Број 3302  среда, 09 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Се' понеизвесна судбината на Вардар

Како што сега стојат работите, никој не сака да го преземе и да го води клубот

Миодраг Мицковиќ


Црните облаци повторно се надвиснати над Вардар чија судбина и натаму е неизвесна бидејќи во сегашниот момент никој не знае кој ќе го преземе нашиот најтрофеен фудбалски клуб. Сегашните спонзори, ако така можат да се наречат „Мода спорт“ на Орце Камчев и „ЈН Менаџмент спорт“ на Јовица Николовски, синот на поранешниот спонзор на Македонија, Благоја Николовски, никако да најдат заеднички јазик околу финансиските обврски за плаќање на играчите. Како што дознаваме Јовица Николовски веќе му поставил ултиматум на Орце Камчев да му ги предаде петте негови делегати во собранието на клубот и тој целосно со своите пет делегати со кои располага да го преземе раководењето на Вардар, во спротивно, тој ќе крене раце од клубот. Договорот се' уште не е постигнат, но како што стојат работите, по се' изгледа Вардар повторно ќе остане на цедило пред почетокот на новата сезона, поточно ќе остане без спонзор. Што е уште полошо, во овие нерасчистени односи во клубот, никој и не размислува да влезе во Вардар, за кого не се знае ни колку должи, ни кој во сегашниот момент практично раководи со него. За жал, ниту пак човек може да добие информации за сето тоа од некого.

И самите играчи, кои се на одмор до 22 јуни, се во голема неизвесност со секојдневно прашање на кое никој не може да им даде одговор ќе го биде или не Вардар. За овие шест месеци откако беше формирано новото раководство на изборната конференција на која не присуствувал ниту еден новинар, играчите, оние стандардните, имаат добиено се' на се' по 15.000 денари, резервните по 7.000, останатите од две до три илјади денари. Да се разбереме, не секој месец, тоа е вкупната сума што ја имаат добиено од клубот од декември минатата година па до денес.

Затоа и не зачудува што повеќето играчи сакаат да си заминат бидејќи се свесни дека овој сегашен Вардар нема иднина.

Васко Митрев и Милан Илиевски веќе се сметаат за играчи на Металург, Артим Положани потпиша за рускиот тим „Крила совјетов“, најталентираниот играч во Македонија, Дино Најдоски, синот на познатиот Илија Најдоски, веќе стана член на швајцарскиот клуб Белинцона, Ардијан Нухиу преговара со некои клубови од Албанија.

Да не заборавиме да напишеме дека договорите им завршуваат на Филип Спасевски, Никола Трипуновски и Тони Џангаровски. Клубот сакаат да го напуштат од младите фудбалери Иван Настевски, Александар Пандевски, Дарко Глишиќ и Горан Силјановски. Освен тоа Вардар должи и пет илјади евра на Силекс како обесштетување за Бошко Ступиќ, ги нема платено ниту жолтите картони од пролетната сезона на ФФМ. Иако е сето тоа според прописите, овие пари мора да се платат, Вардар сега со своето раководство го уценува ФФМ и не сака да ги плати тие пари заканувајќи се дека нема да го почне првенството.

Ете, до каде е стигнат нашиот најтрофеен клуб. Клуб практично без раководство, без иднина, без пари, со еден куп долгови за кои никој не може да каже точно колку се. Затоа и нема заинтересирани да го преземе овој најголем фудбалски бренд на Македонија, клуб кој ја градеше историјата на нашата држава. За жал, луѓето кои последните години го водеа, го доведоа до ваква положба. И што е уште полошо, ниту сакаат да му помогнат, ниту пак сакаат да си заминат. Што чекаат, зарем може некој да одговори на ова прашање.


#
Статијата е прочитана 914 пати.

Испрати коментар

Од: Patriot na VARDAR
Датум: 09.06.2010 08:21:44
Jas ke vi odgovoram sto cekat? KAMCEV ceka markica za da na pomosnoto igraliste digne hotel ili zgrada e toa ceka GOBAROT NA VARDAR KAMCEV
Од: Makedonec
Датум: 09.06.2010 14:43:24
Komiti,sto cekate,nekoj drug li da vi go spasuva Vardar,treba da se isfrli Kamcev na kloci od Vardar,dodeka toj ne si otide,sreca za Vardar nema

Најди! во Утрински
Спорт
Келнер ги уништи Џејмс и Баркли
Во Јужна Африка најмногу играчи од Премиер-лигата
Дрогба со гипс во тренинг-кампот на БСК
Американците убедени
Надморската височина влијае на брзината на топката
Карлос Билјардо со непристојна понуда до аргентинските играчи
Бундес-лигата попрофитабилна од Премиер-лигата
Бразилска петарда за Танзанија
Роке Санта Круз доби поштеда
Блатер со предупредување до организаторите на СП 2010
Ревијален натпревар в недела на Матка
Сочи најскап организатор во историjата
Герет Бери го пропушта првиот меч
Доминик Хашек на 45. години во московски Спартак
За Грега Боле првата етапа на Критериум Дофен