Број 3444  понеделник, 29 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Спорт

Металург од пенал до три бода против Тетекс

Металурзи го совладаа освојувачот на националниот куп со 1:0 со голот на М. Крстев во 27. минута

Сашко Ѓ. Димовски

Фудбалерите на Металург ја забележаа седмата првенствена победа сезонава. На домашен терен славеа над Тетекс со 1:0 во меч од 16 коло во првата македонска фудбалска лига. Миле Крстев беше сигурен реализатор на најстрогата казна во 27 минута, момент што се покажа како решавачки за победникот, и во наредното коло против Брегалница 2008 во Штип металурзи ќе патуваат како четвртопласирани на табелата.

Присутните гледачи на единствената трибина на Железарница немаа можност да гледаат квалитетен фудбал во саботата. Актерите во мечот наидоа на исклучително лош тревник кој во добар дел беше каллив што им попречуваше да ја контролираат и додаваат топката и да го демонстрираат најдоброто што го знаат и умеат. Но, и во таква ситуација, имаше прилики за гол на обете страни, посебно во второто полувреме во кое Кралевски и Џуриќ промашија зицери за дуплирање на предноста на домашниот тим, Радониќ и соиграчите, пак, не успеаја да ја погодат целта за израмнување на тетовци кои најавија дека ќе бидат задоволни и со бод од најновото гостување во главниот град.

Кога веќе не можеа да уживаат во она за кое дојдоа на Железарница, фудбалот, тогаш гледачите, без сомнение, 90 минути уживаа во прекрасното сонце. Покрај времето со нетрпение го очекуваа и секое јавување на официјалниот спикер со надеж дека ќе извести за гол во Битола во дербито на дното меѓу Пелистер и Вардар. Чекаа и го дочекаа и не еднаш туку двапати, ситуации кои измамија насмевки на нивните лица, аплаузи и воздишки. Додека се досадуваа со фудбалската претстава што ја гледаа, дел од нив гласно се прашуваа дали најтрофејниот фудбалски колектив во нашата земја ќе го избегне најлошото и за првпат по осамостојувањето на Македонија ќе се натпреварува во второлигашка конкуренција догодина, дел, пак, се храбреа дека вардарци, сепак, ќе успеат да останат дека од македонската фудбалска елита и во наредната сезона. Играта на Железарница, најчесто, беше проследена со негативни коментари и критики.

Металург - Тетекс 1:0

Полувреме: 1:0. Стадион на Железарница. Гледачи: 500. Главен судија: Љубомир Крстевски. Помошници: Панде Атанасов и Злате Лозаноски (сите тројца од Битола). Жолти картони: Михајловиќ (Металург), Ритовски (Тетекс). Стрелец: Миле Крстев во 27 минута од пенал.

Металург: Ников, Петковски, Илиевски, Кралевски, Дамевски, Михајловиќ, Љамчевски, Илиев (Блажевски), М. Крстев (Клечкаровски), Џуриќ, Симоновски (Медиќ). Тренер: Жикица Тасевски.

Тетекс: Јовановски, Ристов, Мишкоски, Белчев, Симоски, Захариевски, Јованоски, Пеев (Д. Савески), Глигоровски, Ритовски, Радониќ (Урошевиќ). Тренер: Тони Јакимовски.

Прва фудбалска лига



Резултати од 16. коло: Пелистер - Вардар 1:2, Хоризонт Турново - Скопје 1:0, Ренова - Напредок 5:0, Силекс - Шкендија 1:1, Металург - Тетекс 1:0, Работнички - Брегалница 2008 3:1.



Табела

1. Ренова 16 9 4 3 22:8 31

2. Шкендија 16 8 5 3 26:9 29

3. Работнички 16 7 5 4 20:15 26

4. Металург 16 7 5 4 17:12 26

5. Хоризонт Т. 16 8 2 6 18:15 26

6. Напредок 16 7 3 6 17:19 24

7. Тетекс 16 6 5 6 15:11 23

8. Брегалница 2008 16 7 1 8 16:21 22

9. Силекс 16 5 5 6 16:20 20

10. Скопје 16 5 4 7 11:12 19

11. Вардар 16 4 1 11 12:27 10

12. Пелистер 16 2 2 12 9:30 8

Идно коло (04.12.2010, 13 часот): Работнички - Пелистер, Брегалница 2008 - Металург, Тетекс - Силекс, Шкендија - Ренова, Напредок - Хоризонт Турново, Скопје - Вардар.


#
Статијата е прочитана 523 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Успешен тест за ракометарките
Револт
Пелистер немоќен во Шпанија
Петарда за Шалке 04 на „Фриц Валтер“, гол на Новески
Вардар про се прошета во Луксембург
Олимпик (М) на врвот во Франција, Милан и Јуве ремизираа
„Металурзите“ пресилни за Иври
„Ел класико“, дерби на живот и смрт
Манчестер Ј. без милост кон Блекбурн, пет гола на Бербатов
Орландо и Бостон рамо до рамо на Истокот
В.В. Тиквеш - Азоти 22
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars