Број 3302  среда, 09 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Во Јужна Африка најмногу играчи од Премиер-лигата

Продолжуваат проблемите за организаторите на СП 2010, ограбен чилеански навивач

На Светското фудбалско првенство во Јужна Африка се пријавени 736 играчи, од кои дури 447 не настапуваат во своите земји. Од 32 репрезентации, кои изборија учество на Мундијалот само Германија, Италија и Англија отпатуваа со домашен кадар, во селекциите на Шпанија и на Северна Кореја, пак, има само по еден „странец“.

Најмногу гастарбајтери има во селекцијата на Нигерија. Сите 23 фудбалери што се пријавени за настап на СП 2010 играат во клубови надвор од татковината. Репрезентациите на Брег на Слоновата Коска и Камерун имаат по 22 интернационалци во своите редови, по нив следуваат Словенија, Австралија, Србија, Словачка и Уругвај со по тројца пријавени фудбалери од домашните првенства.

На клупски план најмногу претставници на Светското првенство во Јужна Африка имаат Барселона и Челзи. Каталонците и „сините“ од „Стемфорд Бриџ“ ќе имаат по 13 свои членови, Ливерпул има 12, Баерн Минхен 11. Интер, Реал Мадрид, Арсенал и Панатинаикос даваат по 10 свои фудбалери, деветмина доаѓаат од Јувентус, Ајакс и Волфсбург.

Од 736 пријавени играчи најмногу доаѓаат од англиските клубови (119), во Германија настапуваат 84, во Италија 80. Лига со најмногу фудбалери на СП 2010 ќе биде Премиерлигата со 96 играчи, од Бундеслигата има 61, Серија А 57.

Во предвечерјето на Мундијалот продолжуваат проблемите за организаторите на најголемиот спортски настан оваа година. Иако Јужноафриканците упорно повторуваат дека земјата домаќин за време на СП ќе биде безбедна, сепак, реалноста покажува нешто сосема друго. Еден навивач на репрезентацијата на Чиле е опљачкан во хотелот „Пине Лејк ин“ во областа Мпумаланги, 25 километри од Несприут, еден од деветте градови во кои ќе се играат натпреварите на првенството на југот на Африка. Вооружениот разбојник влегол во хотелот, украл пари од рецепција, а потоа го опљачкал и несреќниот Чилеанец додека седел во предворјето на објектот.

„Никој не е повреден ниту, пак, разбојникот пукал со пиштолот. Полицијата се' уште трага по сторителот на ова дело“, рече портпаролот на локалната полиција.


#
Статијата е прочитана 395 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Спорт
Келнер ги уништи Џејмс и Баркли
Дрогба со гипс во тренинг-кампот на БСК
Американците убедени
Надморската височина влијае на брзината на топката
Карлос Билјардо со непристојна понуда до аргентинските играчи
Бундес-лигата попрофитабилна од Премиер-лигата
Се' понеизвесна судбината на Вардар
Бразилска петарда за Танзанија
Роке Санта Круз доби поштеда
Блатер со предупредување до организаторите на СП 2010
Ревијален натпревар в недела на Матка
Сочи најскап организатор во историjата
Герет Бери го пропушта првиот меч
Доминик Хашек на 45. години во московски Спартак
За Грега Боле првата етапа на Критериум Дофен