Број 3078  петок, 04 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Стотина сомнителни трансакции под лупа

Според процените на надлежните, станува збор за сомнителни трансакции во вредност од над 18 милиони евра

Над 100 извештаи за сомнителни трансакции се разгледани од почетокот на годинава од страна на македонската Управа за спречување перење пари и финансирање тероризам. Најголем дел од предметите се испратени на понатамошна истрага до надлежните институции и се очекува разврска од нив. Според процените на надлежните, станува збор за сомнителни трансакции во вредност од над 18 милиони евра.

Ова се дел од сознанијата изнесени на вчерашната регионална конференција на финансиско-разузнавачки служби што се одржува во Скопје, со цел подобрување на соработката меѓу земјите од регионот во борбата против перењето пари и финансирање тероризам. На конференцијата учествуваат претставници на институциите задолжени за борбата против перењето пари од 12 држави, од Европската комисија и од амбасадата на Кралството Шпанија.

„Борбата против перењето пари и меѓународната размена на податоците е еден од најважните елементи поради што Управата за спречување перење пари континуирано работи на подобрување на меѓународната соработка“, рече директорот на Управата за спречување перење пари, Ване Цветанов.

Според него, македонскиот систем за спречување перење пари целосно функционира со сите институции, а доказ за тоа е завчерашната акција за приведување црногорски државјанин, осомничен за перење на 30 милиони долари преку македонски банки. „Прв пат се случува банката сама да открие и навремено да пријави до Управата. Парите биле трансферирани во многу земји и поминале низ многу банки, кои не го препознале тоа“, вели Цветанов. Случајот бил пријавен во април.

Учесниците на конференцијата вчера укажаа дека една од најголемите тешкотии во борбата против овој вид криминал е тоа што тој оперира преку националните граници, поради што станува интернационален проблем. Затоа е многу важно земјите повеќе да соработуваат меѓу себе.

Претставникот на делегацијата на Европската комисија во Македонија, Лукас Мелка, рече дека борбата против перењето пари и финансирањето тероризам е врвен политички приоритет на ЕУ.

„Борбата не се води само во финансискиот сектор, туку и во другите области, како што се, правото, нотаријатот, агенциите за продажба на недвижен имот, казината и слично. Успехот во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам бара повеќе од имплементирање на законите, бидејќи организациите за перење пари и финансирање тероризам имаат добро организирана мрежа, беспрекорни правници и луѓе што знаат како да се справат со финансиските трансакции“, рече Мелка. (Х.Р.)


#
Статијата е прочитана 1008 пати.

Испрати коментар

Од: Realen
Датум: 04.09.2009 00:30:15
Zarem e mozno da Vane Cvetanov go tempiral apsenjeto na crnogorecot da se poklopi so pocetokot na konferencijava..?! Ako da, sramota, golemo diletanstvo i hazarderstvo od strana na Cvetanov!
Од: Borce
Датум: 04.09.2009 08:33:34
Vane da stavi pod lupa i nekoj transakcii vo vrska so nabavkite na MVR(do dusa ne mu treba lupa, se gleda i od avion)
Од: jovan
Датум: 04.09.2009 09:42:31
Ubava rabota i za pozdravuvanje se vakvite aktivnosti na drzavnite institucii. No, ajde da pocne toa da se raboti i prema nasite poznati ili pomalku poznati "milijarderi". Da se sledi i da se vidi od kade im tie pari za takvi luksuzi, kade se imaat smetki, kako gi prefrluvaat i t.n. Mnogu ne me zagrizuva sto Crnogorecot gi plackal amerikancite ili neznam koi, no me zagrizuva i krivo mi e koj ne pljacka nas ovde vo Mk. koi macime maka so niskite primanja. Do koga site lopovi od Mk ke ni begaat po Srbija, Bugarija i neznam kade i se nedostapni. Pa imat tie luge bogatstva i vo Mk, konfiskacija, revizija na rodnini i prijateli vo poslednite 10 godini i ke se vidi sto ima i od kade. I nepismenite znajat deka od plata ne se gradat komplekci, ne se kupuvat luksuzi i ne se ide po tripati na godisen odmor vo stranstvo... Pozdrav
Од: petrit zürich
Датум: 04.09.2009 10:20:04
hmmm ludjeto po EU perat so Miljardi a vie gi zatvarate ludjeto bezveze GLUPA BANKA zato Swajcaria e naj jaka Drzava vo EU zatoa sto zivee od BANKITEEEEE a vie vo MKD se praite pametni bankari Glupco Cvetanov
Од: kaktus
Датум: 04.09.2009 14:13:58
Море сега Обама ќе го пофали Ванета, а можи и да го одликува. Камо така да работи и со домашните перачи. За нив досега абер си нема.
Од: drug Vane
Датум: 04.09.2009 16:57:55
Znaci Vane poveke se zasekiral za toa sto Crnogorecov gi opljackal Amerikancite, a toa sto nas sekoj den nekoj fic-firic biznismeni ne pljackaat pred nosot na MVR, toa na Vane izgleda ne mu e gajle. Najverovatno dobil instrukcii na takvite da im obezbedi cist pat, a ne nekoj Crnogorci tuka da se mesaat kaj nas. A be Vane, a be Makedonijo ,do koga ke izigravate cirkuzanti.

Најди! во Утрински
Хроника
Преписки на претседателот Иванов и мајката на Спаска Митрова
Мотоциклист загина кај Арачиново
Директор пукал на маж на отпуштена наставничка
Оштетена главната купола од манастирот
Сакал да го убие поради паричен долг