Број 3302  среда, 09 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Бундес-лигата попрофитабилна од Премиер-лигата

Профитот на германската лига во 2008/2009 бил 205 млн. долари, наспроти 114 млн. на англиската

Бундеслигата ја престигна Премиерлигата како најпрофитабилна лига во светот во сезоната 2008/2009, и покрај рекордните приходи на англискиот фудбал. „Годишна ревија за фудбалски финансии“, која соработува со книговодствената фирма „Дилоит“, соопшти дека овој спорт покажал значителна отпорност кон економската криза, но се соочил со голем предизвик во поглед на задржувањето на водечката улога во однос на платите и на трансферите на играчите.

Додека премиерлигашките клубови остварија рекорден вкупен приход од 2,87 милијарди долари во 2008/2009, нивните оперативни профити се повеќе од преполовени од 185 милиони фунти во 2007/2008 на 79 милиони (114,6 милиони долари) една година подоцна. Оперативниот профит на Бундеслига, пак, се искачи на 172 милиони евра (205,4 милиони долари).

Растот на приходите во Премиерлига од 49 милиони фунти е повеќе од половина помал од зголемувањето од 132 милиони фунти на трошоците за плати, кои достигнаа вкупна сума од над 1,3 милијарди фунти. Бруто трошоците за трансфери на премиерлигашите исто така се зголемија од 664 милиони фунти на рекордни 713 милиони.

„Рекордниот износ за плати што зафати 67 проценти од приходите во Премиерлига во 2008/2009 е загрижувачки и очекуваме растот на платите повторно да го натфрли зголемувањето на приходите во 2009/2010“, вели Алан Свицер, директор на „Дилоит спортс бизнис груп“. „Тоа дополнително ќе ја намали оперативната профитабилност, нешто што не може да трае во недоглед. Клубовите, сепак, имаат можност преку зголемениот приход со новиот договор за телевизиските права за 2010/2011 да го спуштат нивото на платите до поприфатлив дел од приходот. Ова не е прва таква можност. Останува да се види дали ќе ја искористат“.

Извештајот вели дека новиот договор за ТВ-правата би резултирал со дополнителни седум милиони фунти по сезона за секој премиерлигашки клуб во 2010/2011 и претставува уште една можност за нив да си ја подобрат својата финансиска состојба.

Европската фудбалска унија (УЕФА) минатиот месец ги одобри правилата за „финансиски ферплеј“ наменети да ги принудат клубовите да функционираат во рамките на своите можности.

„Клучниот фактор за инфлацијата на платите повеќе се домашните отколку меѓународните натпреварувања“, велат авторите во воведот на извештајот. „Се плашиме дека историјата ќе се повтори и одново огромен дел од приходите брзо ќе се одлее во рацете на играчите и на нивните агенти. Се надеваме дека фудбалот ќе не' демантира“.

Освртот тврди дека целокупниот европски фудбалски пазар пораснал на рекордни 13,4 милијарди фунти во 2008/2009, а Премиерлигата го генерира поголемиот дел од приходот. Бундеслигата, пак, покажа раст на приходот од 137 милиони евра, вкупно 1,575 милијарди, при што за 99 милиони или 16 проценти се зголемени комерцијалните приходи.


#
Статијата е прочитана 440 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Келнер ги уништи Џејмс и Баркли
Во Јужна Африка најмногу играчи од Премиер-лигата
Дрогба со гипс во тренинг-кампот на БСК
Американците убедени
Надморската височина влијае на брзината на топката
Карлос Билјардо со непристојна понуда до аргентинските играчи
Се' понеизвесна судбината на Вардар
Бразилска петарда за Танзанија
Роке Санта Круз доби поштеда
Блатер со предупредување до организаторите на СП 2010
Ревијален натпревар в недела на Матка
Сочи најскап организатор во историjата
Герет Бери го пропушта првиот меч
Доминик Хашек на 45. години во московски Спартак
За Грега Боле првата етапа на Критериум Дофен