Ревијален натпревар в недела на Матка
Во чест на Светскиот ден на кајакот - 13 Јуни, в недела на Матка ќе се одржи ревијален натпревар за сите категории активни кајакари - пионери, младинци, сениори и ветерани, како и за поранешни кајакари. Тоа ќе биде првата конкретна активност на Кајакарската федерација на Македонија по вчерашната презентација на стратегијата за развој на овој спорт, која вклучува подобрување на инфраструктурата на СРЦ „Матка“.
На приемот кај директорот на Агенцијата за млади и спорт, Диме Спасов, претседателот на КФМ, Лазар Поповски, вчера ја промовира и спортската манифестација „Сите на кајак“, која опфаќа бесплатна обука за сите почетници и запознавање со техниките на кајакот, која, исто така, е дел од стратегијата. |