Блатер со предупредување до организаторите на СП 2010
Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, порача дека инцидентот во мечот меѓу Нигерија и Северна Кореја треба да се сфати како големо предупредување за организаторите на Светското фудбалско првенство. Неколку лица беа повредени во две навивачки стампеда пред мечот на „Макулонг“ во Јоханесбург, а при интервенцијата на органите за ред тешки повреди заработи и еден припадник на полицијата.
Генералниот секретар на ФИФА, Жером Валке, оцени дека полицијата, која ги обезбедува стадионите, во иднина мора да биде поподготвена и да реагира далеку подобро отколку во случајот пред дуелот Нигерија - Северна Кореја. |