Број 2856  сабота, 06 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

СТИЛ

Патките на Вардар - природна атракција во Скопје

Дивите патки , кога стега студот во Европа, се селат во потоплите краишта на југ

Снежана Калабакова

Стотина диви патки осум години опстојуваат покрај кејот на Вардар во Скопје. Овие птици некако се одомаќинија во еден мошне урбан дел на реката и поголеми јата се забележуваат близу Македонската академија на науките и уметностите и близу Камениот мост. Тие му даваат посебна убавина и живост на тој дел на брегот и за љубителите на природата претставуваат вистински украс. Рибарите-рекреативци, кои повеќе медитираат отколку што ловат на Вардар, велат дека птиците ги привлекла алга што има црвен цвет и таа претставува вкусен залак за дивите патки. Птиците често го привлекуваат вниманието на минувачите. Но, можат ли да ги намамат близу и случајните минувачи и туристи во градов, кои можеби барем ќе се фотографираат покрај Вардар? Некои ќе се согласат и ќе речат „зошто да не“. Ако на плоштадите на европските метрополи вниманието на туристите го предизвикуваат гулабите, како што тоа е случај на плоштадот „Свети Марко“ во Венеција, зошто во срцето на Скопје да не го прават тоа дивите патки. Но, тие сами по себе се недоволни доколку кејот на Вардар не понуди и други и нови содржини и доколку кон него не се сврти актуелното живеење на градот. Не е доволно само со една акција и една донација да се исчистат корито и кејот на Вардар од бујната вегетација, да се направат пешачки и велосипедски патеки и да се постави урбана опрема. Сето тоа треба и да се одржува и да се доуредува со нови содржини и, пред се', со туристички атракции. Регулацијата на Вардар е еден од најскапите проекти што досега биле реализирани и милиони кубни метри камен е вграден од левата и од десната страна на брегот на реката. Со генерации се менувале урбанисти и политички гарнитури, кои никако не успеваат да дадат нова визија за лоцирање на јавниот живот на Вардар. Сега во изградба се Музејот на ВМРО и старо-новиот театар. Исклучок се и мал број манифестации што се одржуваат покрај Вардар. Зошто и Скопје да го нема она што го има Струга со Црн Дрим?

Секогаш не држат оправдувањата дека нема пари, зашто, пред се', пресудни се идеите за да се дојде и до нив. А тоа значи дека може да се постигне со издржани проекти потпомогнати од претпристапните европски фондови, со вклучување на бизнис-елитата и локалната самоуправа. Може да се направи многу повеќе доколку и Скопје добие пречистителна станица на Вардар.

Дивите патки покрај Вардар се само индикатори дека водата во реката е почиста. Но, тоа е така затоа што ги нема главните загадувачи, кои главно не работат, а не поради тоа што сме повнимателни. Факт е дека има и дотур на свежа и чиста вода од „Козјак“. Сепак, загрижуваат и оние точкести загадувања од малите претпријатија што ги испуштаат отпадните води во реката.

„Не треба да дозволиме во минор-коритото на Вардар да има островца, околу кои има дива вегетација, за чие чистење се потребни пари, што ги немаме. Потребно е да се направат мали брани и езерца кои ќе бидат совршени живеалишта за дивите патки. Езерцата ќе нудат можности и за реализација на многу други идеи, кои повторно треба да се поткрепат со издржани проекти со кои треба да настапиме пред фондовите на ЕУ. Многу одамна постоеше еден проект, за кој се сеќавам дека остана нереализиран, за садење дрвја и аранжирање цвеќиња во Вардар. Но, секако, може да се послужиме и со искуствата на другите европски градови покрај реки“, вели Јосиф Милевски, раководител на Хидролошкото одделение во Управата за хидрометеоролошки работи на Скопје.

Познавачите на состојбите тврдат дека е илузорно да се направи брана на Вардар кај Ѓорче Петров само низводно и да се добие чиста вода доколку водите на реката не се искористат во градското подрачје.

Методија Велевски, член на Македонското еколошко друштво, вели дека појавата на дивите патки покрај Вардар не е поврзано со локалните услови. Половина век откако се прават набљудувањата на овие птици и се знае дека нивното присуство не е поврзано со климата на одредено место. Дивите патки сега, кога стега студот во Европа, се селат во потоплите краишта на југ. Тие, главно, се хранат со полжави, црвчиња и ракчиња. Им одговара и подобрениот квалитет на водата на реката поради чистата вода од Козјак. Всушност, имаат храна и мир и бараат заштита. Откако се исчистија дивата вегетација и врбите, тие немаат услови за гнездење во урбаниот дел на Вардар, па бегаат надвор од него, или тоа им се случува само инцидентно. Сите животни активности покрај реката се поврзани само со спорт и рекреација. Токму затоа, смета Велевски, постоењето градска плажа на Вардар ќе биде мошне корисно во однос на биодиверзитетот. „Со малку напор што го направивме во делот на Вардар во Демир Капија, еве, сега имаме пет двојки белоглави орли“, објаснува Велевски.

Во Македонија мора да се подигне културното ниво на сите чинители кога се во прашање реките и, воопшто, чистата, убава и привлечна животна средина, зашто сега Вардар е само автопат на пластични шишиња.


Статијата е прочитана 334 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Внимателен со мажите
Восхитена од религијата по „Кодот на Да Винчи“
„Леб и сол“ е алка во синџирот на македонската егзотика
Контроверзен дијамантски прстен за новата прва дама на САД
Алкохолно олабавување на заводникот
Сјајот и бедата на митскиот град
Од белите патеки на фудбалски терен
Претставници на „Најдобар светски модел 2008“
ВИП
Мечката што краде мед меѓу најбизарните во светот