Број 2856  сабота, 06 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

ЏОРЏ КЛУНИ

Алкохолно олабавување на заводникот

Холивудскиот актер Џорџ Клуни најверојатно помислил дека во Лондон нема никој да го препознае, па сакал да си даде малку повеќе простор, дозволувајќи си да испие повеќе од дозволеното. На крајот, пред да си замине, едвај успеал да се додржи на нозе.

Клуни, кој од неодамна носи мустаќи заради потребите на снимањето на филмот „Човекот кој гледа во козите“, одлучил да замине на една недела во Лондон, дозволувајќи си да се релаксира малку повеќе, што е реткост за него во матичниот Холивуд.

Во средата навечер друштво во лондонскиот паб му правеле Мет Дејмон и неговата сопруга.

Најпрво се сретнале во еден ексклузивен ресторан каде што, покрај во храна, уживале и во вотка, шампањ и пиво, а потоа продолжиле во ноќниот клуб „Виски мист“, каде што постојано нарачувале виски.

Друштвото го напуштило клубот околу 3 часот по полноќ, а Клуни едвај успеал да излезе и притоа бил дури и насилен кога еден фоторепортер сакал да го фотографира. За среќа, не се случило ништо посериозно, но Клуни се запишал во редот на бројните холивудски актери кои не внимаваат кога се дружат со чашата.


Статијата е прочитана 407 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Внимателен со мажите
Восхитена од религијата по „Кодот на Да Винчи“
„Леб и сол“ е алка во синџирот на македонската егзотика
Контроверзен дијамантски прстен за новата прва дама на САД
Сјајот и бедата на митскиот град
Од белите патеки на фудбалски терен
Претставници на „Најдобар светски модел 2008“
ВИП
Патките на Вардар - природна атракција во Скопје
Мечката што краде мед меѓу најбизарните во светот