Роке Санта Круз доби поштеда
Напаѓачот на Манчестер Сити, Роке Санта Круз, се здоби со повреда на десното колено и поради не тренираше со остатокот од репрезентацијата на Парагвај во Кејптаун.
Наместо нормален тренинг Санта Круз работеше на атлетска патека меѓутоа неговиот настап во премиерниот меч на Мундијалот, барем засега, не е доведен во прашање. Парагвајците првиот меч во Јужна Африка ќе го имаат на 14 јуни во Кејптаун против бранителот на титулата, Италија. Во продолжението, во рамки на групата Ф, ги очекуваат уште натпреварите со селекциите на Словачка и на Нов Зеланд.
Роке Санта Круз има 68 настапи за Парагвај во кои постигна 21 гол. Добра вест за Парагвајците е закрепнувањето на напаѓачот на Борусија Дортмунд, Лукас Бароис, кој почна нормално да тренира по повредата на коленото. |