Број 3078  петок, 04 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Преписки на претседателот Иванов и мајката на Спаска Митрова

Претседателот Ѓорге Иванов го упатува семејството на осудената да бара помилување во регуларна постапка

Претседателот Ѓорге Иванов и' испратил писмо на мајката на Спаска Митрова во кое и' објаснува дека не може да го исполни нејзиното барање да биде помилувана гевгеличанката со бугарски пасош, без случајот да ги помине филтрите на сите надлежни институции. Претседателот, како што дознаваме, во писмото ги упатува најблиските на Митрова да бараат помилување во редовна постапка, преку судот и затворот „Идризово“, каде што таа ја издржува тримесечната казна. Митрова, која смета дека е жртва на притисоци поради нејзиниот бугарски пасош и ангажманот во здружението „Ратко“, издржува казна затвор поради забраната на нејзиниот поранешен сопруг да има секаков контакт со нивното дете.

По ваквата преписка на претседателот со семејството на Митрова, извесно е дека мајката на две и полгодишната Сузана во скоро време нема да го напушти најголемиот затвор во земјава. Нејзиното барање за помилување се' уште не е разгледано од страна на надлежните институции, а не се знае ниту кога ќе пристигне до Кабинетот на претседателот, кој треба да го даде конечниот збор.

Писмото на претседателот Иванов е одговор на барањето кое по писмен пат претходно го доставила до него мајката на Спаска Митрова. Таа барала нејзината ќерка да биде амнестирана од претседателот според член 11 од Законот за помилување. Според овој член, претседателот по исклучок можеше да дава помилување и без спроведување на постапката пропишана со закон, кога е тоа од интерес на државата или кога има посебни околности во однос на личноста и кривичното дело, кои укажуваат дека тоа е оправдано.

Но, ваквото барање претседателот Иванов, како што велат од неговиот Кабинет, не е во можност да го реализира, за што писмено било известено семејството.

„По добиеното барање на мајката на Спаска Митрова, претседателот испрати писмен одговор до неа во кој и' образложува зошто не може да го исполни барањето и ја упатува по регуларен пат да поднесе барање за помилување на ќерка си“, вели Цветин Чилиманов од Кабинетот на претседателот.

Тој додава дека повеќе нема законска основа за помилување според член 11, па за барањето на Митрова ќе се одлучува откако претходно ќе биде разгледано од судот, затворот и од Министерството за правда.

Мајката на Митрова веќе има поднесено барање за помилување до Судот во Гевгелија, со цел нејзината ќерка да биде ослободена од издржување затворската казна. Ваквото барање, согласно со процедурите, треба да биде препратено до Министерството за правда, а оттаму до Комисијата за помилување во претседателскиот Кабинет. „Барањето се' уште не пристигнало до претседателот. Кога ќе го добиеме, ќе биде разгледано“, објаснува Чилиманов.

Случајот со Спаска Митрова наиде на голем одглас во јавноста откако се засили дипломатскиот притисок од страна на соседна Бугарија за ослободување на „бугарската државјанка“, која од неодамна се споменува и како еден од основачите на здружението „Ратко“.

Разврската на целиот случај младата мајка го очекува во притворското одделение во затворот „Идризово“, каде што присилно е спроведена на 29 јули на издржување затворска казна поради оневозможување остварување родителско право. (Д.Т.)

 


#
Статијата е прочитана 2195 пати.

Испрати коментар

Од: Боби
Датум: 04.09.2009 08:31:55
Законите како во сите држави така и бо нашата Македонија мора да се почитуваат од сите, без разлика дали се работи само за државјани на оваа држава, дали се со двојно државјанство или странци. На оние од странство и оние со ндвојно државјанство сигурно не му е дозволено да ги кршат законите. Дали истото можат да го прават во Бугарија или друга држава?
Од: Mina
Датум: 04.09.2009 08:36:55
Stramota e i greota da se postapuva na ovoj nacin so edna MAJKA koja sto ne e nitu narkoman,nitu alhoholicar,nitu prostitutka.Ova e sram za nasata Makedonija odnosno za centarot za socijalni raboti,ministerot za socijalni raboti pa i na vladata.Slucaj koi sto trebase da se resi pomos na socijalnite rabotnici zavrsi so zatvor.Sto misli tatkoto na devojceto?Deka nego go saka poveke od majkata,ili ako sega i kupuva podaroci i se slika po vesnicite i glumi nevin deka devojceto ke mu prosti sto majkai bila vo zatvor koga ke porasne i ke svati nekoj raboti.Ako nekoj ima dvojno drzavjanstvo odgovara za pogresni postapki spored zakonot vo koja drzava e deloto napraveno taka da majkata e mk.drzavjanin i zivee tuka i podlezi na nasi zakoni ama dali e humano da se lezi zatvor za neprofesionalnosta na soc.rabotnici?
Од: Vangel
Датум: 04.09.2009 08:47:15
"...Издржува казна затвор поради забраната на нејзиниот поранешен сопруг да има секаков контакт со нивното дете"... А да имаме некоа друга жена казнета вака? Не мислам.
Од: marija
Датум: 04.09.2009 09:19:26
sram i grv da mu e sto i go pravat ova na majkata.Njmnogu na toj tatkoto na devojceto sto go pravi ova sto se zamisluva samiot.Se razbira deka sekoe dete e kon majkata majkata e na prvo mesto se macela da go donese da go izgleda nikoj nemoze majkata da ja zameni ama nekoi luge se glupavi ili glupavi se pravat boli vistinata.Drzavata i centarot za socijalni raboti treba da se zastrami.Nikogas nema da stignete na ovoj nacin do evropa i svetot.Sram mi e da kazam deka sum makedonka ovde nadvor od Makedonija poradi vakvi gluposti sto se slucuvaat vo Makedonija.
Од: Makedonka
Датум: 04.09.2009 09:44:55
Uste heroj ke ja napravite taa izvesna Spaska. Spaske: rascisti si ja sama rabotata i ne tuku kazuvaj Bugarija i ne znam koj. Odi vo Bugarija i ostaj ja Makedonija, ne tuku glumi zrtva. Makedonijo: Spaska se otkazala od tebe od mnogu poodamna za Bugarija. Cuvaj gi onie koi od tebe ne se otkazale!!!
Од: jas
Датум: 04.09.2009 09:45:54
можеби понекогаш и татковците имаат право да го гледаат своето дете ??? Без разлика дали имала или немала бугарски пасош, постои правото и судовите кои мора да се почитуваат. Тоа што се замешал РАТКО може да биде само уште еден изговор за притисок врз Македонија а ако не сака да живее во оваа земја нека оди во бугарија. Таму ќе ја пречекаат со „отворени “ раце и нека го врати македонскиот пасош па да кажи колку луѓе од нејзиното семејство запишала како бугари, а не да се удираат по гради и да бараат правда. Каде е правдата за тие луѓе од нејзините најблиски што не сакаат да бидат бугари ?
Од: Solza
Датум: 04.09.2009 10:13:00
Nesum zapoznata mnogu so slucajov.. na Ms.. Mitova kako majka i posakuvam sto poskoro izleguvanje od zatvor .....!!!
Од: mkd
Датум: 04.09.2009 10:40:34
Ovoj slucaj ima dve strani na medalata. Ako realno e DIREKTNO dadena kazna zatvor napravena e greska i nekoj za toa treba da odgovara.Ako e dadena uslovna pa e predupredena i se oglusuvala togas mozam da ja razberam kaznata iako mozebi trebalo i da se vlozi pogolem napor za da ne dojde do nea. Vtorata strana e mesanjeto na Bugarija i iskoristuvanje na bugarski pasos koj se znae kako se dobiva.Da e barem rodena Bugark pa da razberes vaka se drugi interesi i ja osuduvam sto se koristi so vakvi niski metodi iako taa e samo pion vo celata rabota
Од: cile
Датум: 04.09.2009 10:46:17
seto ova nepotrebno se iskonpletira nema vrska so b ugsko drzavjanstvo zakonot e deciden va vakon slucaj se gonete krivicno dali ste majka ili tatko i e predvidena zatvorska kazna nema vrska bugarski pasos i jas imam bugski pasos i sum clen na radko pa javno go iskazuvam toa pred usite na ludke vo kafici i dosega nikoj nit me napadnal ni me zatvoril nit me navredil,pretsedatelot ne treba ni da odgovori na pismata na majkata.
Од: никола
Датум: 04.09.2009 10:55:36
се сложувам со коментарот на Мина. Дека тоа судската одлука мора да се почитува е така. Нема бугарим, нема србин - секој македонец си ја носи својата одговорност. Во која нормална држава судот ќе прати мајката во затвор, а малото дете ќе го даде на татко му !? Природата го е одлучила мајката да биде со детето, ама мак. суд ќе го мења тоа. И што си мисли човеков ќе стане после неколку години, кога ќерка му ќе е доволно голема и ке дознае дека тој ја е пратил мајка и во затвор! дали ќе го сака ...
Од: Ајван Доктор®
Датум: 04.09.2009 12:07:31
Интересно е неговото (и само нивно) височество Хорхе Миноре, да прошета низ архивите на судовите во Македонија. Ме интересира дали ќе најд�� ваква или слична пресуда и за оние „невини“ Хохштаплери, Убијци и слични Сподоби што најСлободно шетаат низ државава и во странство! Повторно ќе напоменам: Камо среќа Македонија да ги Спроведува Вака Своите Закони и Кога се работи за Криминалци - до сега, ќе станевме Држава! Продолжува Нееднаквоста на Граѓаните пред Институциите на Правдата!
Од: Jon
Датум: 04.09.2009 12:29:51
Драги македонци. Ова е брука што ни ја приредува македонското судство.Дали има барем уште една ваква пресуда.Ако нема Македонија ќе биде осудена од Европскиот суд за човекови права за дискриминација по член 14 од ЕКЧП. Во Словенија при осамостојувањето,на сите жители по потекло од другите републики им беше дадена можност да добијат државјанства.Не сакаа.Државата ги избриша.Уставниот суд на Словенија донесе одлука дека Словенија не смеела да ги избрише.Не чекаше предметот да оди во Стразбур.Избришаните ќе добијат огромни оштети,иако не се ни словенечки државјани.
Од: Синаитски
Датум: 04.09.2009 12:53:36
Никола: "Судската одлука мора да се почитува. Нема бугарим, нема србин - секој македонец си ја носи својата одговорност." Потполно се согласувам, али една коментаторка со истиот став неодамна рече: "Jас знам многу такви маjки што не го почитуваат правото на таткото". Сакам да прашам: КОЛКУ од нив се во затвор? Истото прашање го поставува и Бугариjа, ама до ден денес од Македониjа одговор нема. Тоа е ГОЛЕМОТО прашање.
Од: stevo
Датум: 04.09.2009 13:36:43
Makedonja u EU - nikad,so vakva politika za maiki! Kakvi lude ste bre! .Pfu...
Од: никола
Датум: 04.09.2009 14:44:32
до Синаитски: се согласувам, тоа ми беше и мислата. Не е можно за 20 години да е немало барем една жена, којашто не му е дозволувала на таткото да се гледа со децата. Во случајов со Митрова очигледно судиите се биле водени от други мотиви. Вакви мотиви (без разлика какви се) би биле срам за секој демократски суд ...

Најди! во Утрински
Хроника
Стотина сомнителни трансакции под лупа
Мотоциклист загина кај Арачиново
Директор пукал на маж на отпуштена наставничка
Оштетена главната купола од манастирот
Сакал да го убие поради паричен долг