СТИЛ
Мечката што краде мед меѓу најбизарните во светот
Македонската мечка осудена за крадење мед се најде на листата најбизарни судски случаи во светот оваа година
Зоран Киселоски поднесе тужба против кафеавата мечка од Битолско што редовно му го крадела медот. Тој се обидел да ја спречи дури и употребувајќи гласна турбофолк-музика, но мечката била упорен крадец. Најбизарно во целиот случај е што судот пресуди во корист на Киселоски и и' наложи на државата да му плати отштета.
Случајот „Мечка осудена за крадење мед“ е на трето место меѓу најнеобичните судски случаи во светот на листата составена од лондонскиот весник „Тајмс“.
Пред македонската мечка е случајот со едно девојче од Нов Зеланд, кое им беше одземено на родителите, бидејќи судот утврдил дека го малтретирале. На второ место е отфрлената одбрана на една танчарка во Лондон, која го оставила возилото со вклучен мотор во зона за забрането паркирање и отишла на настап. Таа пред судот рекла дека во автомобилот имала змии, кои требало да настапуваат, а во возило со изгаснат мотор ќе им студело и ќе заспиеле. (Макфакс)
|