Број 2856  сабота, 06 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

БОЈ ЏОРЏ

Внимателен со мажите

Адвокатот на славниот пејач и диџеј Бој Џорџ на неодамнешното судење изјавил дека неговиот клиент го врзал со лисици момчето најмено од агенцијата за придружба, но само за да се заштити од евентуална кражба, а не заради сексуално измачување.

Поранешниот фронтмен на култниот бенд „Калчр клаб“, чие вистинско име е Џорџ Ди Даун, се нашол пред лицето на правдата поради инцидентот што се случил во неговиот стан во Лондон минатата година.

Имено, Бој Џорџ го врзал со лисици 29-годишниот Ајдан Карлсен, кој инаку работел како придружба во една сервис-агенција и за кого се посомневал дека сака да му го украде компјутерот во кој чувал приватни информации.

„Со должна почит, но за Бој Џорџ никако не може да се каже дека е во форма. Од 1980 година има ставено повеќе килограми и едноставно не може ниту да се спореди со Ајдан Карлсен, со што може да се заклучи дека во никој случај не станувало збор за сексуално малтретирање, туку обид да се заштити приватноста на Џорџ“, појаснил адвокатот на пејачот.

Џорџ и Ајдан се запознале преку Интернет-страница што се занимава со давање услуги за придружба на мажи, при што Ајдан се согласил да му позира на Џорџ за износ од 400 фунти.


Статијата е прочитана 503 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Восхитена од религијата по „Кодот на Да Винчи“
„Леб и сол“ е алка во синџирот на македонската егзотика
Контроверзен дијамантски прстен за новата прва дама на САД
Алкохолно олабавување на заводникот
Сјајот и бедата на митскиот град
Од белите патеки на фудбалски терен
Претставници на „Најдобар светски модел 2008“
ВИП
Патките на Вардар - природна атракција во Скопје
Мечката што краде мед меѓу најбизарните во светот