Број 3302  среда, 09 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Карлос Билјардо со непристојна понуда до аргентинските играчи

Советникот на Марадона подготвен за сексуално искористување од играчот што ќе постигне гол за титула

Карлос Билјардо, ментор на Диего Марадона на клупата на Аргентина, упати непристојна понуда до стрелецот на гол во финалето на Светското првенство во Јужна Африка кои би ги однел „гаучосите“ до титулата. Притоа Билјардо го понуди своето тело на човекот кој ќе им донесе светска шампионска титула на Аргентинците што би била прва за нив по 1986 година кога токму Билјардо беше селектор на националниот тим.

„Подготвен сум за сексуално искористување од играчот што ќе постигне гол за титула во финалето“, рече Билјардо.

Зачудените новинари побараа објаснување од 71 годишниот стручњак за ваквата негова понуда.

„Знам дека ќе боли и дека луѓето ќе речат дека тоа е лудост. Но, тоа не ме интересира мене ако станеме светски прваци“.

Ваквата изјава на Билјардо беше дочекана со измешани чувства од аргентинските фудбалери.

„Ако јас го постигнам голот нека бега подалеку од мене“, порача играчот на Манчестер Сити, Карлос Тевез.

За разлика од него помалку погоден беше Мартин Палермо.

„Само јас да го постигнам тој гол, после ќе биде лесно“.

Покрај првата изјава Билјардо даде уште една, нешто помалку контроверзна.

„Мислам дека фудбалерите треба да уживаат во секс за да избегнат повреди. Притоа тие треба само да лежат, а жените да бидат одозгора“, додаде Билјардо, кој патем по вокација е гинеколог.


#
Статијата е прочитана 873 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Келнер ги уништи Џејмс и Баркли
Во Јужна Африка најмногу играчи од Премиер-лигата
Дрогба со гипс во тренинг-кампот на БСК
Американците убедени
Надморската височина влијае на брзината на топката
Бундес-лигата попрофитабилна од Премиер-лигата
Се' понеизвесна судбината на Вардар
Бразилска петарда за Танзанија
Роке Санта Круз доби поштеда
Блатер со предупредување до организаторите на СП 2010
Ревијален натпревар в недела на Матка
Сочи најскап организатор во историjата
Герет Бери го пропушта првиот меч
Доминик Хашек на 45. години во московски Спартак
За Грега Боле првата етапа на Критериум Дофен