Број 2856  сабота, 06 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

СТИЛ

Контроверзен дијамантски прстен за новата прва дама на САД

Веста дека Барак Обама нарачал уникатен прстен од 30.000 долари за сопругата Мишел не е примена со одобрување во дел од американската јавност. Информацијата за купување на прстенот, кој италијанскиот дизајнер Џовани Боско ќе го изработи од посебен вид платина - родиум, со дијамантски украси, ја објави лондонскиот „Дејли мејл“ во понеделникот, 1 декември, истиот ден кога САД официјално потврдија дека од крајот на минатата година се во рецесија.

„Њујорк пост“ пишува дека новиот претседател со овој подарок сака да и' се заблагодари на сопругата Мишел за големата поддршка во текот на двете години предизборна кампања. Наводно, Обама им кажал во доверба на пријателите дека на 20 јануари, на претседателската инаугурација во Вашингтон, сака да го види прстенот на раката на Мишел.

На Интернет-порталите се појавија многу реакции на граѓани кои го доживуваат Обама како скромен човек без богатство, со какво што располагаат Бушови, па веруваа дека популистичкиот претседател не е склон кон снобовски дарови и ги провоцираат граѓаните со расфрлање пари во кризни времиња. Веднаш реагираа и портпаролите на Обама, остро демантирајќи ја нарачката на прстенот.

„Приказната не е точна“, порачале кратко. Дизајнерот Џовани Боско најпрвин потврдил дека луѓе на Обама контактирале со неговите агенти во САД и нарачале прстен за Мишел, а ден подоцна неговиот портпарол Енрико Гамба изјавил дека се' се искомплицирало поради написите, па неговиот шеф веќе не сака ништо да коментира за медиумите за нарачката на Обама.

Забележани се коментари во кои Обама го прозиваат зашто накитот не го купил во продавниците во Чикаго, наместо да нарачува прстен од Италија, и тоа од дијаманти и од скапиот метал родиум. Во Јужна Африка годишно се ископуваат 25 тони од тој метал. Во коментарите пишува дека Обама е уште еден елитист во Белата куќа, кој лажно се прикажал како човек со животни навики блиски на т.н. мали луѓе и сиромашните.

 


Статијата е прочитана 960 пати.

Испрати коментар

Од: ginger
Датум: 06.12.2008 20:40:35
vistina?ne mi se veruva.a jas mislev deka e tolku skromen..boze..koj skromen chovek se kandidira za pretsedatel??(ova e patem ironichna zabeleshka)

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Внимателен со мажите
Восхитена од религијата по „Кодот на Да Винчи“
„Леб и сол“ е алка во синџирот на македонската егзотика
Алкохолно олабавување на заводникот
Сјајот и бедата на митскиот град
Од белите патеки на фудбалски терен
Претставници на „Најдобар светски модел 2008“
ВИП
Патките на Вардар - природна атракција во Скопје
Мечката што краде мед меѓу најбизарните во светот