Американците убедени: Ќе бидеме светски прваци
Голем број љубители на фудбалот во САД се убедени дека нивната селекција ќе го шокира светот и ќе го освои првото место на мундијалот во Јужна Африка.
Во истражувањето во кое учествувале 27.000 луѓе, дури 46 отсто се изјасниле дека „јенките“ ќе стигнат до титулата светски првак. Кога ќе се земат предвид и гласовите на остатокот на планетата, работите, сепак, стојат малку поинаку. Љубителите на фудбалот за најголеми фаворити ги сметаат фудбалерите на Бразил, кои добија доверба од 34 отсто на тие кои учествувале во оваа анкета.
Едно друго истражување покажа голем расчекор меѓу оние кои себе се сметаат за фудбалски заљубеници и оние кои ќе ги следат мечевите на мундијалот. Во САД 34 отсто се изјаснија како „љубители на фудбалот“, а само 18 отсто истакнаа дека мечевите ќе ги гледаат на ТВ.
На светско ниво тој сооднос е поинаков - 34 отсто од испитанците сака фудбал, а 51 отсто ќе ги следи случувањата на планетарниот шампионат. Мундијалот особено ќе биде популарен во Кина каде 19 отсто се изјаснија како љубители на фудбалот, а дури 60 отсто дека првенството ќе го гледаат на ТВ. |