Келнер ги уништи Џејмс и Баркли
Шутерска лекција за Леброн Џејмс и Чарлс Баркли од Рикардо Рејес во телевизиското шоу на АБС каналот „Џими Кимел Лајф“.Односниот Рејес, инаку келнер по занимање, во иста недела ја тестира својата вештина со една од најголемите ѕвезди во НБА-лигата и поранешниот великан на светската кошарка гаѓајќи обрач со кошаркарски топки во видеоиграта „Поп-а-шот“ за време на емисијата. За 30 секунди Џејмс уфрли 42 и потоа со неверување гледаше како 41-годишниот Рејес погоди дури 30 повеќе од него. Повпечатлив од Џејмс беше Баркли, кој реализира 51 поен, но и тој остана во дебела сенка на извонредниот келнер-шутер, кој постигна 85.
|