне уште од самиот почеток, ги стопираа нивните најдобри играчи и потоа се' беше лесно. Ме радува што и пред француските гледачи прикажавме добра игра и покажавме дека и во Македонија се игра добар ракомет.

Металург: Ангелов (20 одбрани), Митревски, Ракчевиќ 2, Левов 1, Димовски 1, Георгиевски 1, Манасков, Миркуловски 4, Маркоски 1, З. Мојсоски 12, Н. Мојсоски 4, Стоилов, Јоноски 2, Алушовски 1.


#
Статијата е прочитана 720 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Металург од пенал до три бода против Тетекс
Успешен тест за ракометарките
Револт
Пелистер немоќен во Шпанија
Петарда за Шалке 04 на „Фриц Валтер“, гол на Новески
Вардар про се прошета во Луксембург
Олимпик (М) на врвот во Франција, Милан и Јуве ремизираа
„Ел класико“, дерби на живот и смрт
Манчестер Ј. без милост кон Блекбурн, пет гола на Бербатов
Орландо и Бостон рамо до рамо на Истокот
В.В. Тиквеш - Азоти 22
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars