Бразилска петарда за Танзанија
Фудбалската репрезентација на Бразил рутински славеше над Танзанија со 5:1 во последниот пријателски меч за „кариоките“ во пресрет на Светското првенство во Јужна Африка. Натпреварот се одигра во Дар ес Салам, а головите за Бразилците ги постигнаа Робињо во 10 и 33 минута, Рамирез во 53 и 90 минута и Кака во 76 минута, единствен стрелец за домашниот состав беше Азиз во 86 минута.
„Кариоките“ без проблеми стигнаа до триумф пред стартот на Мундијалот. „Таифа Старс“, како што гласи прекарот на танзаниската селекција, во својот најголем меч во историјата, успеа да постигне само почесен погодок.
Бразилскиот селектор Дунга им укажа прилика на 17 фудбалери, а единствен кој не отпатува во Танзанија беше повредениот голман на Интер, Жулио Сезар. |